Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
22,684
8,763
113

 

Beauty

Администратор
58,120
74,962
113
Тек идна година? И тоа тек во еден град хахаха
Нека одберат Македонски брод ете таман, со 100 жители.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
22,684
8,763
113
Тек идна година? И тоа тек во еден град хахаха
Нека одберат Македонски брод ете таман, со 100 жители.
A што мислиш лего коцки се и ете до крајов на годинава ќе стават своја мрежа базни станици и што и да треба така брзо секаде во сите градови. Плус во ваква држава се оди поспоро.
 

Beauty

Администратор
58,120
74,962
113
A што мислиш лего коцки се и ете до крајов на годинава ќе стават своја мрежа базни станици така брзо секаде.
Не зборам за нив, немам замерка за нивната работа, не ја ни познавам, но муабетот ми е контра оваа владина пропаганда да не трупаат со непотребни информации буквално секој ден од јутра до сутра. Пр ова, што ќе биде 2027-2028 хахаха

Плус во ваква држава се оди поспоро.
Не ме потсетувај, ние полека но сигурно одиме. Затоа сме некаде крај на 90ти - почеток на 2000. Добро е бар што влегуваме во новиот милениум, ако ништо друго.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
22,684
8,763
113
Jaс луѓе сепак решив да ги откачам Телеком и да се префрлам во А1. Телеком немале техничка можност за кабел да се донесе во мој стан. И потоа ништо не завршив со нив.

Телеком повеќе ми одговараше за телевизија повеќе канали ама решивме да намалиме сметка. Плус сега роденденскава понуда даваат поголем буџет во А1.
 

Beauty

Администратор
58,120
74,962
113
И сега ќе бидеш задоволен од ТВ понудата на А1 ?
Има све што сакаш ?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
22,684
8,763
113
Епа нели Телеком поише ти одговарал за тв хахаха
Сега испадна Небитно, на нет ќе си гледам
За мене јас може и да се снајдам преку интернет.

За татко ми секако и повеќе одговараше Телеком ама на А1 ги има спортските, РТС има, Star филмските ги има. Единствено нема Nova S, N1, Superstar, Newsmax Balkans и уште некој канали но барем ќе се добие оптички и ќе се намали сметка.

Во квалитет на слика Телеком се подобри и немаат дупли канали а А1 има некој и во SD и во HD како што е пример Arena Sport или Канал 5. Не знам зошто кај нив е така.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
22,684
8,763
113
Топ ко така. Правилна одлука да ги откачиш Телеком со нивниот мизерен интернет.
Да ми пуштеа оптички може и ќе останев на Телеком. Ама секако многу плаќав зошто во Телеком мојте имаа тој поскапиот пакет со скоро све од канали.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
22,684
8,763
113
Од денес сум во А1. Утре ќе ми наместат интернет и телевизија дома па да видиме како ќе биде и дали мојте оваа зима ќе се задоволни од телевизијата.

Чао Телекомци, Чао Тања, Маgenta, MaxTV, Чао Чао до некој идни подобри времиња :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
22,684
8,763
113
Да не го купуваат овие Neotel?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
22,684
8,763
113
А зашто би било тоа битно, мислам кој фактор е Неотел :haha:
Онака прашав зошто ете серверите ги ставиле во Неотел затоа ми беше и прашањево а и со купување веќе постоечки оператор на полесен начин уште на почеток би биле присутни низ државава со интернет и телевизија, ќе земат база на корисни одма.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,217
543
113
А зашто би било тоа битно, мислам кој фактор е Неотел :haha:
Навистина врска немаш од технички аспект ?

Неотел е третиот телекомуникациски оператор во Македонија со сопствена оптичка телекомуникациска мрежа - фактор со кој можат да се пофалат само Македонски Телеком и А1 Телеком.

Купување на телекомуникациски оператор со сопствена оптичка телекомуникациска мрежа далеку ја олеснува и забрзува изградбата на сопствена мобилна телекомуникациска мрежа за било кој потенцијален нов мобилен телекомуникациски оператор.

Секако дека мора да се спомне и Телекабел бидејќи и тие имаат сопствена оптичка телекомуникациска мрежа, но услугата и понатаму им е катастрофа, а изведбата на мрежата им е далеку покатастрофална, поради што не вредат да бидат спомнати како оператор со сопствена оптичка телекомуникациска мрежа, иако во пракса Телекабел е трет по распространетоста на неговата оптичка телекомуникациска мрежа, а Неотел е четврт. Но токму катастрофалната изведба на оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел е главната причина зошто било кој потенцијален нов мобилен телекомуникациски оператор воопшто не би го зел Телекабел во предвид за купување, повеќе пари ќе фрли во санирање на катастрофалната оптичка телекомуникациска мрежа на Телекабел отколку што би дал пари за изградба на сопствена целосно нова оптичка и мобилна телекомуникациска мрежа.

Има и локални и регионални кабелски оператори кои исто така нудат оптички Интернет преку сопствени оптички телекомуникациски мрежи, но ограничени се на подрачјата во кои работат и ретко кој потенцијален нов мобилен телекомуникациски оператор би се нафатил да ги купува еден по друг како што тоа го правеше Кејблтел/Близо - на кои им се исплатеше бидејќи воошто не нудеа мобилна телефонија, туку исклучиво кабелска телевизија и кабелски Интернет за домашни корисници, и секако дека не знаеја дека Телеком Австрија ќе ги купи во иднина и ќе ги спои со Вип Оператор/А1 Телеком.

