Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,752
6,113
113
Оди ти кај серивсерите и побарај си ја графичката поправена ,ако не е поправена затоа што забушаваат мислам дека треба да им побараш нова затоа што те оставиле долго еден месец да чекаш .Но доколку не е поправена затоа што не може да се поправи тогаш требале и веќе да те известат во брзо време да си купиш нова графичка а не да чекаат да измине цел месец и воошто никаков одговор да не добиеш .
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Не оставај во Сет ништо. Не е проблемот до твојата графичка, туку до нив, уште не ти ја ни погледнале а ниту поправиле, верувај.
Ако можеш оди и земи си ја назад, развикај им се и не им носи веќе ништо таму.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
За неисправна графичка картица јас ги препорачувам Риверсофт, бидејќи тие неодамна се опремија со професионална станица за лемење на чипови и чипсети, која верувајте ми, е отров скапа, но истовремено и исплатлива.

Еден од најчестите дефекти кај графичките картици и кај матичните плочи, е оксидирање на чипсетот поради прегревање, што се случува или при екстремно високи температури за чипсетот, а тоа е температура над 60 степени Целсиузови, или се случува кај чипсети кои биле неквалитетно залемени или биле залемени со неквалитетен флукс, односно со неквалитетно лепило за лемење.

При ваков дефект се мешаат боите на екранот или се дава слика со многу слаба резолуција.

При ваков дефект, доколку производот не е под гаранција, во Риверсофт наплаќаат 3.500 денари за сервисирање, по што следуваат 3 месеци гарантен период, односно доколку дефектот се повтори кај производот во текот на првите 3 месеци после сервисирањето, во Риверсофт повторно ќе го сервисираат производот и тоа бесплатно.

Од досегашното искуство што го имам со сервисот во Риверсофт, вообичаено во првите недела дена од донесувањето на производот на сервисирање ми се имаат јавувано за да ме известат дали сервисирањето е завршено или ќе трае повеќе од недела дена, но немам искуство со сервисирање на графичка картица во сервисот на Риверсофт.

Немам искуство со сервисот на СЕТ, но читајќи од вашите коментари, очигледно треба да сум среќен бидејќи од кај нив купувам претежно периферални уреди - тастатури, мауси, звучници, а не и компоненти за компјутер.

Треба да им се јавите и да ги прашате до каде е сервисирањето на производот кој сте им го однеле на сервисирање, повеќе од недела дена чекање без никакви информации за сервисирањето е премногу.

Инаку, за заинтересираните, К2 Лап Топ во Аеродром не ги препорачувам на никого, од лично искуство со графичка картица која им ја однесов на сервисирање, а се расипа повторно месец дена после сервисирањето. Како да не беше тоа доволно, и куќиштето го имаа оштетено на повеќе места, дури и чепкале на места кои воопшто не се опфатени со сервисирањето.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Dexter26 напиша:
Треба да им се јавите и да ги прашате до каде е сервисирањето на производот кој сте им го однеле на сервисирање, повеќе од недела дена чекање без никакви информации за сервисирањето е премногу.
Се јавив, одговорот беше: „Си ја донел на 14ти Октомври и сеуште е во сервис. Вообичаено сервисирањето е 2 часа, но немаме конкретни информации за твојата. Кога ќе биде готова ќе ти се јавиме на контакт бројот што си го оставил“.
Одговорот е да си пукнеш од мака, зарем не?
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Не ти е пипната, затоа оди да си ја земеш, однеси ја на друго место каде ќе ти ја средат за еден ден и јави им или таму кажи им лично дека нема веќе да носиш ништо на сервис кај нив. Ама на нив им е гајле, и така си имаат многу работа неспособните.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Beauty напиша:
Не ти е пипната, затоа оди да си ја земеш, однеси ја на друго место каде ќе ти ја средат за еден ден и јави им или таму кажи им лично дека нема веќе да носиш ништо на сервис кај нив. Ама на нив им е гајле, и така си имаат многу работа неспособните.
Абе се' е во ред, но финтата е што сите делови, како и графичката ми се под гаранција кај Сет, и затоа таму ја однесов.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Стефан напиша:
Абе се' е во ред, но финтата е што сите делови, како и графичката ми се под гаранција кај Сет, и затоа таму ја однесов.
Ако целиот компјутер ти е под гаранција во СЕТ, тогаш можеш да имаш проблеми со нив доколку ти си ја извадил графичката картица од куќиштето.

