Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
Стефани, има ја и ти да газиме во Бгд
 
Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
А нели беше од 1ви јануари 2022, како сега тоа наскоро? :406389:
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Па и онака државава ни е заникаде ќе се иселиме.
 
Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
Мене ситуацијава ме плаши искрено. Да не ни се слуучи СДС од 90-тите? :smrk:
 
Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Мене ситуацијава ме плаши искрено. Да не ни се слуучи СДС од 90-тите? :smrk:
Не знам како беше тогаш кај вас (веројатно страшно), но јас се плашам за оваа луда Србија. Исти будали нѐ водеа и тогаш во 90тите, кога беа санкциите, хиперинфлација, кога се чекаа редови за леб, млеко и масло, исти будали и сега, дополнително со ретарди од пост-Милошевиќ ера.
 
Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
Колку траело тоа тогаш?
Немало леб, масло, млеко?

Ауууууу, готови сме значи од есен.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Колку траело тоа тогаш?
Немало леб, масло, млеко?

Ауууууу, готови сме значи од есен.
Во текот на 90тите, од санкциите кои беа воведени во 1992, потоа 1993 со хиперинфлацијата. 1994 беше зауставена хиперинфлација и потоа 1996 санкциите беа укинати. Ама пак во 1998 повторно санкции и 1999 бомбардирањето, тогаш исто беше страшно.

1992-93 и 1999 беа најстрашни, ти текнува во Срећни људи кога Аранџел чекаше во ред за млеко, е така беше.
 
Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
Затоа тогаш Господ ја испрати Касандра.

Благодарност, Господе драг и мил. Благодарност од срце!
 
Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
Ајдее струја најмалце 10 посто поскапува пак, а тоа значи и се останато.

Цццц :off: :off: :off: :off: Неспособни комплет!
 
Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
Северна да ве изеде, мршојадци едни!
А глупине медиуми наместо да поттикнат револт, они даваат сувопарни известувања. Мизерии од секој аспект.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Северна да ве изеде, мршојадци едни!
А глупине медиуми наместо да поттикнат револт, они даваат сувопарни известувања. Мизерии од секој аспект.
Добро бе, се читате ли воопшто што пишувате ?

Ако сакате револт треба за почеток да намалите на дигиталниот хероин кој го консумирате преку сите екрани - ТВ екран, компјутерски монитор, лаптоп екран, таблет екран, телефонски екран - и да излезете надвор за да повикувате на револт.

Вака со хероизми на тастатура нема далеку да догурате.
 
Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
А ја ли, никој и ништо да повикам?
Да излезам сега и да викам Ајде луѓеее излагајте, ајдееее, чујте и почујте, сите на улица.

Како да повика поединецот освен ако не преку екрани?

Има медиуми, кои се претставници на народот, тие треба да иницираат, тие земаат пари од реклами за производи што ние ги купуваме, тие треба да имаат некаква функција.
Има опозиција, која наместо да замара секој ден со глупи соопштенија, треба да повика на протест. Ете, ќе имале протест, ок е тоа, али 18 јуни??? Ај ако не, на Нова година нека закажат, глупачишта.
 
Затоа треба да ја отвориш таа досадна книга по историја, за да научиш како се случиле најголемите општествени промени низ светската историја - Американската револуција, Француската револуција, Февруарската и Октомвриската револуција во Русија, осамостојувањето на Индија - ова ти се само некои примери.

Еве ти малку помош: во времето кога се случувале овие историски промени немало телевизија и Интернет.

Ама па таа книга е досадна, па поголеми се шансите да падне снег во Сахара летово отколку да ти текне да ја отвориш таа книга и да научиш по нешто.
 
Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
И што ако научам, што јас, никој и ништо, можам да сменам?
Можам да се придружам ете на некоја револуција, протест, но само со вриштење и урлање, сигурно нема во денешно време пушка да фатам во рака или да удирам со јајца и да кршам.

Затоа се тие лидери на опозициони партии, кон нив треба да ти биде упатено ова - кон Мицкоски, Апасиев, Села... тие со прст не мрдаат, а се одбрани да го бранат револтното расположение кое особено расте последниве месеци со секојдневните покачувања на цените на се' живо и диво.
 
Е па ако си научила барем по нешто за големите историски промени, би знаела дека речиси никогаш не биле предводени од страна на таканаречените опозициски движења или опозициски лидери.

Ако веруваш во директна демократска репрезентативност, тотално ништо не си научила за историјата на светот од изминатите 250 години.

Кога сме кај вооружен отпор, и за тоа можеш да поднаучиш по нешто, на пример од македонските и југословенските партизани, тие не се бореа за слободна Македонија и за слободна Југославија пред 1000 години, се бореа пред 80 години, сеуште имаш по некој жив од нив да ти раскаже за нивниот вооружен отпор против фашизмот - тоа е веќе директно изучување на историските настани, лично од самите учесници во таквите настани, за разлика од класичното учење од книга.

Се е прашање на желба и волја, а ако твоите желба и волја - не само твоите, туку и на повеќето членови и посетители на форумов - се сведени на тастатурски хероизам, очекувај само тастатурски отпор, но не и вистински општествен отпор.
 
Top