Па што не поведеш ете револуција? Или задоволен си со се' што ни се нуди последниве години, конкретно последниве месеци.
Јас ни вооружен, ни никаков отпор сама не давам. Затоа во науката има лидери и следбеници, јас сум следбеник, немам лидерски способности. А револуциите ги воделе луѓе со лидерски компетенции.
Значи од политичарите кои не повикуваат на отпор, одеднаш целиот твој фокус падна врз мене бидејќи јас не сум повел револуција ?
Убаво прашав вчера: Се читате ли воопшто што пишувате ?
Додека се занимаваш со префрлување на одговорноста на трети лица - овој/оној/оваа/онаа е крив(а), нема да го дочекаш таквиот отпор.
Сега кога ја спомна науката, повторно си даде автогол, бидејќи ете ти го доктор Роберт Малоун - креаторот на технологијата за мРНК вакцините - кој убаво спомна кои се последиците од вакцините кои се создадени со неговата технологија, а истовремено не се соодветно и доволно испитани за да бидат одобрени за масовна употреба. Тој е лидерот од светот на науката, но неговиот совет очигледно на тебе не ти е задоволителен, бидејќи тој е еден, а хиените кои го линчуваат и го цензурираат ги има стотици, ако не и илјадници, а на тебе приоритет за наредново лето ти е да можеш да си фатиш џаде за Србија, Гејлада и други места, а не да се замараш со последиците врз твоето здравје од несоодветно и недоволно испитани биохемиски супстанци.
Ете ти уште еден пример за кој не прочитав како тастатурска воинка да објавеше барем еден коментар во поддршка на масовните протести низ Мелбурн и Австралија каде што им испратија војска на улица бидејќи на луѓето им се смачи од живеење во домашен притвор бидејќи Скотот Морисон така одлучил, а таквите политики на масовен карантин не вродија со никаков плод. Единствено резултираа со масовен изборен пораз на Морисон на редовните парламентарни избори во Австралија кои се одржаа пред недела дена.
Малку поназад, повторно од научна гледна точка, кога би знаела нешто за историските настани од 20-от век - повторно таа проклета историја - би знаела дека најголемите научни достигнувања во историјата на човештвото не ги постигнуваат таканаречените лидери како што ти ги нарекуваш, туку ги постигнуваат луѓето со идеја и со одлучност да ја реализираат таквата идеја.
Хенри Форд не го измислил автомобилот, но ја создал индустриската лента за масовно производство на автомобили која до денешен ден е во функција во современото производство на автомобили. Своевремено Форд изјавил дека ако ги прашал луѓето што тие сакаат, нивниот одговор најверојатно би бил: побрзи коњи, а не масовно произведувани автомобили. Форд не бил научен лидер, ниту следбеник, туку син на фармери, а фармерите кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век не се занимавале нешто многу со образование и научни и технолошки иновации.
Томас Едисон, чија што компанија Генерал Електрик до денешен ден е еден од најголемите индустриски и технолошки гиганти во САД, наставничката го вратила од училиште со писмо до неговата мајка, во кое и` објаснила дека не можат да го образуваат нејзиниот син бидејќи бил ретардиран - несомнено станувало збор за научен заклучок, од каде инаку би знаеле дека детето е ретардирано. Но мајка му на Едисон не го оставила својот син на милост и немилост на судбината, туку дома го школувала, а се останато е веќе позната историја - само што треба да ја прочиташ.
За Никола Тесла и наизменичната струја која јас и ти до денешен ден ја користиме, и потазе за Стив Вознијак и персоналниот компјутер преку кој ти го водиш твојот тастатурски хероизам, ќе те оставам самостојно да поднаучиш по нешто.