Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Some Special

Добро-Познат Член
15,263
21,817
113
И што добива МTEL од виртуелниов оператор?
Ги презема сите негови корисници.
Со згаснувањето на Лајка ќе згаснат и најефтините мобилни пакети. Мтел веќе ги промовира нивните нови припејд пакети кои се поскапи од тие на Лајка.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,472
113
Ги презема сите негови корисници.
Со згаснувањето на Лајка ќе згаснат и најефтините мобилни пакети. Мтел веќе ги промовира нивните нови припејд пакети кои се поскапи од тие на Лајка.
Ок тоа. Мене ме интересира што корист има виртуелен оператор да купи друг виртуелен оператор? Нели MTEL во Македонија е виртуелен мобилен оператор?
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,263
21,817
113
Ок тоа. Мене ме интересира што корист има виртуелен оператор да купи друг виртуелен оператор? Нели MTEL во Македонија е виртуелен мобилен оператор?
Да и тој е виртуелен.
Користа е таа што ја пишав погоре. Полесно може да се пробиеш на пазарот кога имаш база на клиенти, отколку самостојно да ги стекнуваш малку по малку.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,472
113
Да и тој е виртуелен.
Користа е таа што ја пишав погоре. Полесно може да се пробиеш на пазарот кога имаш база на клиенти, отколку самостојно да ги стекнуваш малку по малку.
Да ама пола од тие што се сега на Lyca можеби ќе се незадоволни а пола задоволни. Незадоволните ќе заминат и така бројката на база на клиенти во Lyca ќе се намали.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,263
21,817
113
Тоа допрва ќе треба да се види. Затоа е битно какви цени ќе имаат и каква услуга ќе понудат.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,099
428
83
Како за телекомуникациски оператор кој е во 100% сопственост на странска компанија, А1 Македонија оваа година не штедат пари на македонски реклами со македонски музички изведувачи.

Прво со Каролина Гочева, сега и со Ареа, сигурно убаво се опариле од музичкиот ангажман, но тоа не го менува фактот дека странска компанија наместо едноставно да ре-емитува веќе снимени странски реклами одлучиле да снимат реклама со домашни содржини од државата во која работат и во која се рекламираат.

Дури и да била целата продукција договорена однапред за некој да се опари на полесен начин - што баш и не би било некаква новост или изненадување, тоа не го менува фактот дека Македонски Телеком - кој е делумно и во државна сопственост, исто како и Телекабел - кои се фалат дека се 100% македонска компанија, воопшто не снимаат вакви реклами. Толку им сече очигледно.

Секоја им чест на А1 без разлика кој, како и колку се опарил од ваквата продукција. :606675:

 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,472
113
@Dexter26 Еве Телеком имаа целосно македонска продукција реклама за MagentaTV. И песна имаше од старата група Македонија, Езерска роза.

 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,472
113
@Dexter26 Го заборавив и ова

Ова исто беше дел од Телеком реклама

Ова исто беше во реклама
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,099
428
83
@Dexter26 Еве Телеком имаа целосно македонска продукција реклама за MagentaTV. И песна имаше од старата група Македонија, Езерска роза.

Дефинитивно рекламите на А1 се подобри во споредба со овие за Магента ТВ.

Овие за Магента ТВ повеќе делуваат како исфорсирани, додека рекламите на А1 се далеку позабавни, пооригинални, поуникатни.

Всушност не делуваат, туку докажано се исфорсирани, Македонски Телеком избрзано ја пушти во употреба новата Магента ТВ платформа бидејќи Мтел ги начека неподготвени со нивната Move TV платформа. Затоа и Магента ТВ до денешен ден сеуште нема расчистено со детските болести од техничка гледна точка, бидејќи избрзано ја пуштија во употреба.

Останатите реклами што си ги нашол се стари, постари, прастари.

Најдобра реклама од областа на мобилната телефонија за мене лично е рекламата на Мобимак од 2001 или 2002 година со круговите, еден тон детали од цела Македонија, занаетџии, и завршува со слоганот Мобимак ги поврзува твоите светови.

Кога го купив првиот мобилен телефон во 2002 година од Мобимак со припејд пакетот следуваше видео касета од К-15 Микс, ги има рекламите на видео лентата. Кратко време подоцна видео лентата беше дигитализирана и лесно се наоѓаше пиратска копија.

Како и да е, во поново време дефинитивно А1 Македонија многу подобри реклами прават во споредба со Македонски Телеком и останатите оператори.





 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,472
113
Кога пиша Мобимак ми текна дека слушам постари луѓе уште Телеком си го викаат Мобимак. Одам по пат и некој ќе слушнам кало разговара со некој
- Кај си тргнал?
- Еве да платам сметка во Мобимак.

Ретки се ама ги има такви.
 
Top