Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
Глупо е што мора да земаш нов договор за да земеш MagentaTV Box.

Втора глупост е што го нема како апликација за телевизори.

И трета глупост е што викаат дека каналите се ист квалитет на слика како на MaxTV aма па добро што е и така зошто пола корисници кој знае кога би користеле MagentaTV зошто нема можност за оптика секаде.
Сега треба да ти се нацрта на секој форум во кој си зачленет ?

Начекај ги тие шетачите од продажба низ улиците од врата до врата и прашај ги дали можат да те мигрираат од MaxTV на Магента ТВ.

Оваа пролет 2024 Магента ТВ промотивно ќе ја нудат низ региони Скопје, Тетово и Кичево, што значи дека доколку е изводливо како постоечки корисник да те префрлат од MaxTV на Магента ТВ секако дека ќе ти завршат работа, во нивна корист е да наполнат норма/таргет, па макар и со постоечки корисници.

Магента ТВ ќе можеш да користиш преку бакарната мрежа на Македонски Телеком доколку користиш Sercomm Speedport Plus рутер или новиот Arcadyan Speedport Plus 2 (VRV9518 BA-2C).

ARCADYAN VRV9518BA-2C
https://www.hrvatskitelekom.hr/ResourceManager/FileDownload.aspx?rId=15558&rType=2

SPEEDPORT PLUS
https://www.hrvatskitelekom.hr/ResourceManager/FileDownload.aspx?rId=13009&rType=2

Магента ТВ ја имаш како апликација за мобилни телефони и таблет компјутери, можеби ќе ти работи и на Андроид телевизор, а ако не работи, сигурно ќе можеш преку мобилниот телефон или таблет компјутерот да му направиш Cast screen mirroring емитување на сликата и звукот преку Wi-Fi.

Неотел исто така нудат Нео ТВ и преку Андроид апликација и преку веб сајтот на Нео ТВ, па сепак ти даваат Андроид рисивер на користење.

Нема сакам/нејќам рисивер, каков и да имаш телевизор апликациите секогаш ќе останат алтернативни пристапни платформи, телекомуникацискиот оператор не ти гарантира услуга на телевизорот преку апликација, туку преку рисивер кој ти го дава на користење.

Не планираат да се замараат со корисници кои им се жалат за апликација која не им работи на телевизорот, за рисиверот имаат обучени технички лица кои знаат како да ги решат проблемите или да ги заменат неисправните уреди. Телевизорот дури и да си го купил од кај нив сепак не планираат да се замараат со софтверски проблеми.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,094
113

Кај па да ги најдам тие што доаѓаат од врата до врата? Не дека не може и да одам во салон да прашам но прашав на Фејсбук по порака и ми пишаа
Со миграција кон новата понуда- магента ТВ се инсталираат нови уреди за ТВ.
Во случај да се одлучите за миграцијата, потребно е да се одлучите за една од понудите за фиксни услуги- https://www.telekom.mk/magenta1.nspx.
Значи менувам договор така?

Лани пред крај година го обновив договорот и не ми се прави друг додека не ми истече. Ќе чекам да ми истече па ќе му мислам за обнова.

Апликацијата за жал ја немаат овозможено за телевизор. А на телефон ја имам ама ги нема сите канали, нема снимање, веројатно зошто не сум на новиот пакет Магента 1 интернет, тв, мобилен.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
Кај па да ги најдам тие што доаѓаат од врата до врата? Не дека не може и да одам во салон да прашам но прашав на Фејсбук по порака и ми пишаа
Е па Фејсбук не ти е теренски агент за продажба, ниту е контакт центар.

Прошетај си низ населба, види каде се залепени тие флаерите со телефонските броеви од теренските агенти за продажба, и контактирај било кој од тие агенти.

Тие се единствени кои имаат овластување за било какви попусти и промоции, на вработените во салон дозволено им е да даваат попусти и промоции исклучиво и само за продажба на мобилни телефони, компјутери, телевизори и се` останато што ти нуди Македонски Телеком од бела и црна техника. За попусти или било какви промоции за Интернет/ТВ/мобилна телефонија/Магента пакети на вработените во салоните им се врзани рацете, забрането им е на нови корисници да им даваат попусти и промоции, а не па на постоечки корисници.