Причината поради која Неотел е на трето место, а не на четврто, е бидејќи таму каде што оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел е недостапна, а истовремено под услов оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком да е достапна, Неотел изнајмува оптички телекомуникациски приклучоци од Македонски Телеком за потребите на своите корисници.

Не нудат Интернет пакети со гигабитни брзини - засега - но тоа не го менува фактот дека имаат одлична Интернет и ТВ понуда за цените кои ги нудат - далеку подобри во споредба со Телекабел и дефинитивно поевтини од Македонски Телеком и А1 Телеком, а сепак со врвна услуга.

Единствена негативна карактеристика им е тоа што не нудат мобилна телефонија, а и очигледно не ни планираат да нудат, но ако ги купи некој потенцијален нов мобилен телекомуникациски оператор секако дека ќе станат далеку посериозен фактор на македонскиот телекомуникациски пазар.
 

Beauty

Администратор
58,120
74,962
113
Навистина врска немаш од технички аспект ?
Навистина врска немаш од бизнис и пазарен аспект?

Неотел има 1,5 посто пазарен удел во (телефонија, телевизија и) интернет. Што е битно субјективно мислење за мрежата на Телекабел кога Телекабел има удел од 13 посто интернет (и 16 посто телевизија, мал во мобилни ком). Дури и МТел има околу 7-8 удел во телевизија.

Неотел е на ниво на локални оператори како Кабел Нет, Мултимедија итн со 1 кома нешто посто удел и како таков, не е атрактивен за купување, туку само за користење негова оптика. Затоа е поисплатливо да изнајмува оптика него да ја продаде или се согласи на превземање.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,217
543
113
Навистина врска немаш од бизнис и пазарен аспект?

Неотел има 1,5 посто пазарен удел во (телефонија, телевизија и) интернет. Што е битно субјективно мислење за мрежата на Телекабел кога Телекабел има удел од 13 посто интернет (и 16 посто телевизија, мал во мобилни ком). Дури и МТел има околу 7-8 удел во телевизија.

Неотел е на ниво на локални оператори како Кабел Нет, Мултимедија итн со 1 кома нешто посто удел и како таков, не е атрактивен за купување, туку само за користење негова оптика. Затоа е поисплатливо да изнајмува оптика него да ја продаде или се согласи на превземање.
Математикава ти е: ЈСП Скопје има најмногу возила и превезува најмногу патници наспроти приватните превозници кои имаат помалку возила и превезуваат помалку патници.

Но тоа не го менува фактот дека приватните превозници имаат почисти, понови и далеку подобро одржувани возила, мој сосед се пензионираше пред некоја година, а работеше во сервисот на ЈСП Скопје и од прва рака ми изнакажа какви се идиотизми прават таму за да ги одржуваат тие возила за да можат да исполнат најминимални услови за да можат да останат во сообраќај.

Ако било кој потенцијален нов мобилен телекомуникациски оператор го купи Телекабел буквално ќе си пука во колено - не дека газда Роби од гејлада се брза за да го продаде, знае дека има уште пари за молзење од рајата - бидејќи ќе фрли далеку повеќе пари на санирање на глупостите кои Телекабел ги врши при инсталирањето на сопствената оптичка телекомуникациска мрежа отколку што би дал пари за изградба на сопствена нова оптичка телекомуникациска мрежа.

Поодличен пример за анти-квалитетот на Телекабел од ова немаш.

Редослед од десно кон лево: бела правоаголна дозна - Неотел, сивото правоаголно сандаче лево до неа - Македонски Телеком, сиво искривено квадратно сандаче за кабелска телевизија - Телекабел или А1 (поверојатно е дека е Телекабел, А1 користат поголеми сандачиња), бело сандаче со циркусот од испреплеткани оптички кабли - Телекабел.

https://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/shurata-go-biva-za-tie-raboti



Ако на ова било кој потенцијален нов мобилен телекомуникациски оператор ги купи овие фушерајскиве циркузанти со лесно нека му е, ќе фрли уште толку пари за поправање на нивните глупости.

А да, и редовно добиваат пријави до АЕК со записници од МВР со целосна фотодокументација за оштетување на туѓи мрежни инфраструктури - претежно на Македонски Телеком, но и на други оператори, бидејќи фушерајот им е во крвта, секогаш се шлепаат на најлесниот, најбрзиот и најкраткиот можен начин. Кој го купи Телекабел нема само да фрла пари за поправање на нивните глупости, туку исто така ќе ги плаќа и казните за обештетување на другите оператори.

Неотел од друга страна има помалку корисници, но сепак има далеку подобро средена и постабилна оптичка телекомуникациска мрежа, не им се губи сигнал веднаш на првите грмотевици како што е и во случајот на Телекабел - само кај Телекабел се случува на оптичка телекомуникациска мрежа да се губи сигнал при грмотевици, не им се случува ниту на корисниците на Неотел, ниту на корисниците на Македонски Телеком и на А1.
 
Top