ТВ Реклами

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Премногу е слична со минатогошната и јас мислев да не е ова посебна реклама за некои држава што се давала? Не очекував пак со слична реклама да се појават, требало многу покреативни да бидат, а не на стара слава да се вадат за годинава
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Луѓе, ако ви текнува на новогодишните реклами со камионите од 90-тите и тие имаа неколку верзии. Во Велика Британија и САД сеуште се емитуваат тие реклами, така што секоја година прават спој од повеќе сцени од старите реклами и секако ја има и песната 'Holidays are coming'.
Така што оваа новогодишна реклама би требало да претставува продолжение на минатогодишната, во духот на слоганот 'Shake up the happiness'. Претпоставувам сакаат да направат нова ера на новогодишните реклами и неколку години да тераат по овој терк.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,086
6,404
113
^
да ова се продолжение на слоганот 'Shake up the happiness' ,мелодијата на музиката на почеток е слична на скоро сите реклами на Кока кола ,можете и да приметите на Shake up the happiness и на таа за светско слична мелодија имаа со различни звуци,темпо..
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Знам дека сакаат да направат нов бренд од неа, но рекламата не е магична, секако ако ја споредувам со нивните стари, да не ги имаа тие оваа ќе ми беше перфектна без никаква конкуренција. Инаку ми се допаѓа верзијата на Аргентинците.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
http://www.youtube.com/watch?v=yQlggSkP9ag

Леле рекламава ми е вистински фаворит последниве денови. :D
Прв пат кога ја видов ми беше многу ужасна, и колку повеќе ја гледав, толку повеќе ја засакав. :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,086
6,404
113
гупости ми е рекламата од ONE
А еднаш одев по пат накај дома гледам девојчиња мали си играат ЛАЈК, ЛАЈК,ЛАЈК...КЛИК,КАНАЛ,КЛИК... 45656
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
И што ако си играле? Тоа значи дека рекламата влегла и во поп-културата, односно дека луѓето ја сакаат!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,086
6,404
113
Burrows напиша:
И што ако си играле? Тоа значи дека рекламата влегла и во поп-културата, односно дека луѓето ја сакаат!
Да ја сакаат ама мене па некако глупаво ми беше кога ги видов како си играат ,инаку ме потсетува рекламата на од К15 спотот Гибаница
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Интересно е тоа што ниту еден медиум кај нас не објави ништо за настанот, знам дека со тоа ќе им направат бесплатна реклама на Т-Мобиле ама сепак беше нешто несекојдневно.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Објавуваа бе, и на Сител и на Алфа објавија прилози во вечерните информативни програми кога настапуваше Мараја. И на Тротоар имаше прилог исто така. Веројатно и на други места.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Да? Не сум забележал, веројатно зошто цела ноќ после концертот не се вратив дома.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,086
6,404
113
Почна да се дава рекламата на Koка Кола (новата новогодишна) на тв кај нас
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Златен Даб годинава доста добро се промовира. Многу пооригинално и повпечатливо од Скопско. Билбордите по улиците им се многу добри. Имаат интересни реклами на телевизија, еве подолу на линков дел од нив. Мене фаворит ми е „Цртанка“.

http://prilepskapivarnica.com.mk/index. ... zlaten-dab
 
Top