Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Социјалистичката влада на Венецуела, на чело со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, исто како и неговиот претходник Хуго Чавез, секогаш наоѓаат некој друг кој е виновен за проблемите со кои се соочуваат венецуелската држава и венецуелската нација.

Вообичаено кога снемува струја во државата, виновни се капиталистите кои наводно вршат саботажи.

Кога нема тоалетна хартија во продавниците, повторно виновни се капиталистите кои наводно намерно го намалуваат производството на тоалетната хартија, поради што социјалистичката влада на чело со Мадуро изврши национализација на фирмите кои ја произведуваат тоалетната хартија.

Сега, после убиството на Моника Спеар и на нејзиниот поранешен сопруг Томас Хенри Бери на автопат во Венецуела, за Мадуро и за неговата социјалистичка влада, теленовелите се главните виновници за фактот дека Венецуела е држава која се дави во организиран криминал, а главниот град Каракас, кој меѓу другото е и најголем град во државата, официјално се води како најопасно место за живеење во светот, поопасен дури и од Багдад и Кабул, бидејќи убиствата и грабежите на периферијата на градот се секојдневна пракса.

Не ми е јасно како не им текнало кризата со недостиг од тоалетна хартија да ја решеле на сличен начин - со затворање на пазарите за храна и на рестораните, бидејќи ги товат Венецуелците, поради што имаат потреба од нужда, а со тоа имаат потреба и од тоалетна хартија.

Ова социјалистичко лудило од поодамна е надвор од здравиот ум и разум и од поодамна ги има надминато сите граници над нормалата.

Бог нека им е на помош на Венецуелците !!!

http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/898272/index.html

Мадуро се пресметува со теленовелите

Објавена на 21 01 2014 10:35:17

Каракас, 21 јануари 2014 (МИА) - Претседателот на Венецуела Николас Мадуро одлучи да се пресмета со теленовелите, оценувајќи дека се главните виновници за пораст на криминалот и насилството во земјата.



Мадуро ги обвинува телевизиските сапуници за ширење на „антивредности“ меѓу младите луѓе бидејќи во нив се слави насилството, оружјето и дрогата.

Претседателот на Венецуела минатата година ги критикуваше и насилните видео игри и холивудскиот филм „Спајдермен“.

Мадуро најголемата продукција во земјата „Веневисион“ го обвини дека профитира од насилството, го слави злосторството во една од своите теленовели каде главната хероина ја труе својата мајка за да скрие кој е татко на нејзиното дете.

Еден од авторите на неколку теленовели Алберто Барера Тиска изјави дека телевизијата само го рефлектира алармантното ниво на насилство во општеството и оти Мадуро треба да се сврти кон причините за криминалот наместо да воведе ограничување на теленовелите.

Потпретседателот на Венецуела Хорхе Ареас синоќа имаше состанок со телевизиските емитери и оператори со цел да ја испита содржината на ударните термини, предупредувајќи дека тие би можеле да се во спротивност со Законот од 2004 година за „општествено одговорна“ програма.

Двете страни треба за една недела да изработат предлог-договор за обврските на „емитерите“.

Претставник на независна група за собирање на податоци за насилството Брикено Леон изјави дека над 24.000 луѓе се убиени во Венецуела минатата година со што бројот на убиствата изнесува 79 на 100.000 жители. Владата ги негира тие информации и изнесува бројка од 39 убиства на 100.000 луѓе, што и понатаму е најголема стапка на убиства во Јужна Америка.

Извор: МИА
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Не знаев каде да прашам, па ќе прашам овде... :)

Ме интересира дали локалниве ТВ ко ќе откупуваат некоја си теленовела ја откупуваат во HD или 480р формат? Ако е така тогаш зошто има толку лоша слика - недостојна за тој формат? :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,751
6,113
113
И јас сакам снег ,ама не многу пошо не би сакал каша попара да биде на улициве и тротоариве .Малку нека има колку да се задржи 1или 2 дена .
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

За нешто вакво е срамота да имаш проблеми со царина, срам за царината, да бидам поконкретен.

На мене ми стигна филм на ДВД што го нарачав преку Амазон и ми го оставија во поштенско сандаче, па претпоставувам дека и на тебе ќе ти пристигне на ист начин значката.

Ниту царина, ниту дополнителна поштарина, ниту било какви дополнителни давачки, плаќаш само на Амазон и толку.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Во саботата, 1 февруари 2014, после долго боледување, во 84-та година од животот, почина една од најголемите филмски легенди на 20-от век, добитник на Оскар за најдобар актер во филмот Судењето во Нирнберг од 1961 година, добитник на Златен Глобус за најдобар спореден актер во филмот во два дела Сталин од 1992 година, се прослави толкувајќи го ликот на рускиот император Петар Велики во истоимената минисерија од 1986 година, а меѓу другото и беше кум на Анџелина Џоли, Максимилијан Шел.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=2B40CD3968441E4E90249EAC10001A62

Почина незаборавниот „Петар Велики“

03.02.2014, 17:23



Австрискиот актер Максимилијан Шел, кого го паметиме во „Млади лавови“ и „Судењето во Нирнберг“, почина во Инсбрук на 83 години

Австрискиот актер со интернационална слава, кој доби „Оскар“ за својата ролја во 1961 година во филмот „Судењето во Нирнберг“, Максимилијан Шел, умре во Инсбрук на 83 години. Како што соопшти неговиот агент, тој минатата недела бил лечен од пневмонија, а почина завчераутро откако ненадејно се влоши неговата состојба.