Вообичаено на куќиштето има налепница која е направена за да се оштетува при отворање на куќиштето, без разлика колку нежно ќе го отвориш куќиштето. Доколку е оштетена налепницата, тогаш гаранцијата ќе ти биде поништена поради отворање на куќиштето од страна на неовластено лице.

А ако во СЕТ го отвориле куќиштето и ја извадиле графичката картица, тогаш ќе мораш да им го однесеш куќиштето кога ќе ја поправат графичката картица за да залепат нова налепница на куќиштето откако ќе ја вратат графичката картица во куќиштето.

А ако воопшто нема налепница на куќиштето, тогаш не можат да констатираат дека куќиштето е отворено од неовластено лице, односно нема да ти ја поништат гаранцијата.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,752
6,113
113
Канал 5 и Зевзекманија направиле пародија т.е своја верзија на интервјуто на Катерина манекенката што кажуваше дека ќе глуми со Мерлин Монро Џејм ДинТ ,Марлин Брандо :haha:

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=21441
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ова индиректно не опфаќа и нас, граѓаните на Република Македонија, бидејќи и кај нас се подготвува сличен ужас наречен закон за медиуми, чиешто вистинско име е закон за цензура.

Во Аргентина, уште во 2009 година е усвоен закон за медиуми, чија што цел е пред се, да се уништи медиумската групација Clarin, која стои зад истоимениот весник, кој е најтиражниот и еден од најстарите весници во Аргентина.

Clarin е трн во око за аргентинската влада предводена од страна на претседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Киршнер, која го има предложено и усвоено овој закон за медиуми, кој буквално ќе биде смртоносен за медиумската групација Clarin.

Со законот се предвидува дека еден ист сопственик не може и не смее да поседува повеќе од 24 аудиовизуелни дозволи, како и дека не може и не смее да поседува повеќе од 1 терестријален ТВ канал, 1 кабелски ТВ канал и 1 радио станица во еден ист град во Аргентина.

Паралелно со ова, законот им забранува на телевизиските мрежи да поседуваат телевизии кои заедно би уживале 35% од целокупната телевизиска гледаност во Аргентина или повеќе.

Големата трагедија околу сето ова, е тоа што овој закон за медиуми и официјално е одобрен од страна на Врховниот Суд на Аргентина, кој го прогласил за уставен, односно одлучил дека законот не се коси со Уставот на Аргентина, пред точно недела дена, во вторник, 29 октомври 2013.

Од тој ден, акциите на медиумската групација Clarin се паднати за 6%, а бидејќи најголемиот дел од телевизиските станици на групацијата се во Буенос Аирес - главниот град во Аргентина, кој меѓу другото е и најголем и најнаселен град во Аргентина и втор најголем и најнаселен град во цела Јужна Америка после Сао Паоло, повеќе од сигурно е дека групацијата ќе мора да продаде добар дел од своите радио и телевизиски станици за да го усогласи своето работење со овој закон за медиуми.

Бог нека им е на помош на Аргентинците !!!

http://www.bbc.co.uk/news/world-latin-america-24736510

Argentina court rules controversial media law constitutional

29 October 2013 Last updated at 22:17 GMT


Argentina's largest media group, Clarin, could be forced to sell various licenses

Argentina's Supreme Court has ruled that a media bill passed in 2009 is constitutional - clearing the way for the break-up of large media groups.

The country's biggest broadcasting and newspaper company, Clarin, had appealed against the law proposed by President Cristina Fernandez de Kirchner.

Critics say the bill is an attempt to silence opposition voices in Argentina.

Supporters say it will boost pluralism and reduce the dominance of big corporate interests.

Following the ruling, Clarin's share price fell nearly 6% and sales had to be suspended.

'Freedom of expression'

The group is expected to have to sell a number of lucrative radio and television licenses.

In a statement, the company said it was considering appealing to international courts.

"The most concrete proof of the true intention of this government with this law has been the enormous official colonization of media companies since its passage. Today, more than 80% of the broadcast media respond directly or indirectly to the authorities," the statement said.

