Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
За сите кои историјата ви е не слаба страна, туку воопшто не ви е никаква страна, повелете нови идеи за понатамошно уништување на образованието како за сегашните, така и за идните генерации.

Само немојте после со приказни од типот "нас никој не не` прашува, се ни е` одлучено одозгора" или "сите се исти".

https://www.fakulteti.mk/news/13042023/fizika-hemija-biologija-i-geografija-vo-eden-predmet---shestooddelencite-kje-imaat-samo-tri-chasa-nedelno-prirodni-nauki

Физика, хемија, биологија и географија во еден предмет - шестоодделенците ќе имаат само три часа неделно природни науки

13.04.2023



Откако Бирото за развој на образованието го објави наставниот план за шесто одделение, каде што може да се види дека од следната учебна година шестоодделенците географијата, биологијата, хемијата и физиката ќе ги учат во еден предмет наречен природни науки, а историјата воопшто ја нема како предмет, реакции почнаа да стигнуваат од сите страни.

Од Македонското географско друштво истакнаа дека во рамките на Природно-математичкиот факултет во Скопје со институтите во негов состав и соодветните струкови друштва за географија, биологија, физика и хемија се преземаат активности за запирање на реализација на концепцијата заклучно со шесто одделение, така што во продолжение наставните планови во седмо, осмо и деветто одделение би останале непроменети.

- За таа цел, деновиве ќе бидат испратени писмени реакции до надлежните државни институции, како и реализација на непосредни разговори на највисоко ниво. Се надеваме дека тие активности ќе придонесат за зачувување на статусот на наставните предмети: географија, биологија, физика и хемија - велат оттаму.



Според наставната програма за предметот Природни науки за шесто одделение, објавена на страницата на БРО, децата ќе имаат три часа неделно по овој предмет, а предметот може да го предава лице кое завршило факултет за некоја од четирите природни науки. Тоа значи дека некој што студирал, на пример, двопредметни студии физика-информатика, ќе треба да има познавања и од географија и од биологија и од хемија и да предава природни науки.

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Ова е тотална глупост што ја прават затоа што како што и пишува некој кој треба да предава природни науки треба да ги знае сите предмети што ќе се предаваат во еден предмет.
 

Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
А што бара физика и хемија во 6 одделение? Тие се учеа во 7 и 8 одделение, по ново веројатно во 8 и 9-то. Какво црно 6то со хемии и физики, не сфаќам.

Значи што е работава со 6-то? Сакаат да спојат физика, хемија и биологија, а од друга страна да спојат историја, географија и граѓанско општество. И тоа е само за шестто, како што читам. Не верувам дека ќе помине, посебно второво.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Па во 5то и 6то си имаше Природни науки споено, не е ново тоа.

Од 7-мо почнуваа Географија и Биологија одделно, па од 8мо - Хемија и Физика и така до крај.

Сега по Кембриџот како е, не знам.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
И тоа е само за шестто, како што читам. Не верувам дека ќе помине, посебно второво.
Ако помине за шесто, ќе помине постепено и за другите одделенија. Затоа најдобро да се сосече идејава во корен.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Знам дека повеќето членови и посетители на форумов ве заболе колку што се има симнато снегот од Шар Планина до Скопјево, но сепак нека си стои ова тука.

Не смее на игнорантите да им се остави простор за да можат да кажат дека не биле информирани и дека не знаеле.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/najgolemiot-kriminal-protiv-choveshtvoto-vo-istorijata

Најголемиот криминал против човештвото во историјата

29 април 2023 - 21:36

Синтетизирајќи шокантни откритија од анализите на илјадници документи на „Фајзер“, д-р Наоми Волф (Јејл, Оксфорд) рече дека си имаме работа со монструми. „Нема шанса да се избегне заклучокот дека цел им е да ја пореметат човечката репродукција“, вели таа и додава „Тоа е биолошко оружје и ние сме нападнати.“



Долгогодишната Демократка (за оние кои размислуваат политички бинарно) признава дека настаните во последните три години сериозно го нарушиле нејзиниот поранешен поглед на светот и дека она што е сега најважно е „Уставот, слободата (како liberty) и слободата (како freedom)“.

Taa и Стив Банон регрутирале 3.500 научни и медицински експерти за да помогнат во анализа на десетици илјади документи што Фајзер ги има доставено до Агенцијата за храна и лекови за безбедноста и ефикасноста на нивните ковид вакцини.

Агенцијата првично пробуваше да не ги предаде овие документи обидувајќи се да наметне нивна 75 годишна тајност, но судот во Тексас го отфрли нивното барање и првата транша документи беа објавени лани во март.

Овие 3.500 ангажирани експерти биле поделени во шест работни групи за да ги анализираат документите и да креираат извештаи кои ќе бидат достапни и разбирливи за пошироката јавност.

Волф вели дека документите на Фајзер „содржат докази за најголемото злосторство против човештвото во историјата на нашиот вид“.

Во 11 точки даде резиме на некои од работите кои излегоа на виделина:



1. Фајзер знаеле дека вакцината не го запира ковидот, дека имунитетот од нив не само што брзо паѓа туку оди и во таканаречена негативна ефикасност (вакцинираните имаат поголеми шанси да фатат ковид).

2. Брзо откако ги пуштија вакцините, Фајзер фати да вработува 2.400 луѓе да се бават со папирологија на случаите на луѓе кои претпреле оштетувања од нив.

