Луѓе, држава ли е ова или некое риалити како Задруга?
Влада: Решенијата за домашна изолација и државен карантин издадени по 13 јуни ќе се поништат
Како бе така се поништува самоизолација одеднаш, се отвараат граници... па има ли некоја здравствена и нормална логика зашто до денес седеа сите во самоизолација од 14 дена, а од утре тие што не ги довршиле тие 14 дена, не мора да ги довршат, затоа што нема потреба
Второто ќе да е - задруга.
Од Чарлс Дарвин па наваму, современата наука се темели врз општо прифатениот став дека сите живи организми мутираат, односно еволуираат.
Општо е познат фактот дека вирусите - кои исто така се живи организми - исто така мутираат, односно еволуираат. Токму како последица на ваквата еволуција, вакцина против грип од пред 10 години нема да помогне нешто многу против денешниот грип, бидејќи како што човечкиот организам се прилагодува на околностите и по пат на еволуција стекнува до некаде ограничен имунитет против грипот, така и грипот се прилагодува на околностите и по пат на еволуција стекнува имунитет против одредени вакцини.
Истото важи за сите живи организми, вклучувајќи ги и сите вируси.
Но во балканската задруга, министер за здравство отворено и јавно изјавува дека пандемиски вирус мутирал - еволуирал - и како последица на тоа ослабел, односно повеќе не предизвикува иста штета врз човечкиот организам како што предизвикувал кога за прв пат се појави и кога беше прогласена пандемија од истиот вирус.
Научната заедница под мутација подразбира природни промени кои предизвикуваат еволуција, а не де-еволуција. Природна промена е преминувањето од зима во пролет, кога грипот не слабее, туку нема услови за да продолжи да се шири, што не значи дека му се случила де-еволуција, туку запрело неговото ширење, што не значи дека не живее во некој друг организам кој му служи како домаќин и ја чека наредната зима за да се пренесе повторно во нечиј човечки организам за повторно да почне да се шири.
Во нормална држава научната заедница веднаш јавно би реагирала со цел да ги оспори ваквите тврдења на министерот за здравство, нешто слично како што во САД научната заедница редовно ги оспорува приказните на Доналд Трамп од типот "станува збор за обичен грип", "лек за маларија помага против корона вирус", "треба да се обидеме да изнајдеме начин да им пружиме терапија со средства за дезинфекција на заболените од корона вирус" и слични бисери. Но во балканската задруга научната заедница или молчи - а како што знаеме, молчењето значи одобрување - или глуми лудило велејќи дека не се согласуваат со министерот за здравство, но сепак ги прифаќаат неговите одлуки.
Патем, има ли научна заедница во балканската задруга ?