Освен по неговата комплексна улога во „Судењето во Нирнберг“ на Стенли Крамер, каде што играше покрај Марлен Дитрих, Берт Ланкастер и Спенсер Трејси, Шел го паметиме и по улогите во „Млади лавови“ на Едвард Дмитрик од 1958, со кој и започнува неговата меѓународна кариера, како и по филмот „Случајот Одеса“ од 1974 година, во кој играше со Џон Војт и неговата сестра, исто така, позната актерка, Марија Шел.

Тој беше роден во Виена на 8 декември 1930 година, како едно од четирите деца на швајцарски писател и австриска актерка. Неговите родители емигрирале во Швајцарија во 1938 година, по анексијата на Австрија кон нацистичка Германија.

Максимилијан Шел во 1952 година ја започнува театарската кариера, а на филм дебитира во 1955 година со антивоената драма „Деца, мајки и генерал“. По филмот на Дмитрик во „Млади лавови“, каде што игра со Монтгомери Клифт и Марлон Брандо, а кој зборува за судбината на тројца војници за време на Втората светска војна, некако се чини дека Шел се' повеќе добива типизирани улоги врзани со војната. Така е и со филмот што ќе му донесе „Оскар“, амбициозниот „Судењето во Нирнберг“, во кој тој игра бранител на нацистички злосторници, но и со следните два филма што ќе му донесат уште две номинации за „Оскар“, „Човек во стаклена ќелија“, каде што игра лик според биографијата на Адолф Ајхман и „Џулија“, во кој има епизодна улога покрај Џејн Фонда и Ванеса Редгрејв.

Тој беше крадец во филмот „Топкапи“, луд научник во „Црна дупка“, руски шпион во „Свеќи во ноќта“, а го паметиме и во „Смртоносен случај“, „Атентатот во Сараево“, „Недостижен мост“ и „Железен крст“. Шел играше и во голем број интернационални телевизиски продукции, од кои останува запаметен како „Петар Велики“ и како „Ленин“ во американската серија „Сталин“, која му донесе „Златен глобус“. Тој се испроба и како режисер и со својот филм „Пешак“ од 1974, исто така, на тема на одговорност за воени злосторства, освои „Оскар“ за странски филм. Награда му донесе и документарецот „Марлен“ од 1984 посветен на Марлен Дитрих, а направи и прекрасен документарец во 2002 година за неговата сестра Марија Шел.

(С.У.)
Максимилијан Шел
8.XII.1930 - 1.II.2014

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Сакам да поставам видео на јутјуб од 20 минути со превод залепен на самото видео... Интересно е што видеото (оригиналот) е 449МВ, 720р а новото видео т.е. што јас го направив е 4.25GB во AVI формат... Дали тоа е поради преводот што е залепен на самото видео или...? :)

Ако сакам сега да го објавам на јутјуб од прилика колку време ќе ми треба и колку интернет ќе ми исцица? :) Видеото е една епизода од индиска серија со македонски превод, за да му докажам на некои членови дека НЕ ЛАЖАМ кога станува збор за индискиот јазик (дека го знам, пошто имаше членови кои мислеа дека лажам)...

Друго :) дали на форумов има опција со која може да се постави видео од самиот комјутер?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Добро бре Благојче, сега и за секој пат кога компјутерот ќе титне при грешка во меморијата ќе прашуваш на форумов ?

Гледаш дека страницата се отвара, што значи дека се е во ред со твојот компјутер и со твојот Интернет, а од тука следува заклучокот дека проблемот е во самиот веб сајт, односно во самиот Фејсбук.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,751
6,113
113
МУ ЛИЧИ: ПРЕМИЕРОТ НА КАНТОНОТ САРАЕВО ИЗЈАВИ: „МАРШ У ПИ*КУ МА*ЕРИНУ!“ (ВИДЕО)
Премиерот на Владата на Кантонот Сараево Суад Зељковиќ на многу дрзок начин одговорил на новинарка на ТВ „Хајат“ на прашање дали ќе поднесе оставка од својата функција.

Новинарката на „Хајат“ го повикала Заљковиќ за да го праша за коментар за случувањата пред зградата на Владата на Кантонот Сараево.

А еве го неговиот одговор…
Н. Господине премиер дали би дале изјава ?
Пр. Не, не сакам.
Н. А дали би дале оставка?
Пр. Марш у пи*ку матер!
Н. Добро, хвала. Пријатно.


Извор: mkd-news.com
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Сакам да прашам дали некој од вас има прележано бронхопвнемонија и кои се синтомите после излегувањето од болница? Дали се кашла? Татко ми лежеше на болница до пред два дена и од кога излезе почна да кашла а додека беше таму не кашлаше воопшто...
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Што му рекоа да пие или како да се заштити понатака?
Прво, не требало да го пуштаат од болница ако е недоизлечен.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Абе лежеше тој 10 дена на болница и прими 40 системи и се беше во ред па го пуштија... Ама сега почна да кашла, дали тоа значи дека преку кашлањето ги исфрла бактерите, можеби тоа е дејството са системите не знам... :)
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Благојче, прашајте, не сме ни ние ни вие лекари.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
А му беше откриено нешто, брис или нешто слично? Или само така му даваа антибиотици? Жити здравството наше. Може имал и грип и не требало ни да му даваат антибиотици.
Инаку кашлањето значи дека треба се исфрла штетата што е направена внатре. Ама не оставајте така. Татко ми пред неколку години имаше така брнхопнеумонија и ја завлече така, не се лечеше како што треба, наместо да си лежи на болница, тој одеше по тревари и купуваше едно масло од кукулички, демек му помагаше, ама гледав дека беше џабе, и на крајот му остана хронично, и ден денес кашла цело време и има штета на белоте дробови останато. Затоа и оваа Баба Рада ми е одбивна.
Исто ако пуши, мора да престане веднаш за да не му остане засекогаш.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Како се лечи татко ти со хроничен бронхитис? Пие нешто, како се смалува кашлањето, дали знаете?
 
Top