Не бидејќи ве интересира дечиња, но за да не можете да кажете дека не сте биле информирани, нека си стои тука статијава.
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/ivermektinot-ne-chineshe-samo-zatoa-shto-beshe-evtin
Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин
5 ноември 2023 - 19:48
Ивермектинот беше најнапаѓаниот и најомаловажуваниот лек во времето на пандемијата. Корпоративните западни медиуми систематски му правеа хајки, надмено оцрнуваји го како „лек за глисти кај коњи“ а еден од главните гревови му беше што имаше поддршка од нивниот архи-непријател - Доналд Трамп. Но, Трамп беше само фасада на приказната. Кај парите е финтата.
Ивермектинот има скромно потекло: бактеријата која го прoизведува е откриена во примерок од почва во близина на терен за голф во
Јапонија (тоа и денес е единственото место во светот каде што ja има). Овој природен лек кој го викаат и народен лек, за здравјето има сторено како ретко кој друг во историјата.
Со добри причини, комитетот за Нобеловата награда го нарече „чудесен лек“ и „прекрасен подарок од земјата“ - и тоа пред ковид ерата.
Се знае дека ја доби
Нобеловата награда за медицина во 2015 година за лекување паразитски болести како елефантијазис и речно слепило; се знае дека беше наведен на списокот на СЗО на „есенцијални лекови“; се знае дека помага околу ковид и спасува животи преку различни механизми.
Има уште барем шест карактеристики кои вредат да се наведат:
1. Ја револуционизираше ветеринарната медицина. Кога беше објавен во 1981 година, тој брзо стана најпродаваниот ветеринарен лек во светот, единствен по неговите својства за ефикасно убивање паразити, внатрешно и надворешно. Од домашни миленичиња па до искоренување паразити кај говеда, свињи, овци, кози... заради што може да се каже дека значително придонел за стабилизирање на глобалниот фонд на добиток, односно човечкото снабдување со храна.
2. Активен е против
грип и RSV. Ја инхибира репликацијата на вирусот, поради што е вклучен во протоколите за грип и RSV. За тие што патуваат по светов, интересно е да знаат дека е активен и против Зика, Денга, Западен Нил, Жолта треска и ХИВ (
тука)
3. Ги намалува воспаленијата низ целото телото, односно има
системски антиинфламаторни ефекти.
4. Го подобрува гастроинтестиналниот микробиом со зголемување на нивото на пробиотикот бифидобактериум. Откритието дојде од
истражување на д-р Сабине Хазан.
5. Може да помогне во атлетските и спортските перформанси со зголемување на клеточната енергија на срцето. Поедноставно кажано, ивермектинот веројатно им овозможува на клетките на срцевиот мускул поефикасно да создаваат енергија - дури и кога имаат помалку кислород отколку што им треба (како во случај на интензивно вежбање). Може да се прочита
овде. Уште на времето
луѓе имаат забележано дека тркачки коњи што добивале ивермектин, како да трчаат побрзо. Во тоа време никој не знаел зошто.
И ако тоа е малку, шестата точка е:
6. Има сериозни антиканцерогени својства.
Колку сериозни?
* Ја намалува отпорноста на клетките на ракот на хемотерапија (
овде)
* Го инхибира протеинот (PAK1) кој е од суштинско значење за растот на повеќе од 70% од сите видови на рак (
овде)
* Покренува повеќе механизми против рак на дојка (
овде).
А сега за Мерк, таа славна компанија која прва го разви и донесе ивермектинот на пазар.
Џорџ Мерк има кажано:
„ Ние се трудиме никогаш да не заборавиме дека медицината е за луѓето. Таа не е само за профит. “
Актуелниот менаџмент на Мерк очигледно размислувал поинаку.
Иако прелиминарните наоди сугерирале дека ивермектинот има големи потенцијали против ковид, компанијата одби да ги проучува тие својства, претпочитајќи наместо тоа да го бутка нејзиниот патентиран и скап Молнупиравир.
А тој има занимлива историја:
* Првично развиен од фармацевтската компанија Фармасет, таа го напушта во 2003 година откако ги открила неговите мутагени својства („
промовирање на рак“).
* Го превзема Универзитетот Емори, кој обезбеди 26 милиони долари грантови од американските даночни обврзници и му направи неколку измени (
овде).
* Правата за него потоа ги купува една небитна „биотехнолошка“ компанија (без лаборатории и без производствени капацитети), управувана од менаџери на хеџ фондови, која брзо им ги продава на Мерк, откако обезбедија права на стотици милиони долари од идните профити (
овде).
* Мерк им ги предава на американската влада и обезбедува гаранција за набавка вредна 2,2 милијарди долари, пред лекот да биде одобрен (
овде).
* Потоа едвај го минува независниот панел за безбедност на Агенцијата за храна и лекови (ФДА) со 13 гласа за и 10 против (
овде).
Сомнежите и дилемите главно биле околу тоа што создава мутации во геномот на вирусот: Дали може тоа истото да го прави и со човечкиот геном? Никој не знае.
* Се појави федерален свиркач и се дигна галама (
овде). ФДА тоа го игнорира и продолжува со вонредната лиценца врз основа на една студија која беше рано прекината.
Што покажала таа студија? Од 709 луѓе кои примиле Молнупиравир, 6,8% биле хоспитализирани или починале во одреден период, во споредба со 9,7% од 699 луѓе кои примиле плацебо.
На прост јазик: ако сте лекувале 100 од тие ковид пациенти со шеќерче, 10 завршуваат во болница или мртви; ако таа група сте ја третирале со молнупиравир, 7 пак ќе завршат исто. Така, во споредба со асолутно ништо, лекот им врши работа на само тројца од 100 луѓе. (
овде).
Сето ова горенаведено лудило станува уште појасно и повидливо ако директно ги соочите ивермектинот и молнупиравирот:
Ивермектин: 62% подобрување во спроведени 99 студии; еден долар за апче.
Фаворитот на Мерк: 15% подобрување во 34 студии; 707 долари за апче.
Видете и ја оваа табела за „трошоци по спасен живот“:
Ивермектин: 24 долари за да се спаси еден живот од ковид.
Молнупиравир: 137.653 долари за еден спасен живот од ковид.
Што не е јасно?