Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Мене убедливо најдобри ми се онаа со свитканите кичми и онаа на аеродромот кога Мицковски вика дека ни треба само картичка од ВМРО. :406389:

Ова со картичката го интерпретирам дека ни треба членска картичка од партијата на власт за да успееме дома, што и не е далеку од вистината. :406389::406389:
 

Beauty

Администратор
49,884
61,902
113
  • Автор на оваа тема
  • #644
Мене ме чуди како и зошто во овие спотови не се ставени исечоци од оние видеа каде Заев кажуваше дека нема да го смени името. Или ставени се некаде?
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Мене ме чуди како и зошто во овие спотови не се ставени исечоци од оние видеа каде Заев кажуваше дека нема да го смени името. Или ставени се некаде?
Мислам дека имам затекнато и такви, ама изгледа не ги емитуваат често.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Има и такви со исечоци каде во некој исечоци од телефонски разговори Заев и пцуе.
 

Beauty

Администратор
49,884
61,902
113
  • Автор на оваа тема
  • #647
Да, но мислам дека дипломатски и свесно сакаат да го стават тоа со името на страна. Демек Заев го смени, они немаат ништо со тоа и толку.

Инаку ај честито, границите остануваат затворени.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Инаку ај честито, границите остануваат затворени.
Во Србија може да се влегува. Мојте отидоа во Србија. Имаме куќа во Србија па имаше доста работа татко ми таму да средува. Одвај чекаше граници да се отворат да оди. Јас оваа недела најверојатно ќе одам таму.
 

Beauty

Администратор
49,884
61,902
113
  • Автор на оваа тема
  • #649
А што ќе прави народот во Србија ако нема куќа како тебе ? :haha:
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Па со Србија и Албанија се мислам отворени. Грција не ги отвора, а во Бугарија треба да се седи две недели во самоизолација.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Дечки, ќе барам премногу можеби, но сепак ќе ми значи ако одвоите 2 минути и кликнете овде: https://forms.gle/YVCoU7VpZ814d5w59
Фала ви однапред најискрено.

ps: ако не е дозволено ова, се извинувам и избришете слободно.
pps: ако е несоодветна тема, преместете и извинете уште еднаш.
 

Beauty

Администратор
49,884
61,902
113
  • Автор на оваа тема
  • #652
Средено.

Давај ти инфо. Да се спречи полнење кутии во албанските места, мора!
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Средено.

Давај ти инфо. Да се спречи полнење кутии во албанските места, мора!
Од тоа што јас го имам како неофицијално инфо, има разлика +7.
Полнење кутии, ах, тој процес е познат у западна Северна и тешко да се спречи... Но со последните крекања на ДУИ, убеден сум дека се спремаат за во опозиција, а башка и т.н. мајски договор (победник со победник, оксиморон само по себе) нема да се испочитува, посебно после изјавите од македонската опозициска партија и мултиетничката партија на власт, која небаре не коалицира се' уште со дуи.
Сериозни бројки има и Левица, а сите други партии заедно, тешко дека можат цел еден пратеник да добијат...

Спотовите нема да ги коментирам, оти има и океј, ама има и тотални промашувања.
Бомбите... Ах, ќе се рокаме, натиго дајмиго...
Иако првичното инфо беше дека е договорено да нема бомби, една страна не го почитуваше тоа, па сеа се возвраќа ударот, само со петарди засега.
Инаку ако ме држи меморија (ако не прегоре мемориската од вчера-завчера дешавките), ви реков дека ќе има прелет (сончогледи) од СДС во ВМРО... Мицко вчера двапати го рекол тоа, на што Заев немал поим... Останува да се види што ќе биде.

А да, неофицијално, се разгледува после избори да идеме пак со карантини и полициски часови...

Датум за почеток на преговори... То ќе биде кога нема да е зајко на власт, то ќе да е последно. А друго неофицијално, во Битола висок владин преставник веќе си го спрема членството за пораз.


*не знам друго што имав периодов хахха, после вртоглавиците, повраќањата, итн итн (неам корона, уживајте хаха), а и напорнава работа со „зелки“ да се расправам, заборавам што интересно можев да споделам делумно со вас...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Де бре, никој од вас повеќе не ги прати изродиве ?

Па ни јас не ги пратам, ама сепак наидов на ова.

Вчера ова.

Повторно објавени аудио разговори без никаков јавен интерес

пет, 03.07.2020 | 5:17 pm

...

Со оглед на непостоењето на јавен интерес на двете снимки, тв24 денеска нема да објави ниту една, а истиот принцип ќе се примени и врз идните снимки кои нема да бидат од јавен интерес.

Денес ова.

Нови снимки на каналот „Обнова на режимот“, за Јанушев и за списоци од Телеком

саб, 04.07.2020 | 1:09 pm

Два нови раговори се објавени на каналот „Обнова на режимот“. Разговорите се именувани како „Јанушев ќе ги убијам“ и „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“.

...

Знае ли некој на што е Роби Телекабел, ставовите ги менува како чорапи, вчера едно, денес друго ?
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ај со ред...
Најново инфо од странство, резултати од анкета се следни: ДПМНЕ од 53 до 55 пратеника. СДС на нашата земја 44 или 45 пратеника.

Од друга страна, еден со иницијали В.З. хаос му било, се запалил (фигуративно) после вчерашните бомби...
 

Beauty

Администратор
49,884
61,902
113
  • Автор на оваа тема
  • #656
Роби е луд како сите газди на телевизии очигледно, но оние со најлоши приходи и неизвесна работа, имаат причини само да одработуваат за некого.
Ако погледнете, Сител и Канал 5 се далеку пообјективни и нормални овој и претходниот период за разлика од провладините ТВ 24 и Телма од една страна и Алфа како опозициона од друга страна.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Леле, ги видовте спотовите на Интегра? :religiozen:
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Не, што е со нив?
Ужас се. Нешто со религија, Бог, заклетви пред Светото писмо, Бог ги одбрал луѓето да бидат дел од таа партија, Бог сакал да ја спаси Македонија :off:
 
Top