Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Не можам да ги поднесам ТМобиле. Одамна ќе се префрлев на ОНЕ (ако можеше да се префрлам и пак да бидам на припејд) или на ВИП (ако имаа подобра мрежа).
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Имам два броја еден на Вип и друг на Ти-Мобајл. Го користам оној на вип бидејќи сите блиски ми се на вип и бесплатно си зборувам. Во понеделник ставам кредит 100 денари 80 одат на бесплатни повици, а 20 на останатите мрежи што е многу бидејќи во просек 2-3 пати неделно се јавувам на останатите мрежи. 400 денари месечно е многу подобро одколку пр. 500 денари на Ти-Мобајл кои за половина месец најверојатно ќе летнат.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #43
Удел за првиот квартал во 2011:

T-Mobile 53,71%
One 23,78%
Vip 22,51%

Vip веќе ги престигнува One, ама споредбено со третиот квартал од 2010-та, One немаат пад, туку се гледа дека Vip најмногу зема корисници од T-Mobile.

T-Mobile 58%
One 24%
Vip 18%
 

dragan

Нов Член
72
0
0
Ana-Marija напиша:
Да цело време сме тука конектирани на интернет преку телефон. Еве пример у мое школо нема дете што нема блекбери или ајфон,а тие 2телефона имаат апликации кои порржуваат четување меѓу нив постојано бесплатно. Блекбери месинџер и вуатс ап се викаат (сте слушнале сигурно). Али исто и пораките на сите ни се бесплатни преку било која мрежа така да не си грешка и за тоа дека постојано се праи.
тачна ли си што збориш :haha::haha::haha::haha::haha::haha: :off:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #45
Претходнава ноќ VIP ги оставил корисниците без мрежа неколку часа!
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Да така беше, се обидов да му ѕвонам на брат ми околу 2 по полноќ но неможев да се јавам, немаше мрежа. А што беше причината, знае некој?
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #47
Официјално соопштение од Vip:
Почитувани корисници, заради подобрување на квалитетот на услугите и проширување на расположливите капацитети, во ноќта помеѓу 23 и 24 август, беше извршена планирана надградба на системите во Вип оператор. Во текот на надградбата имаше прекин од времен карактер на дел од услугите на Вип оператор во одредени делови од Македонија. Од раните утрински часови, после завршување на надградбата, целиот комуникациски сообраќај се одвива редовно. Ви благодариме на разбирањето, Вип оператор

* * * * *

Иако ова делува како пропагандна, мислам дека е причината поради квар со мрежата. Видливо е дека нивната мрежа е fail невиден.
 

Bibliophile

Член
459
1
18
dragan напиша:
тачна ли си што збориш :haha::haha::haha::haha::haha::haha: :off:
Па со оглед на тоа што живее во Канада веќе 2 години, сигурно ја знае ситуацијата подобро од тебе! И во иднина внимавај како се изразуваш. :rolleye:

Да не бидам надвор од темата, ги користам услугите на ONE веќе долго време и задоволна сум од нив!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Јас ги користам Т мобиле али пред неколку месеци ми се блокира картичката поради тоа што јас го утнав пинот и сега цело време де ова де она испаѓа и не отидов да го однесам да ми го одблокираат а викаат било 15 минути работа:ehh:
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Оние Т-Мобиле ме изгореа за овие 2месеци што сум тука. Јули сметка 3500,август уште не завршен ми е 2700. А не зборам нешто многу,пораки коа како пракам. Сите што ми се на вип,си купив вип број и од него зборам со нив. Овој само за тмобиле и некогаш за оне.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #52
Добра нова понуда од One во пост-пејд:
http://www.one.mk/default.aspx?SectionID=13

Конечно One се разбудија од зимски сон, пред малку гледав интервју на Сител со директорот, изјавија дека од денес имаат нов менаџмент.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Дали некој од вас ја активира новата услуга од T-mobile „ Ако мене ме прашуваш “? На рекламата кажуваат 1 ден мин кон сите мрежи ама нема никакви други информации ни на интернет пример колку кредит е потребно за тоа, колку е воспоставувањето на повик? Не верувам да е се така сјајно и со денар да се поминува
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83


Хаха, добра заебанција.