Таква е политиката на компанијата - токсична и претежно непродуктивна, затоа и наплаќаат провизија за сметките платени во салон, бидејќи сакаат да ги натераат корисниците да ги плаќаат сметките во банка или преку Интернет, со цел да го намалат бројот на вработените во салоните.

Значи менувам договор така?

Лани пред крај година го обновив договорот и не ми се прави друг додека не ми истече. Ќе чекам да ми истече па ќе му мислам за обнова.
Нема да истераш уште две години со MaxTV, прашање на време е кога ќе ти понудат да те префрлат на Магента ТВ.

Не знам какви им се сегашните планови и стратегии, но знам дека на долг рок планот им е сите постоечки MaxTV корисници да ги префрлат на Магента ТВ, без разлика дали со обнова на постоечки претплатнички договори или не.

Апликацијата за жал ја немаат овозможено за телевизор. А на телефон ја имам ама ги нема сите канали, нема снимање, веројатно зошто не сум на новиот пакет Магента 1 интернет, тв, мобилен.
ТВ каналите за сите пакети ги измешаа, затоа не ти ги дава сите.

Уште есента 2023 или зимата 2023/2024 ги изменија пакетите, има ТВ канали кои не се достапни во основниот Интернет + ТВ пакет, односно се достапни исклучиво во дополнителни пакети, а истовремено се достапни во основниот Магента пакет.

Ептен делуваат како да си ги менуваат валканите алишта со А1 кога човек ќе им ги спореди токсичните и непродуктивните политики кои ги применуваат како кон вработените, така и кон корисниците.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,094
113
Нема да истераш уште две години со MaxTV, прашање на време е кога ќе ти понудат да те префрлат на Магента ТВ.

Не знам какви им се сегашните планови и стратегии, но знам дека на долг рок планот им е сите постоечки MaxTV корисници да ги префрлат на Магента ТВ, без разлика дали со обнова на постоечки претплатнички договори или не.
Ова верувам дека ќе се случува затоа што ќе му дадат внимание повеќе на MagentaTV да го работаат a МаxTV ќе го забораат дека постои. Можеби претпоставувам во случај кога на некој ако му се расипе пример прегоре ресивер од МaxTV ќе му го заменат со MagentaTV и плус така ќе тераат да се смени тарифа.

Во А1 пример уште има корисници кој останале на старите ресивери што не се со Xplore TV и абер немаат да ги префрлат на Xplore TV.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,094
113
Планираат олимпијада да се гледа во 4К а ние одвај добра слика на HD гледаме :406389:

M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,094
113
Ги регистрираа РТС 1,2 и 3. Да видиме дали воопшто ќе го стават во понудата зошто ќе треба често да се затемнуваат.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,094
113
Од утре
На МахTV:
Eurosport 3 тенис и голф
Eurosport 5 фудбал
Eurosport 6 кошарка

На MagentaTV:
Eurosport 4K
Eurosport 3 тенис и голф
Eurosport 5 фудбал
Eurosport 6 кошарка

Каналите ќе се достапни додека трае летната олипијада во Париз, Франција.
 
KajzerSoze

Нов Член
11
2
3
Муабет од вработени во телеком дека за нова година ќе го пуштеле нетфликс. Некој да не знае нешто за ова?
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,094
113
Муабет од вработени во телеком дека за нова година ќе го пуштеле нетфликс. Некој да не знае нешто за ова?
Колку што знам нема Netflix на MagentaTV уредите да се инсталира. Може ќе овозможат да се инсталира.

А ако го нудат како што направија А1 не знам што ќе е Телеком да нудат понуда на Netflix ако нема преводи на македонски јазик на сериите и филмовите.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Пуштени се одредени апдејти и здравје се планира да се оспособи на новите боксови да може да си симнете нетфликс. Ама мислам дека нема да е со претплата ко во А1.
 
Beauty

Администратор
49,864
61,855
113
Охооо
Омилената платформа во сечиј дом :pie kafe:
Време е новата година да стане вистински тексашки масакр и тоа со
Моторна пила
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Па можеби и А1 ќе ја тргни ко така. :neznam:
Тоа е друго, они си ја тераат со претплата преку нив.
Телеком неам најава за такво нешто.

Инфото е од прва рака од двете места...

