Навистина врска немаш од бизнис и пазарен аспект?
Неотел има 1,5 посто пазарен удел во (телефонија, телевизија и) интернет. Што е битно субјективно мислење за мрежата на Телекабел кога Телекабел има удел од 13 посто интернет (и 16 посто телевизија, мал во мобилни ком). Дури и МТел има околу 7-8 удел во телевизија.
Неотел е на ниво на локални оператори како Кабел Нет, Мултимедија итн со 1 кома нешто посто удел и како таков, не е атрактивен за купување, туку само за користење негова оптика. Затоа е поисплатливо да изнајмува оптика него да ја продаде или се согласи на превземање.
Математикава ти е: ЈСП Скопје има најмногу возила и превезува најмногу патници наспроти приватните превозници кои имаат помалку возила и превезуваат помалку патници.
Но тоа не го менува фактот дека приватните превозници имаат почисти, понови и далеку подобро одржувани возила, мој сосед се пензионираше пред некоја година, а работеше во сервисот на ЈСП Скопје и од прва рака ми изнакажа какви се идиотизми прават таму за да ги одржуваат тие возила за да можат да исполнат најминимални услови за да можат да останат во сообраќај.
Ако било кој потенцијален нов мобилен телекомуникациски оператор го купи Телекабел буквално ќе си пука во колено - не дека газда Роби од гејлада се брза за да го продаде, знае дека има уште пари за молзење од рајата - бидејќи ќе фрли далеку повеќе пари на санирање на глупостите кои Телекабел ги врши при инсталирањето на сопствената оптичка телекомуникациска мрежа отколку што би дал пари за изградба на сопствена нова оптичка телекомуникациска мрежа.
Поодличен пример за анти-квалитетот на Телекабел од ова немаш.
Редослед од десно кон лево: бела правоаголна дозна - Неотел, сивото правоаголно сандаче лево до неа - Македонски Телеком, сиво искривено квадратно сандаче за кабелска телевизија - Телекабел или А1 (поверојатно е дека е Телекабел, А1 користат поголеми сандачиња), бело сандаче со циркусот од испреплеткани оптички кабли - Телекабел.
https://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/shurata-go-biva-za-tie-raboti
Ако на ова било кој потенцијален нов мобилен телекомуникациски оператор ги купи овие фушерајскиве циркузанти со лесно нека му е, ќе фрли уште толку пари за поправање на нивните глупости.
А да, и редовно добиваат пријави до АЕК со записници од МВР со целосна фотодокументација за оштетување на туѓи мрежни инфраструктури - претежно на Македонски Телеком, но и на други оператори, бидејќи фушерајот им е во крвта, секогаш се шлепаат на најлесниот, најбрзиот и најкраткиот можен начин. Кој го купи Телекабел нема само да фрла пари за поправање на нивните глупости, туку исто така ќе ги плаќа и казните за обештетување на другите оператори.
Неотел од друга страна има помалку корисници, но сепак има далеку подобро средена и постабилна оптичка телекомуникациска мрежа, не им се губи сигнал веднаш на првите грмотевици како што е и во случајот на Телекабел - само кај Телекабел се случува на оптичка телекомуникациска мрежа да се губи сигнал при грмотевици, не им се случува ниту на корисниците на Неотел, ниту на корисниците на Македонски Телеком и на А1.