3. Фајзер и Агенцијата четири месеци ја задржувале информацијата дека вакцините прават проблеми со срцето кај млади, додека истовремено со жестока кампања убедија уште илјадници млади да се вакцинираат.

4. Фајзер знаеле дека опасните липидни наночестички од вакцината брзо се дистрибуираат по телото и завршуваат во мозок, црн дроб, се таложат во јајници....

5. Документите на Фајзер, само во првите три месеци регистрираат над 42.000 несакани појави, вклучително и 1.200 смртни случаи, вклучително мозочни удари, хеморагии, згрутчување на крвта, згрутчувања во белите дробови, во нозете, невролошки нарушувања, деменција, Гилијан-Баре, фацијалис....

6. Пред да стане легално, биле вакцинирани над 1.000 деца а документите на Фајзер регистрираат висока стапка на сериозни проблеми.

7. Документите на Фајзер откриваат „експеримент од типот Менгеле... за тоа како да се наруши човечката репродукција.“ Достапни записи на учесници во студија кои зачнале деца покажуваат дека 80% ги изгубиле своите бебиња.

8. Фајзер знаел дека постои опасност за плодноста. Липидните наночестички ја оштетуваат плацентата за време на бременоста, предизвикувајќи предвремени породувања.

9. Документите на Фајзер покажуваат дека липидните наночестички влегуваат и во мајчиното млеко и преку него прават разни белји на бебињата.

10. Биле забележани 16% репродуктивни пореметувања. „Какви се тоа монструми кои ќе најдат 16% репродуктивни пореметувања и ќе продолжат како ништо да не било?“

11. Документите на Фајзер откриваат дека липидните наночестички „ги деградираат машките бебиња во матката“ со тоа што ги минуваат тестисите и оштетуваат два типа клетки кои во суштина се „фабрики на машкоста“. Овие клетки „се одговорни за машката хормонална рамнотежа која создава работи како длабоки гласови, влакна на нивните тела, широки рамења, сите работи што ги поврзуваме со нормалната мажественост. И тоа се деградира“. „Значи, не знаеме дали овие малечки бебиња на вакцинирани мајки ќе можат да пораснат во сексуално функционални возрасни мажи“, предупреди Волф.

Нека ни е на здравје.

 

Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Јас ставив од секоја по една доза, Фајзер чак и две па шта буде нек буде.
Ако земам да се секирам за Фајзер, Бугари во устав, историја пред Тито, животот ќе ми летне. :406389: Затоа коктел и уживкање.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Со посвета до сите игноранти, односно идните риби кои ќе бидат оставени на суво.

https://off.net.mk/zezalici/meshano/bolest-na-novoto-vreme-izneveritis

Болест на новото време: изневеритис

2 мај 2023 - 12:12

Проследeтe ја целата приказна и додека го правите тоа, помислете на тоа како се живееше на оваа планета последниве три години. Се разбира, и подолго, ама последните три беа лабораториски поучни, особно сега, кога се дознаваат работите.



„ Кога имав 16 години, отидов на час по биологија, мислејќи дека ќе биде тоа уште едeн нормален час. Кога влегов во училница, сите клупи беа наредени во круг и човекот кој секогаш беше добар и пријатен предавач, одеднаш беше милитантен и застрашувачки и со строг заповеден тон ни кажа да седнеме, да затвориме уста и дека секој што ќе зуцне, автоматски нема да го помине класот. Сите бевме збунети, јас бев добра ученичка и оценките ми беа важни па бев уплашена.

На средината на кругот во кој седевме имаше клупа, на неа кугла со вода и рипка во неа. Тој нè погледна, ја извади рипката, ја стави на клупа, излезе и ја затвори вратата.

Сите само се гледавме меѓусебе, се прашувавме што правиме, тоа што беше пред мене одеше против сè што чувствувам, немоќно да гледам како рипката умира... А предавачот уште еднаш ни имаше повторено: Ако прозборите, ако мрднете, ако станете, автоматски паѓате.

Сите само се гледавме, чекајќи некој друг да стори нешто бидејќи никој не сакаше да биде тој што ќе настрада. Се чинеше како вечност, иако најверојатно беа само 2,5 минути после кои една Хана стана и рече „Кој го ебе“ и ја врати рипката во водата.

Кога Хана го направи тоа, тој влезе, нè погледна сите и ни кажа:

„Гледајте што ви има направено светот. Се изневеривте самите себе, за што?“

Постојано се навраќам на таа лекција бидејќи тогаш се зарекнав, никогаш повеќе нема да бидам таква личност, никогаш! “

Колку луѓе на оваа планета молчешкум ја имаат прифатено секоја можна лага, затоа што им било кажано да седат мирни и да бидат послушни? Или уште полошо, ги изневериле своите пријатели и семејство, само за да можат да продолжат "нормално"?

 

Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
:pie kafe:

Градоначалничката Данела Арсовска не кажува дали огласот за враќање на приватните превозници како дел од јавниот превоз во Скопје е успешен или пак ќе го поништи како минатиот пат без да даде објаснување зошто
Па така де.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,171
21,597
113
Градот Скопје е со блокирана сметка и пред банкрот
Данела сега ќе треба да ги плаќа долговите направени од претходните лопови, како што идната Влада ќе треба да ги враќа долговите направени од моменталните ненаситни лопови.
 

Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Ама како може на неа све да и се случува ?
Мене женава ми е ужас искрено.
 
Top