17-апр-2014 22:40
Колумбискиот писател, новинар, политички активист, добро познат како автор на „Сто години самотија“, Габриел Хозе Гарсија Маркес, почина на 87 години.
Mаркес починал во Мексико, посочил извор близок на семејството.
Габриел Гарсија Маркес се сметаше за еден од најдобрите автори од шпанско говорно подрачје. Романот „Сто години самотија“ од 1967-ма
е продаден во повеќе од 30 милиони копии, а писателот во 1982-ра доби Нобел за литература.
Маркес беше болен и во последно време многу ретко се појавуваше во јавност. Снемогнат од рак, Маркес својот последен роман го објави во 2004-та - „Сеќавање на моите тажни курви“ (Memorias de mis putas tristes).
Се смета за најпознат писател на магичен реализам
Писателот беше пријател со Фидел Кастро и има искажано симпатии за одредени латино-американски револуционерни групи, посебно во текот на 60-тите и 70-тите. Маркес, меѓу пријателите познат како Габо, стана херој на цел континент кога му се придружи на Кастро и ги критикуваше интервенциите на Вашингтон во Виетнам.
Романи на Маркес
Кобен час 1962
Сто години самотија 1967
Есента на патријархот 1975
Љубов во време на колера 1985
Генералот во својот лавиринт 1989
За љубовта и другите демони 1994
Цитати од Маркес
Срцето има повеќе простор отколку еден бордел!
Мажот знае кога остарел. Тоа е моментот кога почнува да личи на својот татко.
Не умираме кога треба, туку кога мора.
Немој да умреш додека не доживееш блаженствено водење љубов со твојата љубов.