Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Повеќето членови и посетители на форумов појма немаат кој е Џорџ Орвел или што напишал, а уште помалку па што е тоа Соба 101, но тоа не го менува фактот дека не смее на игнорантите да им се дозволи да кажат дека вистината не им била пред нос.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/dzhulijan-asanzh-bitkata-koja-ne-smeeme-da-ja-izgubime

Џулијан Асанж, битката која не смееме да ја изгубиме

15 мај 2023 - 12:55

Џулијан Асанж скапува во самица. Драматично ослабнат, често под силни седативи, претрпе мал срцев удар, му се одбиваат медицински третмани и гледања со адвокат, забележан е како халуцинира и ја мава главата во ѕид. Крис Хеџис вели дека она што му се случува е класична егзекуција, само што се реализира во слоу моушн. Така е и планирано.



Притворањето и прогонот на Џулијан Асанж ги демаскира сите фолирања за владеење на правото и правата на слободниот печат. Незаконитостите, прифатени од еквадорската, британската, шведската и американската влада се застрашувачки. Тие предвидуваат свет во кој злоупотребите, корупцијата, лагите и злосторствата, особено воените злосторства, извршени од корпоративните држави и глобалната владејачка елита, ќе бидат скриени од јавноста. Тие предвидуваат свет во кој оние со храброст и интегритет да ја разоткријат злоупотребата на моќта, ќе бидат ловени, мачени, подложени на лажни судења и доживотни затворски казни во самица. Тие најавуваат орвеловска дистопија каде вестите се заменуваат со пропаганда, тричарии и забава.

Стравувам дека правниот линч на Џулијан го означува официјалниот почеток на корпоративниот тоталитаризам кој ќе ги дефинира нашите животи.

Според кој закон еквадорскиот претседател Ленин Морено каприциозно му ги прекина правата на азил на Џулијан како политички бегалец? Според кој закон Морено ја овластил британската полиција да влезе во еквадорската амбасада - дипломатски заштитена суверена територија - за да уапси натурализиран граѓанин на Еквадор? Според кој закон Доналд Трамп побара екстрадиција на Џулијан, кој не е државјанин на САД и чија новинска организација не е со седиште во САД? Според кој закон ЦИА ја прекршила доверливоста адвокат-клиент па ги надгледувала и снимала сите разговори на Џулијан - и дигитални и вербални - со неговите адвокати и планирала да го киднапира од амбасадата и да го убијат?

Корпоративната држава арбитрерно ги гази правата и правилата. На тој начин имаме право на приватност, без приватност. На тој начин имаме „слободни“ избори, ама финансирани од корпоративни пари, покриени од усогласени корпоративни медиуми и под железна корпоративна контрола. Така имаме законодавен процес во кој корпоративните лобисти ја пишуваат легислативата, а корпоративните политичари го изгласуваат за закон. Така имаме влада - чија основна одговорност е да ги заштити граѓаните - која наредува и извршува атентати на сопствени граѓани, како што се муслиманскиот свештеник Анвар ал-Авлаки и неговиот 16-годишен син. На тој начин имаме медиуми на кои законски им е дозволено да објавуваат доверливи информации ама најважниот издавач на нашата генерација седи во самица и чека екстрадиција во САД.

Психолошката тортура на Џулијан - документирана од специјалниот известувач на ОН за тортура, Нилс Мелцер - е истоветна со кршењето на дисидентот Винстон Смит во романот на Џорџ Орвел „1984“. Гестапо кршеше коски. Источногерманската Штази кршеше души. Ние ги правиме и двете. Поефикасно е.

На Џулијан систематски му се нарушува неговото физичко и психичко здравје. Тоа е егзекуција во забавена снимка. Така е планирано.

Тој минува поголем дел од времето во изолација, често под силни седативи, му се одбиваат медицински третмани за различни физички заболувања. Рутински му се забранува пристап до неговите адвокати. Изгуби многу на тежина, претрпе мал мозочен удар, помина време во крилото на затворската болница - кое затворениците го нарекуваат „пеколното крило“ - па заради суицидални мисли беше оставен во долга самица, забележан како халуцирина и ја удира главата во ѕид. Нашата верзија на страшната „Соба 101“ на Орвел.

Џулијан беше маркиран за ликвидација од страна на ЦИА веднаш штом тој и Викиликс ги објавија документите познати како Vault 7, обелоденувајќи го арсеналот за сајбер војна на ЦИА - десетици вируси, тројанци и малициозен софтвер - и нивните системи за далечинска контрола, дизајнирани да злоупотребат дупки во многу производи на американски и европски компании, вклучително iPhone на Apple, Android на Google, Windows на Microsoft, па дури и паметните телевизори на Samsung, кои можат да служат како микрофони дури и кога се исклучени.

Од своето основање, ЦИА вршеше атентати, државни удари, тортура, кампањи за црна пропаганда, уцени и нелегално шпионирање и злоупотреба, вклучително и граѓани на САД. Сите овие злосторства, особено по нападите од 11 септември, се вратија како бумеранг. ЦИА има свои вооружени единици и програма за беспилотни летала, одреди на смртта и огромен архипелаг од глобални црни локации каде што киднапираните жртви се мачат и исчезнуваат.

