Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Ми изгледа како намерно да направиле глупости за за да се шират видеата по интернет како вирални видеа. Ќе видиме ако ги пуштат на телевизија значи дека сериозни биле.

Кога сме кај изборите и кај телевизиите, дали на некоја од телевизиите ја покажаа телефонската снимка? Знам дека ја покажаа само на Телма и Алсат, сите други се под директна контрола. Дури ни МТВ не ја спомнаа, тоа е голема афера, незамисливо е национален сервис да не спомне такво нешто, не мора да пуштаат, мораа барем да спомнат во 5 секунди. Покажува во каква состојба се медиумите. Целосен мораториум по тоа прашање, не ги пренесуваат ни реакциите, ниту демантите, очигледно има вистина во тоа.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Прашањето е кој гледа Телма за да дознае дека постои таква снимка, зборувам за најголемиот процент на повозрасните кои и не користат интернет.
Јас не знам дали постои некоја телевизија која пушта толку ПП како Канал 5? Тоа е ужасно.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
На YouTube преку неколку извори, видеото со снимката е прегледано преку 150.000 пати за овие 5 дена.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
DarkAngel напиша:
^
Комунизам :904400:

EDIT:
А погледнете ги останатите 3:
https://www.youtube.com/watch?v=1LwVLXSGgzs
https://www.youtube.com/watch?v=VMVj64JxzmI
https://www.youtube.com/watch?v=ixZafC2Bqok

Последново е врв! :uuu:
:406389: какви црепови се ,па и оној Јане од Мак Ѕвезди кај Драган Вучиќ што беше

Искрено да кажам безвезе им е рекламирањево со хоров .
 

Gledy

Активен Член
655
160
43
После објавувањето на ова видео:

Телевизија Телма си има мака со сајтот ... Дали ќе биде следната А1 ќе видиме наскоро..
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Телма уште од 2011 година или 2012 година ја токмат за затворање или за припојување кон групата на таканаречени "независни и антисоросидни" медиуми.

Но единствениот проблем е во тоа што Телма не е во сопственост на едно лице, туку е во сопственост на друга фирма, односно Макпетрол, а ни Макпетрол не е во сопственост на едно лице, туку е акционерско друштво кое има повеќе сопственици, чиј што број секој ден се менува.

Еден ден некој ќе купи по некоја акција од Макпетрол, со што станува уште еден од сопствениците на фирмата, друг ден некој ќе ги продаде сите акции кои ги има во Макпетрол, со што повеќе не е еден од сопствениците на фирмата.

Или некој ќе купи или ќе продаде повеќе или помалку акции со што неговиот/нејзиниот сопственички удел во фирмата ќе се зголеми или ќе се намали, а во вакви околности е тешко да се најде дежурен виновник за било какви неправилности во работењето на телевизијата, како што тоа во случајот со А1 Телевизија беше Велија Рамковски, кој беше прв и единствен сопственик на телевизијата.

Инаку, да, дали бидејќи неодамна се обновија со нов веб сајт, или бидејќи е изборна кампања, веб сајтот на Телма се соочува со технички проблеми изминативе 2 недели.

Или бидејќи некој ја токми за да ја уништи, се разбира и тоа е можно сценарио.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Подобро да ја затворат, отколку да ја прават владин медиум ако воопшто се планира некакво сценарио за единствената оригинална македонска телевизија, по А1.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
ФОТО: Дали Ивона Талевска е трудна?

Главниот и одговорен уредник на Вечер и уредник во СИТЕЛ Телевизија Ивона Талевска на својот Instagram профил некое време постира фотографии кои асоцираат на тоа дека можеби е во блажена состојба. На едната фотографија која ја објави пред некое време се гледаат бебе кое расте и под него пишува loading.



А на втората фотографија се гледа стомаче на девојка и е постирана со коментар sexy.



Сака ли нешто да каже Талевска со овие фотографии оценете сами
Извор: Засе.мк
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Ќе се врати порано или подоцна на малите екрани, сега кога коалициските партнери на газда Динго си осигураа уште минимум 4 години власт.

Не е важно на која телевизија ќе се појави, бидејќи речиси не постои разлика во информативните програми на мнозинството национални и сателитски телевизии во Македонија, со реткиот исклучок на Телма, секоја и чест, нека остане функционална и здрава телевизија и да остане да зрачи во македонскиот етер.

А на телевизија 24 Вести останува да и посакаме да почне да емитува и терестријален сигнал на национално ниво на Република Македонија, бидејќи Близо никогаш нема да емитува нивна програма, поради што десетици илјадници гледачи кои ги користат телевизиските услуги на Близо, сме лишени од телевизија 24 Вести и од нејзината телевизиска програма.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Инертен народ, имаше еден твит за скандалот со Груевски, ќе парафразирам, и навистина да признае дека ги зел парите, и дека ги потрошил за поддршка на педофилија, народот пак ќе го гласа. Малку ја криеја додека да се спушти прашината, сега пак испитуваат како е водата. Гледајте ја пак на вестите за некое време, ако во меѓувреме не одлучила дека тендерисувањето е попрофитно. :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Знам тука едно време кога беше отварањето на Сити молот во Скопје коментирав нема ништо во мојот град ама сепак не е се така заникаде и во Тетово има Мол
https://www.facebook.com/PalmaMall

Палма Мол вечерва има свечено отварање заедно со Сара Мејс и Аделина Тахири


Само да има народов повеќе пари за трошење :)
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
На денешен ден:
-Гоце Делчев (111 години)
-Тома Никлев (105 години)
-Пере Тошев (102 години)
-Васка Илиева (13 години)
Вечна им слава!
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Стефан напиша:
На денешен ден:
-Гоце Делчев (111 години)
-Тома Никлев (105 години)
-Пере Тошев (102 години)
-Васка Илиева (13 години)
Вечна им слава!
+Јосип Броз Тито (34 години)
 
Top