Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
  • Автор на оваа тема
  • #621
A што е финтата со Косово, што кој сака за тоа ?
 
Steff

Добро-Познат Член
33,694
45,246
113
A што е финтата со Косово, што кој сака за тоа ?
Финтата е да се сега смени Устав затоа што овој има скоро па цел парламент само со неговата партија, со повеќе од 2/3 мандати може да се смени устав.

Финтата е да конечно исполни тоа што им вети надвор и зошто и воопшто дојде на власт, нема сега никакви препреки да се извлекува на опозицијата. Да од устав отфрли дел за Косово како дел од Република Србија и дефакто призна Косово како република и стана најголемиот предавник на земјата во новата историја.
 
Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
  • Автор на оваа тема
  • #623
И на народот не му е јасно тоа ? Или како овдешниот е изманипулиран ?
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Децо, во дипломатијата и меѓународните односи, има едно основно правило: ако преговараш со некого, де факто го признаваш како рамноправен противник.
Сакам да речам, србите одамна го признале Косово, бидејќи не само што преговараат, туку и имаат потпишано еден куп договори. :)
Сето друго е мачкање очи и залажување и водење инает и трескање од земја. :)

Иначе денеска е фатен Ден и наеднаш му станало ноќ... :) Умешани: лицето з.з. ко поранешен премиер, лице директор на УФП и лице директор на УФР. :) А иронијата е толку голема, што рекетаров Дончев си го рекетирал својот личен донатор што претходно доброволно вложувал во изборна кампања на партијата на дончев... Работава, не е чоек ни да ти даде пари, одма ќе биде рекетиран за појќе хахах.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,694
45,246
113
Сакам да речам, србите одамна го признале Косово, бидејќи не само што преговараат, туку и имаат потпишано еден куп договори. :)
Сето друго е мачкање очи и залажување и водење инает и трескање од земја.
Токму така. Само што никој не знае содржина на тие преговори, особено на Бриселски споразум.
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Сакам да речам, србите одамна го признале Косово, бидејќи не само што преговараат, туку и имаат потпишано еден куп договори. :)
Сето друго е мачкање очи и залажување и водење инает и трескање од земја. :)
Донекаде, можеби е и поарно да се отстрани туморот за да опстане здравото тело. :406389:
 
Steff

Добро-Познат Член
33,694
45,246
113
Донекаде, можеби е и поарно да се отстрани туморот за да опстане здравото тело. :406389:
Да, само што ни тело не е здраво во случај на Вучиќстан. На оваа земја треба комплет рестарт.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Токму така. Само што никој не знае содржина на тие преговори, особено на Бриселски споразум.
Е тоа да, дури и јас не ги знам... Тоа што не сум задолжен за надворешна политика, меѓународни односи и дипломатија, не е тема сеа...
Но знам само дека имаат некои договори и закочиле при реализација, а едно од тоа е и заедницата на српски општини.

Донекаде, можеби е и поарно да се отстрани туморот за да опстане здравото тело. :406389:
Се сложувам. Само знаеш што ме плаши, а баш прееска тоа го продискутирав... Да не дојде до таква ситуација и во Македонија, малце војна, па или да бидат мирни ако ги победиме или да се поделиме и да го остраниме канцерот ако изгубиме, па да продолжиме со тоа што би останало од Маќедоња...

Да, само што ни тело не е здраво во случај на Вучиќстан. На оваа земја треба комплет рестарт.
Не ја следам во целост ситуацијата во Србија, но по тоа што го знам од стручен објективен аспект, Вучич е еден од неколкуте центри на диктатура: Анкара, Будимпешта, Москва... Порано беше и Скопје, ама веќе не е во игра, бидејќи сега е мини Казабланка, со сите можни безбедносно-разузнавачки служби на купче.
Но како и да е, треба целосен рестарт на целиот регион, и не мислам само на т.н. Западен Балкан, туку на целиот Балкан со вклучително и Турција.
 
Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
  • Автор на оваа тема
  • #631
Политичкиве спотови на ВМРО се баш брутални. :406389:
Јес да се глупи, но се брутални и насочени контра Заев.
 
Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
  • Автор на оваа тема
  • #633
Луѓе, држава ли е ова или некое риалити како Задруга?

Влада: Решенијата за домашна изолација и државен карантин издадени по 13 јуни ќе се поништат
Како бе така се поништува самоизолација одеднаш, се отвараат граници... па има ли некоја здравствена и нормална логика зашто до денес седеа сите во самоизолација од 14 дена, а од утре тие што не ги довршиле тие 14 дена, не мора да ги довршат, затоа што нема потреба :religiozen::haha::haha::haha:
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83

Второто ќе да е - задруга.

Од Чарлс Дарвин па наваму, современата наука се темели врз општо прифатениот став дека сите живи организми мутираат, односно еволуираат.

Општо е познат фактот дека вирусите - кои исто така се живи организми - исто така мутираат, односно еволуираат. Токму како последица на ваквата еволуција, вакцина против грип од пред 10 години нема да помогне нешто многу против денешниот грип, бидејќи како што човечкиот организам се прилагодува на околностите и по пат на еволуција стекнува до некаде ограничен имунитет против грипот, така и грипот се прилагодува на околностите и по пат на еволуција стекнува имунитет против одредени вакцини.

Истото важи за сите живи организми, вклучувајќи ги и сите вируси.

Но во балканската задруга, министер за здравство отворено и јавно изјавува дека пандемиски вирус мутирал - еволуирал - и како последица на тоа ослабел, односно повеќе не предизвикува иста штета врз човечкиот организам како што предизвикувал кога за прв пат се појави и кога беше прогласена пандемија од истиот вирус.

Научната заедница под мутација подразбира природни промени кои предизвикуваат еволуција, а не де-еволуција. Природна промена е преминувањето од зима во пролет, кога грипот не слабее, туку нема услови за да продолжи да се шири, што не значи дека му се случила де-еволуција, туку запрело неговото ширење, што не значи дека не живее во некој друг организам кој му служи како домаќин и ја чека наредната зима за да се пренесе повторно во нечиј човечки организам за повторно да почне да се шири.

Во нормална држава научната заедница веднаш јавно би реагирала со цел да ги оспори ваквите тврдења на министерот за здравство, нешто слично како што во САД научната заедница редовно ги оспорува приказните на Доналд Трамп од типот "станува збор за обичен грип", "лек за маларија помага против корона вирус", "треба да се обидеме да изнајдеме начин да им пружиме терапија со средства за дезинфекција на заболените од корона вирус" и слични бисери. Но во балканската задруга научната заедница или молчи - а како што знаеме, молчењето значи одобрување - или глуми лудило велејќи дека не се согласуваат со министерот за здравство, но сепак ги прифаќаат неговите одлуки.

Патем, има ли научна заедница во балканската задруга ?
 
Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
  • Автор на оваа тема
  • #635
Ааа ова ти е јако напишано.

Каква научна... тука е сведен менталниот склоп на "Гледаме дека вирусот слабее но се шири. Нема веќе болни со температура и такви симптоми". (Said by Zaev)

Како што има во видеана на ФБ, на вакви глупости додаваат една која го прашува : На чему си човече, на чему си ?
 
SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
А што се и овие политички реклами? Не беа до лани вакви. Мислам дека немаше вака директно вреѓање. Или грешка сум?
 
Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
  • Автор на оваа тема
  • #639
А што се и овие политички реклами? Не беа до лани вакви. Мислам дека немаше вака директно вреѓање. Или грешка сум?
Имаше минатите години за парламентарни, локални и претседателски во кои СДСМ го обвинуваа Груевски во сите партиски спотови. Сега ВМРО го обвинува Заев....
 
Top