A panel of Supreme Court judges ruled that the law had no unconstitutional elements.

"It is legitimate that a law sets general limits a priori, because this way it favours freedom of expression and prevents the concentration of the market," they concluded.


President Fernandez de Kirchner has been fighting the Clarin group since 2008

They also dismissed the argument by the Inter-American Press Society, an independent media association, that the law would endanger the media firm's business model.

Clarin has been involved in an open dispute against Cristina Fernandez de Kirchner's government since 2008.

The 2009 law stipulates that any one owner can hold a maximum of 24 audiovisual licenses.

It also bans TV networks from amassing more than 35% of the nation's viewers, and subjects the sale of broadcast licenses to government approval.

The Clarin group will be especially affected by a clause which bans ownership of more than one free-to-air and one cable TV stations and more than one radio station in the same city.

With its massive presence in the capital Buenos Aires, it is expected to be forced to shed control over many stations.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,752
6,113
113
Beauty напиша:
Сител во одбрана на владините фонтани
http://sitel.com.mk/node/104788

Коментарот долу ми е најсмешен :haha:

Ако толку му се мочало и на сликата делува како цел ден да не мочал ,па цела мочка од бешика да ја истури на споменик не ми е за верување.
Тој додека се качи на споменикот ќе се помоча во гаќи :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
После долгогодишно и тешко боледување, во утринските часови на денешниов ден, среда, 6 ноември 2013, на само 1 (ЕДЕН) ден пред нејзиниот 39-ти роденден, почина новинарката Искра Ефтимова.

http://brif.mk/?p=101926

Почина новинарката Искра Ефтимова

ноември 6, 2013 12:49



По долгогодишно и тешко боледување утрово на 39-годишна возраст почина новинарката Искра Ефтимова (07.11.1974 – 06.11.2013).

Нејзиниот професионален живот, како новинар од областа на културата и уметноста, беше богат и нејзниот придонес ќе остане забележан низ архивите на печатените и електронските медиуми.

Уште од основното училиште покажуваше афинитет кон медиумите за што сведочи неколкугодишната соработка во телевизискиот образовен проект Фиданка на Македонската телевизија. Соработуваше во неделникот Денес и во дневниот весник Македонија Денес, а најдолго како дел од забавната и културната редакција на телевизија Телма. Работеше и неколку циклуси ТВ есеи на Наша ТВ.

Ефтимова студираше на катедрата за режија на ЕСРА универзитетот во Скопје, а претходно дипломирала и на Скопскиот универзитет на одделот за филозофија.

Ќе биде погребана утре на градските гробишта Бутел во Скопје.
Искра Ефтимова
7.XI.1974 - 6.XI.2013

Лесна и земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Во Дом и дизајн 97 една пејачка на народна музика, не знам како и е името, се жалеше поради напливот на турбофолк музика од Србија и Бугарија поради што не биле доволни ценети пејачите на народна музика повеќе кај нас.

Се зачудив. 97 и турбофолк од Србија и Бугарија? Нели тој бран дојде некаде 2004, 2005.
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Тој бран дошол кај нас истовремено кога дошол и во соседството. за Цеца пример знам откако сум роден. :haha:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Сеуште не можам да поверувам во оваа вест
Трагична смрт во Холивуд: Загина ѕвездата од „Fast and Furious“
Тажна вест го потресе Холивуд. Во 40-та години од животот во страшна сообраќајна несреќа загина популарниот американски актер Пол Вокер, ѕвездата на филмовите од серијалот „Fast and Furious“. Пол Вокер загинал во сообраќајна несреќа во саботата околу 15:30 часот по локално време во Санта Кларита, северно од Лос Анџелес.


Полицијата во Калифорнија ја потврди сообраќајната несреќа и првично изјави дека двете лица кои се возеле во автомобилот марка „Porsche“ загинале откако тој се запалил по удар во близина на патот.
Одличен актер, нека почива во мир. Сочувство до неговото семејство и пријатели.

Fast & furious серијалот го гледав покрај моето семејство или пријатели и се разбира Пол е одличен во својата улога. Меѓутоа неодамна го гледав филмот Hours, кој ме доведе до солзи како со содржината така и од неговата глума
 
Top