Ќе почне да опаѓаат бројките на луѓе заболени се надевам јас до август веќе. Секако ако се победи сето ова после тоа немојте да замислувате дека одма во целиот свет ќе си функционира така опуштено и нормално како предходно што си функционирало. Ќе треба доста време да закрепнат многу работи како економија и бизнис, здравството да се стабилизира на нормално работење, ќе има опаѓање на туризмот во многу држави.. На се ќе влијае овој коронавирус.
Да седиме сега дома пред се да не се заразуваме а и така да не го оптеретиме и здравството затоа што може да се случи да нема место за сите, да навлезе и премногу вирусот во здравството да се заразат и лекарите. Здравствениот систем има граница како и се друго и да не дозволиме таа граница да се надмине брзо за да не се случува ова.