Ако има нешто измена, ќе пишам. Засега е инфото дека се пуштија или во тек се пуштања на апдејт на новите боксови со цел лиценцирање на боксовите за нетфликс.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,094
113
Aбе нека напраат нешто на сите да им понудат MagentaTV ресивери.

Оваа MaxTV платформава некогаш е поспора кога отвараш нешто од менито.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
Aбе нека напраат нешто на сите да им понудат MagentaTV ресивери.

Оваа MaxTV платформава некогаш е поспора кога отвараш нешто од менито.
Ако ти е споро менито од MaxTV рисиверот, тогаш меморијата му е преполна и треба да го исклучиш од струја и да го вклучиш повторно за да се рестартира.

Доколку проблемот трае постојано тогаш рисиверот е неисправен и треба да пријавиш дефект за да го заменат.

И не се крсти во Магента ТВ рисиверите, не вредат ни пет пари, туку биди благодарен за секој ден додека сеуште си корисник на MaxTV.
 
MagentaTV добро е дека е Android па може плус некоја апликација да си инсталираат од Play Store оние кој немаат телевизори со Android TV

MagentaTV поинаков изглед има. MaxTV колку и да е добар позастарено изгледа, знае по некогаш да биде поспор или нешто да не отвара. Многу пати ги рестартирам ресиверите, од толку рестартирања ќе цркнеа до сега :) Еден ми цркна па ми го сменија со друг модел.

Јас имам телевизори со Android TV па барем за таквите телевизори да го овозможеа MagentaTV да не мора два ресивери MaxTV да им бришам прашина и онака послабо на едниот телевизор гледам телевизија па за одредени ситуации ќе заврши работа апликацијата MagentaTV.
 
Андроидот ти е најтапа аргумент за оправдување на Магента ТВ, ако толку ти треба Андроид купи си дополнителен Андроид рисивер од било која продавница и со него бркај си работа.

Тоа што не го знаеш за MaxTV платформата е дека има далеку подобар капацитет и квалитет во споредба со Магента ТВ платформата, која патем ја одбраа токму бидејќи е најевтина, а не поради квалитет.

И пред да се фатиш за сламката 4k Ultra HD резолуција, уште една работа која не ја знаеш е дека и MaxTV платформата поддржува 4k Ultra HD канали и постојат MaxTV рисивери кои поддржуваат 4k Ultra HD канали, но многу ретко ги даваа(т) на крајни корисници, всушност сега повеќе не се ни замараат да ги даваат на крајни корисници бидејќи се кладат на Магента ТВ платформата дека ќе ги покрие сите потреби од дигитална телевизија на крајните корисници.

Единствено ако му се посреќи на некој MaxTV корисник да пријави дефект за неисправен рисивер, а истовремено на техничарите кои ќе дојдат да го заменат рисиверот им се посреќи да им дале од магацин некој користен 4k Ultra HD рисивер за MaxTV оставен од некој поранешен корисник кој ја откажал услугата, корисникот кој го пријавил дефектот ќе си дочека MaxTV рисивер што поддржува 4k Ultra HD резолуција, иако да бидеме искрени, засега Македонски Телеком нуди цел ЕДЕН ТВ канал во 4k Ultra HD резолуција, а тоа е ЕуроСпорт.

Тоа за кое што треба сериозно да подразмислиш е: Зошто до денешен ден не постојат Магента ТВ пакети за деловните корисници ?

Сите телекомуникациски оператори кога исфрлуваат нова услуга за масовна употреба прво им ја нудат на деловните корисници, а дури подоцна почнуваат да им ја нудат и на физичките лица.

Македонски Телеком, исто како и Телекабел, исто како и Близо/Вип кога почнаа да нудат оптички Интернет, прво им го нудеа на деловните корисници, а дури години подоцна почнаа да им го нудат на физички лица.

А ако очекуваш во иднина Магента ТВ да биде достапна како апликација за телевизорите со Андроид оперативен систем, поголеми ти се шансите дека ќе израснеш дрво кое ќе раѓа златници, ако толку сакаа да ги модернизираат ТВ услугите на Македонски Телеком, Магента ТВ ќе ја нудеа како апликација за телевизорите со Андроид оперативен систем уште од самиот почеток, а не вака да профитира некој од набавка и увоз на рисивери.
 
Што ќе ти е MaxTV ресивер со подршка 4К кога немаш ниеден канал во 4К. Eurosport 4K е само на MagentaTV.
 
Top