Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,859
61,846
113
Ма наравно, атмосфера у бусу је феноменална! :smeenje:
Само да се истоварам јас, ќе пукнам веќе :hehe:
 
Beauty

Администратор
49,859
61,846
113
Поддршка на Вучиќ на собирот насловен „Србија на надежта“ пристигнува и од Македонија. „Многу не има, во голем број се упатуваме кон Белград“
Една жена је стигла
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Пуштив Пинк и ме дочека прв урнебес:

Pored svih izazova i događanja koja su zadesila Srbiju proteklih nedelja istraživanja pokazuju da predsednik Aleksandar Vučić beleži rekordni rejting i poverenje građana Srbije
Одлично, исто тоа и пред падот на Милошевиќ во РТС Дневник се зборувало :pie kafe:
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83

И какви ви се плановите за пост-Вучиќева Србија ?

Те прашувам бидејќи плановите за пост-Милошевиќева Србија баш и не резултираа со некои позитивни промени, слично како што и шареноликиот идиотизам во Македонија не донесе ништо подобро во Македонија, а за да бидеме уште поголеми баксузи, донесе далеку полоши промени со фатални последици.

Треба да размислувате два чекора однапред пред да славите редеволуција
 
Beauty

Администратор
49,859
61,846
113
Точно, не е само да се смени, нека се смени ама да се има визија кој и што ќе прави.

Мада и тука се продаде прича за бесплатно здравство, Додека сум жив нема промена име, Правда и вратени пари кај народот, Затвор за криминалците… па на крај ништо од тоа чак и полошо.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Точно, не е само да се смени, нека се смени ама да се има визија кој и што ќе прави.

Мада и тука се продаде прича за бесплатно здравство, Додека сум жив нема промена име, Правда и вратени пари кај народот, Затвор за криминалците… па на крај ништо од тоа чак и полошо.
Ама битно радиодифузна такса укинаа = најголемата победа на Македонците од почетокот на 21-от век, вредна 200 денари месечно = 2.400 денари годишно, па тоа се 40 евра годишно, кој ти ги дава. :of lele:
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Те прашувам бидејќи плановите за пост-Милошевиќева Србија баш и не резултираа со некои позитивни промени
Не резултираа зошто не беа лустрирани сите злосторници од 90ти па повторно не јаваат исти последните 10-15 години.

Доволно е да следните кои ќе дојдат на власт почнаат да применуваат и реформираат закони, да проработат институции, да се намали криминал и корупција и тоа е сѐ.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Не резултираа зошто не беа лустрирани сите злосторници од 90ти па повторно не јаваат исти последните 10-15 години.

Доволно е да следните кои ќе дојдат на власт почнаат да применуваат и реформираат закони, да проработат институции, да се намали криминал и корупција и тоа е сѐ.
И кои ќе ви бидат тие следните кои ќе дојдат на власт, имате испланирано кои ќе бидат и какви политики ќе водат ?
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
И кои ќе ви бидат тие следните кои ќе дојдат на власт, имате испланирано кои ќе бидат и какви политики ќе водат ?
Не бре, никој нема испланирано ништо од опозиција, само Вучиќ има план за сѐ и дај он да владее доживотно како Тито.

Ама добро, истите будалаштини се вртат и тука, народот не ја сака опозиција зошто нема политика и план, ќе се гласа за опозиција кога ќе дојде на власт и слично.

Вие не сфаќате дека тука демократија не постои, не постои никаков план ни програм, гласа се само за власта и за работа преку партиската карта.
 
Дали имало или немало демократија е тотално небитно доколку имаш право на избор и ти е дозволено да гласаш за било која од понудените опции на гласачкото ливче.

Ако играш на картата долу влада, тогаш очигледно ништо не сте научиле од изминатите 23 години.

Слободно можеш да ги прашаш сите кои ќе ги има на гласачкото ливче, какви ќе им бидат плановите за понатамошниот економски развој на државата, социјалните политики на државата, здравството, образованието, државните долгови, надворешната политика - ова последново особено важи за Србија бидејќи е единствена држава од Балканот која не и се ку_чи на Русија без потреба со санкции и слични глупости и гнасотилаци.

Дали воопшто ги имаш прашано тие следните кои ќе дојдат на власт, какви им се плановите за идниот развој на Србија ?

Денес доаѓате на власт, од утре што ќе правите ?
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
ова последново особено важи за Србија бидејќи е единствена држава од Балканот која не и се ку_чи на Русија без потреба со санкции и слични глупости и гнасотилаци.
Па тако кажи, да се знаат приоритетите.

Србија ќе ѝ се курчеше на Русија да не е шизофренија од држава со владеечката партијата полна од руски и НАТО лобисти, па идиотов тера малку на една, малку на друга страна.

Нема да продолжам да играм во твојов циркуз, најди си друга будала за забава. Гајле ти е тебе и за привреда, и за животен стандард, и за институции и за закони, само не дај да Србија воведе санкции на кловнот од Кремљ.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Па тако кажи, да се знаат приоритетите.

Србија ќе ѝ се курчеше на Русија да не е шизофренија од држава со владеечката партијата полна од руски и НАТО лобисти, па идиотов тера малку на една, малку на друга страна.

Нема да продолжам да играм во твојов циркуз, најди си друга будала за забава.
Јас ниту сум во Србија, ниту навивам за промена на власта во Србија, не гледам каде препозна циркус во дискусијата.

Прашања кои произлегоа од дискусијата се:

Какви ви се плановите за пост-Вучиќева Србија ?

Кои ќе бидат тие следните кои ќе дојдат на власт во Србија, и какви политики ќе водат ?
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Фијаско од митингот, цел час се трескаа глупости, потоа Александар дојде, пола час нешто зборуваше и тоа е сѐ. Полно беше само пред Собранието, далеку помал број на луѓе во однос на минатиот петок.

Утре во 18ч ќе биде вистинскиот спектакл :pie kafe:

И да, една жена кај е, знае ли се?
 
Знае ли се ?
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Какви ви се плановите за пост-Вучиќева Србија ?

Кои ќе бидат тие следните кои ќе дојдат на власт во Србија, и какви политики ќе водат ?

Знае ли се ?
Јас ти реков што имав да ти кажам, а ти можеш слободно да сметаш дека не постои никаков план, дека ќе се водат антисрпски, антипутин политики па продолжи со твоите бесмислени шаблонски романи, во тој циркуз нема да учествувам.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Јас ти реков што имав да ти кажам, а ти можеш слободно да сметаш дека не постои никаков план па продолжи со твоите бесмислени шаблонски романи, во тој циркуз нема да учествувам.
Ако ти и твоите истомисленици немате никаков план за иднината на Србија после Александар Вучиќ, ќе ме извиниш, ама баш во такво сценарио ти и твоите истомисленици повторувате бесмислен шаблон од октомври 2000, а за жал резултатите ќе ви бидат исти. Од ваква гледна точка токму ти и твоите истомисленици испаѓате циркузанти, повторувате еден ист настап, но под друга продукција, односно под ангажман на некој друг.

Еве јас нема да те обесхрабрам од било какво понатамошно учество во идни протести, но те охрабрувам пред да излезете со твоите истомисленици на протест да си направите ревизија на сопствената историја од октомври 2000 па наваму, или па од поново време направете ревизија на македонската историја од 2015/2016 година па наваму - помал материјал ќе имате да совладате.

Па потоа размислете си убаво какви ви се плановите за пост-Вучиќева Србија и кои ќе бидат тие следните кои ќе дојдат на власт во Србија и какви политики ќе применуваат.
 
Top