SomebodyUnique
Добро-Познат Член
- 6,400
- 3,140
- 113
Мене ме чуди зошто во ниеден пакет немаат бесплатни СМС.
Не треба бесплатни СМС туку побрз и поголем интернет и не потрошениот интернет да се префрла во нареден месец. Денес имаш Viber, WhatsApp, Messenger, Facebook, Instagram и што уште не од апликација за комуникација Многу од младава генерација и луѓе што се разбираат технологија користат интернет апликации за комуникација со пријатели.Мене ме чуди зошто во ниеден пакет немаат бесплатни СМС.
Мислиш германски и српскиМакедонски Телеком и Српски Телеком
Досетлив билборд чат
Интересна билборд комуникација меѓу телекомуникациските оператори во земјава, денеска го привлече вниманието на случајните минувачи во центарот на Скопје... ...www.crnobelo.com
Да, Дојче Маѓар Телеком и Српски.Мислиш германски и српски
Договор со било кој телекомуникациски/телевизиски оператор се склучува или на лице место во салон на операторот, или преку поштенски курир ангажиран од страна на операторот кој го носи договорот на лице место на адресата на крајниот корисник или на било која адреса договорена телефонски помеѓу корисникот и поштенскиот курир.На татко ми му се јавиле за договор да направи во Телеком и он си направил телефонски. Е сега мене ме интересира дали треба нешто да се потврди или како иде после?
Се јави еден веројатно е од тие што нудат понуда на врата Значи ниту го побарав ниту дошол на врата, само се јави и го бараше татко ми и јас му дадов број бидејќи не бев дома на работа а не можев многу да зборам на телефон.Договор со било кој телекомуникациски/телевизиски оператор се склучува или на лице место во салон на операторот, или преку поштенски курир ангажиран од страна на операторот кој го носи договорот на лице место на адресата на крајниот корисник или на било која адреса договорена телефонски помеѓу корисникот и поштенскиот курир.
Било какви други компјутерски, телефонски или Интернет согласности немаат никаква правна вредност, ниту било каква правна тежина.
А кај корисниците кај кои допрва треба да се прави монтажа во куќа/стан, дури и доколку корисникот веќе однапред потпишал договор, истиот тој договор не стапува на сила додека не се направи монтажата, така што доколку корисникот се премисли во последен момент бидејќи не сака да му се пуштаат кабли или да му се буши во домот, слободно може да ја откаже монтажата, а со тоа и самиот договор се поништува, бидејќи никогаш не стапил правно на сила бидејќи монтажата не била направена.
Истото важи и во случај корисникот веќе да потпишал договор, а подоцна дошла екипата за монтажа и открила дека нема техничка можност на таа адреса за монтажа на приклучок - нема слободен приклучок на постоечкиот доводен кабел или па можеби воошто не е спроведен доводен кабел до таа адреса.
И во двете можни сценарија - дали корисникот откажува бидејќи се премислил во последен момент или екипата за монтажа откажува бидејќи нема техничка можност за монтажа, иако договорот е веќе потпишан, сепак истиот останува неважечки, односно неправосилен бидејќи монтажата не е направена.
Дали дошол било кој или не дошол, без потпис ништо не е договорено, ниту е важечко, ниту е правосилно.Се јави еден веројатно е од тие што нудат понуда на врата Значи ниту го побарав ниту дошол на врата, само се јави и го бараше татко ми и јас му дадов број бидејќи не бев дома на работа а не можев многу да зборам на телефон.
Веќе поодамна ни е истечен договорот, и најверојатно гледаат кому му е истечен договорот па искористуваат да не доаѓаат на врата
Значи никогаш нема да можеш да ги откажеш без да платиш пенали за раскинување на договор кој сеуште е правосилен ?Па дури е добро што ти јавиле хахха
Иначе сигурно тие опасници имаат некоја ставка во договорот со фонт 0,5 напишана дека автоматски ти продужува договор
Прочитај си го твојот договор и информирај се поубаво.Па во договорот сигурно пишува дека автоматски продужува доколку некоја од страните не сака прекун. Дури и од чиста волја може ѕвонат да потсетат дека завршува.
Унгарија влегува на телекомуникацискиот пазар ?Унгарија влегува на телекомуникацискиот пазар: 4IG трет мобилен оператор во земјава?