САД издвојуваат таен црн буџет од околу 50 милијарди долари годишно за да сокријат разни типови тајни проекти што ги спроведуваат Агенцијата за национална безбедност, ЦИА и други разузнавачки агенции, обично надвор од контролата на Конгресот. ЦИА има добро подмачкан апарат, па затоа, откако постави систем за 24-часовен видео надзор на Џулијан во амбасадата на Еквадор во Лондон, сосема природно размислуваше за негово киднапирање и убиство. Тоа им е работа.

Сенаторот Френк Чрч - откако ги анализираше обилно цензурираните документи на ЦИА кои ги доби неговиот комитет - ја дефинираше „тајната активност“ на ЦИА како „семантичка маска за убиства, принуда, уцени, поткуп, ширење лаги и здружување со познати мачители и меѓународни терористи“.

Не плашете се од марионетите, плашете се од оние кои ги управуваат.

Ова е борба за Џулијан, кој го познавам и му се восхитувам. Тоа е борба за неговото семејство кое неуморно работи за негово ослободување. Тоа е борба за владеење на правото. Тоа е борба за слободата на печатот. Тоа е борба за спас на она што остана од нашата демократија која полека исчезнува. Тоа е борба која не смееме да ја загубиме.

Крис Хеџис

**************

Види и:

Лектира за славјанки и слични милитантни пацифисти

Лагата за американската невиност

Местото каде што либерализмот доаѓа за да умре
 

Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Јас се чудам како народов се навикна на овој хаос во земјава. Абе излези на улица, избркај тоа Таче Маче, фати за коса Данела, тресни од земја тоа Груби Ахмети .... гледаме секој ден очигледни скандали и остануваме слепи. Мостов ејјј изгоре и никој ништо не превзема. Хаос е во сообраќај во Скопје во тој дел, хаос.

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Спасот е само ако постоеше опција копче да се исклучи државава на една година :hehe:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Не, туку да се искубат и треснат од земја овие неспособни.
Не сме ние таков народ. Јаки сме на интернет и на збор а многу послабо реагираме. И да реагира народот после една две или три недели се повлекува и никому ништо.

Колку протести имало и разно разни ситуации на протестите и по некој ден се повлекува народот.

Факт е дека во оваа држава со мирно не се решаваат проблемите.
 

Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Па така де, што знаат они па и ти ... :pie kafe:

Градоначалничката Данела Арсовска професорите и деканот на Градежен факултет ги нарече самонаречени експерти кои давале паушални изјави во медиумите во врска со опожарениот мост „Беласица“
 

Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Бесплатен превоз и јадење и од МК за митингот на Вучиќ во сабота.

Охооо, се гледаме, Београд.

 

Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Бесплатен превоз и јадење и од МК за митингот на Вучиќ во сабота.
Супер, супер, дојди во сабота, тогаш и треба да се дојде :pie kafe:

 

Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Во петок сум таму де.
Тогаш се гага сендвичите.

Ќе се натоварам со храна и за назад, со баба ми ќе имаме за цела недела јадење :smeenje:
 

Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Леле лелеее цела идна недела нема да готвиме дома, Вучичууууу
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Памет за друг пат, деца, ако не ви беше сомнително од 2020 до 2022 година, да не ве фати неподготвени наредниот експеримент на социјален инженеринг и тоталитаризам.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/imalo-i-podobri-reshenija-od-karantini

Имало и подобри решенија од карантини

24 мај 2023 - 07:20

Вообичаена самоизолација (да не одиш на работи или на школо кога си болен) и редовно тестирање за ковид, ќе беа поуспешни тактики отколку оние кои беа наметнати: општи карантини, затворање школи и строги физички дистанци, покажуваа епидемиолошки и економски модели кои ги тестирале овие стратегии во разни варијабли.



Редовното дијагностичко тестирање и самоизолацијата ќе беа поефикасни од затворањето на училиштата и деловните субјекти кога станува збор за борба против заразни болести како што е ковидот, порачува студија од Универзитетот во Вајоминг, објавена во Сајентифик Репортс.

Тие развиле епидемиолошки и економски модел за споредување на ефикасноста на задолжителното физичко дистанцирање од политиките за редовно тестирање и самоизолација при што утврдиле дека во повеќето разгледувани сценарија, втората стратегија се покажала како далеку подобра.



Оние држави кои „се кладеа“ на строги карантини и затворени школи и бизниси, наместо да инсистираат на често тестирање, се соочија со огромни економски последици, лоши ефекти врз менталното здравје и пореметување на социјалните интеракции на подолг период.

„ Откривме дека за епидемија слична на онаа од ковид, оптимизирана стратегија на случајно тестирање со доброволна самоизолација може да донесе повисоки нето придобивки од стратегијата за масовно физичко дистанцирање во широк опсег “, напишаа економистите од студијата.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Top