Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Не пие моментално никакви лекови, ама често купува од оние сирупите Хербион и слични, во зима посебно кашла, во лето помалку. За среќа се откажа од пушењето уште тогаш и барем тоа му помогна малку. Не дека има хроничен бронхитис, туку му има останато на плуќата нешто како надразливост хронична оти не се лечеше како што треба, често се задишува, често кашла, има проблеми со дишењето. И сега ова изгледа како оние рекламите за Вендоксин, што исто ги презирам.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Абе тој пред да му ја откријат пиеше Тамифлу 5 дена и витамин Ц, после ко му ја откријаја (левата страна беше зафатена) и одма го запреја на болница... Лежеше 10 дена и примаше по два системи, утро вечер... Пред да го пушта го испитаја и му кажаја дека е доста намалена, ама седиментацијата му е 80 и треба да се намали уште... Исто и тој престана да со пушење... Е сега треба да оди на контрола по 3 недели... А и јас му реков дека преку кашлањето ќе исфри се од внатре, ама му рекоја и да пија некој си тревки тегавец и некој си лек со мед не знам... Ајде ќе му помини... :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Ич не ми делува на ужас на мене лично, напротив, ме потсетува дека Тони Михајловски има одлична смисла за хумор.

Речиси никогаш не излегувам во нечија одбрана, но во овој случај ќе кажам дека Тони Михајловски е актер кого го плаќаат за да ја забавува публиката.

Ако некој е виновен бидејќи Тони Михајловски прифатил да ги забавува пвеводбениците на нивната конвенција, тогаш тоа се продуцентите и режисерите кои ги доведоа актерите и актерките до денешното дереџе - да интерпретираат турски глупости наместо да настапуваат на македонската театарска сцена или на македонското филмско платно.

Во вакви околности, нормално е актерите и актерките да прифатат било каков ангажман, без разлика на какви реакции ќе наидат после конкретниот ангажман. Дали ќе бидат дочекани со цвеќиња и овации или со дрва и камења, не ги интересира, бидејќи продуцентите и режисерите ги довеле до денешното дереџе.

Тони Михајловски несомнено си има свои негативни карактеристики како актер и како јавна личност, но било какво етикетирање на него како предавник или полтрон на некоја политичка партија е продавање магла.

Чисто колку за потсетување, и за Каролина Гочева во 2002 велеа дека е ВМРОвка бидејќи пеела на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изборната кампања за редовните парламентарни избори 2002.

А ако направиме листи на пејачи и пејачки кои ги пееја Резултати сега, Македонија има сила, Македонија знае и ред други, и ги етикетираме како полтрони на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш бајаги полтрони ги имаме во Македонија.

Така да, кога парите се во прашање, политиката и идеологијата си летаат низ прозор.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Ужас е скоро се што се случува во државата. А ако ова е хумор на кој треба да се смееш, тогаш тоа значи дека не само што се испрани мозоците на луѓето кои се смеат, туку и се променети дефинициите за основни поими.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Па тоа што го говори Тони Михајловски повеќе е сарказам и цинизам, отколку хумор, што го прави уште потежок за да се свари тоа што го зборува, бидејќи човек треба да биде запознаен со околностите и со реалноста за да се насмее кога ќе ги слушне саркастичните и циничните реченици на Тони Михајловски.

Јас лично ги разбрав и се изнасмејав, па сега останува на останатите на свој начин барем да се обидат да разберат што зборува Тони Михајловски и самостојно да извлечат заклучок од неговата порака.
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Dexter26 напиша:
Јас лично ги разбрав и се изнасмејав, па сега останува на останатите на свој начин барем да се обидат да разберат што зборува Тони Михајловски и самостојно да извлечат заклучок од неговата порака.
:okokoren: :okokoren: :okokoren:
Каква црна порака од ненормални луѓе што перат мозоци на граѓаните?! :off: :off: :off:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Е па очигледно ти си ја разбрал пораката Дарк Ангел.

Јас ја разбрав како порака дека ништо не се менува после изборите и дека ненормалните луѓе и од власта и од опозицијата, секогаш ќе бидат тука за да им перат мозоци на граѓаните за време на изборната кампања, а после изборите секогаш ќе бидат тука за им продаваат магла на граѓаните.

Односно, со други зборови кажано, и пред изборите и после изборите - ништо не се менува.

Така јас ја разбрав пораката која Тони Михајловски на саркастичен и циничен начин ја достави до граѓаните на Република Македонија.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Какво смешно, какви бакрачи. Она што го кажуваше немаше да биде смешно дури и ако беше изведено на ниво, а не прв пат прочитано и тоа од телефон. Ситуацијата ми изгледа исто како во комунистичкото време кога морало да бидеш близок со високите за да имаш ќар. Далеку е отидена работата.

Никаква порака не достави до граѓаните на Република Македонија, ова беше обичен очаен обид како по правило за кревење на моралот во една група.

Не си направи само Тони контрауслуга на својата кариера, туку и самата партија малку си наштети на имиџот кај некои луѓе кои не беа доволно свесни што се случува во реалноста.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,751
6,113
113
Пошо нема тема за Марија Шерифовиќ кај што се темите за музика тука ќе ги ставам
Не знам дали сте го гледале нејзиниот документарниот филм - Исповест кој е во седум продолженија и Марија Шерифовиќ зборува за нејзиниот живот .

 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Првата епизода, делот каде го кажува својот сон со светецот, едноставно намовнав...
 

Hook'O

Добро-Познат Член
1,431
61
48
Мислам дека вчера во The Voice Шакира го спомна Александар Македонски. Би можеле да објавите на сајтот, бидејќи нашиве сајтови би полуделе за вакви вести. :406389:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,751
6,113
113
Hook'O напиша:
Мислам дека вчера во The Voice Шакира го спомна Александар Македонски. Би можеле да објавите на сајтот, бидејќи нашиве сајтови би полуделе за вакви вести. :406389:
Tреба да се најде видео од тоа па да се пише на сајтот.
 

Hook'O

Добро-Познат Член
1,431
61
48
M@RKO напиша:
Hook'O напиша:
Мислам дека вчера во The Voice Шакира го спомна Александар Македонски. Би можеле да објавите на сајтот, бидејќи нашиве сајтови би полуделе за вакви вести. :406389:
Tреба да се најде видео од тоа па да се пише на сајтот.
Минута 3:35 и натаму. :)
https://www.facebook.com/photo.php?v=67 ... =3&theater
 
Top