Леле Ана Марија, романтики. Јас да бев ( се надевам некогаш и ќе одам )ќе се изнаплачев сигурно тука. Повеќе и од девојката од парот ако плачела
Инаку кога сме кај патувања/одмори што спремате/што носите најчето со вас?
Мојот список воглавно зависи каде одиме и колку долго. Ама во секој момент имам:
- документи ( лична карта, пасош, здравствена книшка, легитимација студентска ( ако сме во МКД и има попусти за студенти на одредени места ама искрено ја немам искористено ) и одредени дозволи ако ми биле потребни
- пари, мобилен, апарат, полначи
- гардероба - летна, пролетна/есенска, битно секогаш повеќе од потребно плус шминка минимално ( пудра, маскара, сјај за усни), крем за сончање итн
- карти, неколку книги, можи и друштвени игри ако е за на одмор и крстозбор
за екскурзија или еднодневни патувања ранец со малку храна и вода, една-две блузи за променување ако е потребно, плус некои од работите што ги пишав претходно
и за одмор во камп или слично каде што мора да подготвуваме и храна, во зависност од договорот, тоа што е во мој дел планирано за носење