Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Beauty напиша:
Ај да прашам пак, ако Иванов има 51 посто од гласовиве, нема да има втор круг?
Мислам дека се работи во разликата. Ако е мала разликата тогаш ќе има втор круг.
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Иако Иванов има скоро 51% од гласовите, на сите телевизии зборуваат за втор круг, така да не е тоа изгледа.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
43,99%

Иванов 134.048
Стево 92.600

На парламентарните во 2011-та на волку пребројани гласови разликата беше:

ВМРО-ДПМНЕ 120.000
СДСМ 100.000

И на крај разликата меѓу двете партии излезе околу 70.000 гласачи.

Сега делува како да ќе оди накај 100.000...
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,184
21,630
113
За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.
Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Кое е тоа потребно мнозинство гласови? Мислам дека никој не знае. :haha:
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Мнозинство од запишаните, што практично не е возможно, бидејќи тоа се 800 000 гласови, а толку немаше ни излезени, така што нема врска ако на крајот има над 51% од гласовите.

И тоа 51% е мамка, видете го процентот од сите гласачи, 16%. Значи претседателот ќе ни го изберат 16%-20% од населението. Каква ќе биде таа репрезентативност?
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Да, веродостојно е, ако толку биле паметни тие што сега кукаат, зашто не излегле на гласање?
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,184
21,630
113
Во дебатата на Канал 5 кажаа дека за да се избере претседателот кандидатот треба да освои 50% од сите гласови
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,184
21,630
113
Не е можно на таков начин да се избере претседателот. Во 2009 Иванов немал 50% од запишаните па победи. Тоа значи дека имал 50% од гласовите
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Запишани, незапишани, Иванов ќе ни остане претседател, ВМРО ќе остане на власт, а младината ќе си кука и понатака.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,184
21,630
113
Да. За првиот круг тоа било грешка на тие што дебатираа на Канал 5. Значи во првиот круг треба да има 50% од запишаните, а во вториот круг 50% од гласовите со услов да има излезност од 50%. И конечно разјаснивме што е тоа мнозинство :406389:
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Beauty напиша:
Запишани, незапишани, Иванов ќе ни остане претседател, ВМРО ќе остане на власт, а младината ќе си кука и понатака.
Трагикомично звучи, ама така е. Веќе не се ни знае колку проценти треба да се има за прв круг, колку има запишани, а колку лажни гласачи. И најтрагично би било ако некој "од страна" мисли во иднина да не оправува. Епа СДСМ ако пак мисли "мирно" да настапи и за втор круг тешко на нив, а и на државата. Иако Заев го слушнав пред малку кажа нешто во стилот "Е ај ќе видите за две недели што ќе правиме". :406389:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Очигледно СДСМ мора да смени нешто во стратегијата. Во периодот од 2006 до 2010 имаа катастрофални резултати околу 200-300.000 гласови. Од 2011-та па наваму успеаја да се дигнат околу 300-350.000, ама од друга страна ВМРО-ДПМНЕ не паѓа под 400.000. Треба да покренат некоја иницијатива со неопределените и незадоволните во Македонија, ако сакаат да добијат шанса. Пошто реално, ваква власт, со сета машинерија и организација, нема да падне туку-така во наредниов период.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Латас: Се надевам утре рејтинзите ќе покажат дека сме биле најгледани во изборната програма
Таа неговата: Хаха (се смее иронично)

Да, многу ни е битно тоа на нас :off:
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Бидејќи во вториот круг ќе има и парламентарни избори и Албанците ќе морат да гласат ќе им бидат дадени и листови за претседателските кандидати. Ајде да се надеваме дека разумот ќе надвладее. Во секој случај Пендаровски го поправи резултатот на Сдсм од минатогодишните избори.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
DarkAngel напиша:
Иванов 2009 прв круг: 345 000
Иванов 2014 прв круг: 450 000

:okokoren: :okokoren: :okokoren: :okokoren:
Зголемување од 30.43%.

Фрчоски 2009 прв круг 203.000
Пендаровски 2014 прв круг 325.000

Зголемување од 60.10%.
 
Top