Екскурзии, патувања...

  • Автор на оваа тема Missy
  • Датум кога е започната темата

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #161
Убав помин, јас ја пропуштам за жал ама секако ќе надокнадиме цело друштво со некои мини патување или одмор на море некаде

Пред се заради финансиски трошоци решивме да не одиме, бидејќи не можат сите да одат, а и нема некоја заинтересираност на факултет барем кај колегите од мојот град што најмногу се познаваме
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #162
Ако можете поставете web-страни на туристички агенции од Скопје или пратете ми по пп...

Во секој случај ми треба информација за автобус до Дубровник, кога има, во кои денови, колку време трае патувањето, па и цена ( ова во пп можи)
 

Rebellious angel

Член
691
1
16
Фала, фала, преубаво си поминав. :igram: :rock: Ич не ми се враќаше дома. :D

Инаку, Missy, за веб-страниците, ќе поставам после, ако уште ти требааат. :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #164
Да ми требаат. Фала многу

И добредојде назад, па сподели нешто од екскурзијата

Бевте само од твојот факултет или споени со студенти од повеќе факултети?
 

Rebellious angel

Член
691
1
16
Главно од мојот (електро, иако сега се поделија на ФЕИТ и ФИНКИ, ама истите студенти сме), плус уште десетина студенти од машински и филозофски, вкупно околу 160-170 луѓе. :) 20 дена низ Европа, голем дел од времето поминат во автобус, ама јас речиси воопшто не се заморив, изгледа затоа што бев премногу возбудена и среќна заради патувањево, а и немам никаков проблем со спиење во автобус (за разлика од другарка ми, која спиеше само во хотелите). :D Бевме со Нехар, имаше по некој пропуст, ама главно сум задоволна од организацијата. :) Си ги дадов сите пари на екскурзијава, но дефинитивно вредеше. :)

Инаку, за агенциите, тука можеш да ги видиш страниците на повеќето агенции. Од тие што ги нема, ми текнува само уште на Хисар и Нехар. :)
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Ана што најмногу ти се допадна?

Јас минатата година кога бевме на гимназиската екскурзијата со Дипломатик најмногу се воодушевив од Барселона, Кан и Верона. Монте Карло е неверојатно но некако вештачки град, ми немаше душа :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #167
Мене од тоа што го имам видено Фиренца ми е најдобра. Некакво wow чувство на се имав таму
Верона ( барем тој дел што го видов) премногу Ромео и Јулија како друго да не постои, за остаток немам посетено

И фала за агенциите
 

Rebellious angel

Член
691
1
16
DarkShadow напиша:
Ана што најмногу ти се допадна?
Најтешкото прашање. :D Ќе почнам од почеток. :) Виена многу не ја видовме, па не можам баш да ја оценам; Прага (и воопшто Чешка) отсекогаш сум ја сакала, а и не можам да бидам многу објективна, со оглед на тоа што имам чешко потекло :) ; за Холандија имам поделено мислење, надвор од градовите е многу убаво, ама Амстердам (и другите градови) - ништо посебно, освен Heineken Experience, ептен беше закон во Heineken :D ; исто и во Дизниленд, иако немавме многу време, па би отишла пак, на цел ден :D ; Париз е преубав, многу ми се допадна; исто така и Барселона, Кан и Ница; за Монте Карло се согласувам; Фиренца, за жал, ја шетавме само саат време и тоа навечер, некаде околу полноќ, т.ш. не би можела ништо да кажам; Верона е симпатично градче, иако да, премногу се врти околу Ромео и Јулија; Рим не беше лош, ама не ме воодушеви; Венеција многу не ја прошетавме, таму бевме 4-5 часа пред заминување, ама мене ми се допадна и маските ми беа преубави, отсекогаш сум сакала да одам на бал под маски или воопшто на бал. :D
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Дојде денот Д. :jupi: Утре заминувам на 7-дневна екскурзија (Будимпешта-Виена-Дрезден-Прага)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #170
Среќен пат и убав помин. Сподели искуства со нас по враќањето
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Поздрав од мене, се вратив назад. :)
Си поминав преубаво. Дворецот Шенбрун во Виена, Крстарењето низ Будимпешта, забавниот парк во Виена, огромните шопоинг центри во Дрезден и Виена, забавата во Прага, посетата на Братислава се само дел од работите кои ми оставија голем впеќаток.

Во Будимпешта бевме денот кога низ центарот на градот се снимаше 5-тиот дел на Умри Машки со Брус Вилис. Имав можност и да ја јадам во Burger King и не ме воодушеви нешто со оглед дека вкусот е потполно исt со McDonald's.
 

Beauty

Администратор
50,355
62,806
113
Добредојде 46566 , ајде на коментирање, нешто е неактивен форумов во последно време.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #173
Добредојде и од мене

Имавте можност за сминањето да видите нешто или да се запознаете со актери и статисти? Малку неверојатно ми е ова ама би било супер ако сте имале можност за такво нешто
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Еве сум и јас. Две незаборавни недели во Париз. Ќе гледам да надокнадам на форумов за пропуштеното.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Добредојде. Јас не ни знаев дека ќе одиш во Париз, но на Фејсбук погледнав дека одлично си поминал.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Леле Јовица 2 недели? Ах да знаеш како ти завидувам...Ајде раскажувај што се виде, како помина? :)
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Да, одлично беше. Видов се што можеше да се види за тој периот. Парис е прекрасен. Најмногу впечаток ми остави Монтмартре, преубав крај полн со душа. Се надевам дека еден ден сите ќе имате можност да го посетите.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,081
6,396
113
^
LucasScott да те поправам малку

Не се пишува со С Парис туку со З Париз


Јас неделава идам за Грчка малав одмор една недела со татко ми и мајка ми ,да го избегнам овој топлотен бран во Македонија :D
 

Beauty

Администратор
50,355
62,806
113
LucasScott, добредојте назад.
Марко, убаво да си поминеш и ти.
 
Top