Унгарската телекомуникациска групација 4iG изразила интерес да влезе на телекомуникацискиот пазар во земјава и да нуди мобилни и фиксни услуги. Ова го соопшти Министерството за транспорт и врски, по средбата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски со прeтседателот на...press24.mk
МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција кон подобри и поквалитетни услуги
Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија, успешно го заврши процесот на аквизиција на Lyca Mobile, што означува значаен момент во посветеност на компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на корисниците во Македонија.
„Особено сме задоволни што можеме да објавиме дека преговорите и сите административни постапки за преземање на телекомуникацискиот оператор Lycamobile се успешно завршени и од денеска Lyca mobile станува МТЕЛ. Уверени сме дека корисниците кои со овој договор преминуваат во МТЕЛ семејството ќе бидат задоволни од зголемениот квалитет на услуги и поволности кои што им ги нудиме како телекомуникациски оператор. Како компанијата, сме горди што ќе им овозможиме да искусат едно поинакво дигитално искуство со користење на мобилната телефонија од МТЕЛ, но и останатите услуги како сателитска телевизија, интернет, стриминг платформата MOVE. Станува збор за аквизиција која што е дел од нашите стратешки планови за раст и развој на македонскиот телекомуникациски пазар, план кој што продолжуваме да го реализираме и понатаму со цел зголемување на пазарниот удел, бројот на корисници, бројот на вработени и понудата на врвни телекомуникациски услуги за македонските корисници“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.
Со овој договор, кон МТЕЛ семејството се придружуваат близу 60 илјади корисници на кои компанијата е посветена да им обезбеди непречена транзиција кон МТЕЛ услугите.
Што значи ова за Lyca мобилни корисници?
Постојните клиенти на Lyca Mobile ќе имаат беспрекорна транзиција кон МТЕЛ мрежата, со неколку нови придобивки:
1. Подобрени Интернет-пакети: Корисниците ќе продолжат да ги уживаат истите поволности како претходно, со зголемени дозволени податоци за тековните пакети. Дополнително, МТЕЛ воведе два нови пакети дизајнирани да понудат уште поголема вредност.
2. Флексибилни опции за обновување на пакетите: за дополнителна погодност, клиентите сега можат да се одлучат за автоматско обновување на пакетите за 3, 6 или 12 месеци.
3. Бесплатни минути во МТЕЛ зона: Сите корисници ќе добијат пристап до 1.000 минути бесплатни разговори во MTELзоната, што дополнително ќе ги подобри нивните опции за комуникација. МТЕЛ зона се состои од: Македонија (MTEL MK), Србија (mts), Црна Гора (m:tel), Босна и Херцеговина (m:tel), Швајцарија (MTEL Switzerland), Австрија (MTEL Austria) и Германија (MTEL Germany)
4. Постпејд понуда и купување уред: За оние кои сакаат да се префрлат на постпејд план, МТЕЛ нуди флексибилност за пренос на нивниот број во постпејд и купување мобилни уреди на рати.
5. Пристап до поширокото портфолио на услуги на MTEL: Корисниците сега можат да ги здружат своите постоечки услуги со други понуди од портфолио на производи на МТЕЛ.
Непречен процес на миграција
Миграцијата на корисниците ќе се врши во фази за да се обезбеди непречена транзиција. Корисниците ќе добијат SMS известување 24 часа пред нивната закажана миграција на мрежата MTEL MK.
Kако ќе функционира процесот?
Корисниците ќе добијат СМС со известување за нивниот претстоен трансфер.Откако ќе се мигрира, името на операторот на уредот на корисникот ќе се смени во „MTEL MK“. Ако сè уште не е видлива промената ќе биде потребно рестартирање на уредот. Во случаи кога е потребно, ќе се обезбеди замена на SIM картичката.
Фокусот на МТЕЛ останува на обезбедување висока квалитетна услуга за корисниците и обезбедување непречен премин за сите корисници кон МТЕЛ семејството.
За повеќе информации, посетете ја www.mtel.mk или јавете се на 15 010.
Во последниов период јако удрија на маркетинг, па ваљда ќе има некаков ефект од тоа.Немате впечаток дека М Тел е тежок феил кај нас ?
Да се надеваме.Мислам унгарскиот оператор може да биде ок и да конечно им замати цени на А1 и Телеком лудаците.