Ова како во казината и кладилниците, секогаш куќата добива. :haha:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #55
Ова е изгледа грешка од префрлањето на форумот на нов софтвер.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #56
Vip е официјално втор оператор:

Излезе извештајот за развој на пазарот на електронски комуникации на АЕК за третиот квартал од 2011-та година. Овој период ќе биде одбележан со првото значајно поместување откако во Македонија функционираат три мобилни оператори, па така Vip го надмина One и сега се наоѓа на второто место. T-Mobile е сеуште доминантен мобилен оператор со 53,32% удел, Vip има 24,30%, а One 22,38%.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Одличен текст. Јас сум на T-mobile, а во друштвото имаме броеви од сите оператори. Инаку имам easy sms тарифа и праќам пораки понекогаш ама и се се јавувам. Инаку овие што се на ONE порака со ДДВ им е 5,9 ден, а разговор кон другите мрежи околу 7 ден мислам ( можи сум грешка ама отприлика толку) и нивниот коментар е дека подобро им е да се јават отколку да пратат порака, па да чекаат одговор, па уште една ако треба потврда некоја и вкупната сум ќе дојди многу повисока од 7 ден за минута разговор кон други мрежи или за 6 минути кон нивната
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Извинете ама незнам ова во која тема да го ставам па рашив тука ,ако некој смета дека треба во друга тема слободно нека го префрли некоја одговорен на форумов

Лажна Кока Кола СМС порака ги празни џебовите на Македонците?!
Сте добиле ли смс порака од компанијата Кока Кола, со англиски префикс, во која пишува дека сте наградени со милион долари!? Внимавајте, ова не е никаква награда, туку обид на група криминалци од азиските земји да ви го испразнат паричникот.
На старт, ова се чувствува дека е класична измама.
Пораката е испратена од меѓународен број, како на пример +44-740-xxx-xxxx, иако ова е префикс за Обединетото кралство, не мора да значи дека тоа е така, бидејќи на пример преку Skype, секој може да стане сопственик на ваков телефонски број за само педесетина долари.
Ве известуваат дека сте добитник на голема сума на пари (лотарија, наследство од некој роднина, наградна игра на некоја голема светска компанија), во случајов се работи за компанијата Кока Кола.
Податоците ги праќате на е-маил адреса со суфикс на Hotmail, како на пример: [email protected]
Но тука не е крајот, откако ќе им пратите целосни податоци, за да ви биде дадена целата таа сума што сте ја добиле, треба да платите "мал" износ што се користи за обработка на податоците, процесирање на истите и трошоци за поштарина, од сума која изнесува околу 500 долари.

Откако ќе им ги пратите тие пари (строго по Wester Union Money Transfer), им се губи секаква трага и веќе не ве контактираат.
Стотици граѓани се пожалиле дека на своите мобилни телефони од Македонија добиле вакви пораки. За жал Македонските оператори немаат механизми да ги спречат ваквите пораки.
ваква порака имав добивано повеќе пати :off:
 

Posh Girl

Нов Член
233
0
0
Јас сум на Т-Мобајл и не сум ги користела другите оператори. Моите сите се на Т- Мобајл, а Бидејќи не студирам во мојот град ја активирав услугата совршен пар со мајка ми. Исто така ја користам услугата Easy СМС па со секое надополнување на кредит од повеќе од 150 денари добивам беспатни пораки кои морам да ги искористам во рок од една недела. Во последно време многу од друштвото, од колегите од факс и роднини исто така се префрлија на ВИП но јас се уште цврсто стојам дека Т-Мобајл се најдобри. Навистина претеруваат со цените но мрежата им е беспрекорна. На нивната веб страна видов дека имаат нови понуди за припејд и сега размислувам да се префрлам од СМС на некоја од новите понуди.
 
Top