Иако не го сакам Стево стока, прецедник избран од малцинството... Морам да кажам дека човекот не кажал ништо посебно, освен дека ако настане размена на територии и преселна на население, ќе доведе до домино ефект и можни конфликти на Балканот, најпрво во Босна а потоа и овде кај нас...
Но овој Вулин за одбрана што им е, глуми лудило и билда поени... А србине се толкави браќа што да ти расправам... Да, може има нешто во мене што ме тера да не ги сакам и да ги рангирам како и другиве соседи, но факт е дека премногу проблеми ни направиле, иако се прикажуваат ко „браќа“... Другиве барем директно кажуваат, а не ко нив зад грб.
А сега еден политички виц, кој е сурова реалност... За да објасни сликата со сите до еден соседи, вклучително и Србија.
Го немало Господ едно 7 дена и дошол и ангелот го прашува:
- „А бе Господе, каде бевте, што Ве немаше?“
~ Ех ангеле, бев да создадам нешто ново, полно со рамнотежа, со баланс... Дојди, еве ова е планетата Земја, а до неа има Сонце и Месечина. На неа има и копно и вода. Има и ден и ноќ. Има и животни и птици...
- А Господе, тоа таму малото, што е точно?
~ Eee тоа е рај на земјата, ќе го наречам Македонија. Има недопрена природа, прекрасен народ, ретка флора и фауна... Природни езера, реки...
Ангелот зачуден го прекинува Господа и го прашува:
- А Господе, каде е балансот, овде има премногу добро, нема никаква рамнотежа во таа Македонија...
На што Господ му возвраќа смешкајќи се:
~ Чекај, чекај да видиш што чурук соседи сум им дал..