@Dexter26 Еве Телеком имаа целосно македонска продукција реклама за MagentaTV. И песна имаше од старата група Македонија, Езерска роза.
Дефинитивно рекламите на А1 се подобри во споредба со овие за Магента ТВ.
Овие за Магента ТВ повеќе делуваат како исфорсирани, додека рекламите на А1 се далеку позабавни, пооригинални, поуникатни.
Всушност не делуваат, туку докажано се исфорсирани, Македонски Телеком избрзано ја пушти во употреба новата Магента ТВ платформа бидејќи Мтел ги начека неподготвени со нивната Move TV платформа. Затоа и Магента ТВ до денешен ден сеуште нема расчистено со детските болести од техничка гледна точка, бидејќи избрзано ја пуштија во употреба.
Останатите реклами што си ги нашол се стари, постари, прастари.
Најдобра реклама од областа на мобилната телефонија за мене лично е рекламата на Мобимак од 2001 или 2002 година со круговите, еден тон детали од цела Македонија, занаетџии, и завршува со слоганот Мобимак ги поврзува твоите светови.
Кога го купив првиот мобилен телефон во 2002 година од Мобимак со припејд пакетот следуваше видео касета од К-15 Микс, ги има рекламите на видео лентата. Кратко време подоцна видео лентата беше дигитализирана и лесно се наоѓаше пиратска копија.
Како и да е, во поново време дефинитивно А1 Македонија многу подобри реклами прават во споредба со Македонски Телеком и останатите оператори.