^
Windows 10 нуди 0% приватност, дури и кога воопшто не ги користиш сите нови апликации кои доаѓаат со него.
Ај што нуди 0% приватност, туку и си го пика носот во твоите приватни работи, како што се програми и видео игри кои ги користиш, а доколку открие пиратски копии, ги блокира истите. Но дури и ако користиш оригинални копии од програми и/или видео игри, сепак Windows 10 може да ти предизвика повеќе проблеми отколку да ти донесе добри решенија со поновите верзии. Општо е познат фактот дека може да се инсталираат погрешни драјвери за графичката или звучната картица доколку се врши автоматска надградба, поради што можно е да имаш проблеми со сликата или звукот на компјутерот, а можеби и нема да сакаш да користиш најнова верзија од некој програм, под претпоставка дека во таа нова верзија е отстранета некоја опција која си ја користел.
За волја на вистината, ова засега важи исклучиво само за видео игрите од Мајкрософт, но прашање на време ќе биде додека да Windows 10 почне да си го пика носот во се што имаш во компјутерот.
Но тоа што најмногу не чини кај Windows 10, е редовното инсталирање на надградби и закрпи. За разлика од сите досегашни Windows оперативни системи, кај кои што можеше рачно да се конфигурира Windows Update, Windows 10 е првиот Windows оперативен ситем кај кој оваа опција повеќе не е можна, поради што оперативниот систем 24/7 автоматски е поврзан преку Интернет со Windows Update и редовно симнува и инсталира надградби и закрпи, а некои од тие надградби и закрпи можат да го отстранат кракот на оперативниот систем - под претпоставка дека користиш пиратска копија.
Ова може да се заобиколи со инсталирање на Enterprise изданието на Windows 10, кое и понатаму овозможува рачно конфигурирање на Windows Update како кај постарите Windows оперативни системи, но за жал, остануваат активни проблемите со приватноста.
Од друга страна, Windows 10 е дефинитивно подобар и побрз и од Windows 7 и од Windows 8/Windows 8.1, поради што е на големо препорачлив за сите корисници на компјутери, но под услов да се откажат од приватноста, бидејќи овој оперативен систем е направен од глава до пети за сајбер шпионажа.