Dexter26
Добро-Познат Член
- 4,073
- 406
- 83
Сега треба да ти се нацрта на секој форум во кој си зачленет ?Глупо е што мора да земаш нов договор за да земеш MagentaTV Box.
Втора глупост е што го нема како апликација за телевизори.
И трета глупост е што викаат дека каналите се ист квалитет на слика како на MaxTV aма па добро што е и така зошто пола корисници кој знае кога би користеле MagentaTV зошто нема можност за оптика секаде.
Начекај ги тие шетачите од продажба низ улиците од врата до врата и прашај ги дали можат да те мигрираат од MaxTV на Магента ТВ.
Оваа пролет 2024 Магента ТВ промотивно ќе ја нудат низ региони Скопје, Тетово и Кичево, што значи дека доколку е изводливо како постоечки корисник да те префрлат од MaxTV на Магента ТВ секако дека ќе ти завршат работа, во нивна корист е да наполнат норма/таргет, па макар и со постоечки корисници.
Магента ТВ ќе можеш да користиш преку бакарната мрежа на Македонски Телеком доколку користиш Sercomm Speedport Plus рутер или новиот Arcadyan Speedport Plus 2 (VRV9518 BA-2C).
ARCADYAN VRV9518BA-2C
https://www.hrvatskitelekom.hr/ResourceManager/FileDownload.aspx?rId=15558&rType=2
SPEEDPORT PLUS
https://www.hrvatskitelekom.hr/ResourceManager/FileDownload.aspx?rId=13009&rType=2
Магента ТВ ја имаш како апликација за мобилни телефони и таблет компјутери, можеби ќе ти работи и на Андроид телевизор, а ако не работи, сигурно ќе можеш преку мобилниот телефон или таблет компјутерот да му направиш Cast screen mirroring емитување на сликата и звукот преку Wi-Fi.
Неотел исто така нудат Нео ТВ и преку Андроид апликација и преку веб сајтот на Нео ТВ, па сепак ти даваат Андроид рисивер на користење.
Нема сакам/нејќам рисивер, каков и да имаш телевизор апликациите секогаш ќе останат алтернативни пристапни платформи, телекомуникацискиот оператор не ти гарантира услуга на телевизорот преку апликација, туку преку рисивер кој ти го дава на користење.
Не планираат да се замараат со корисници кои им се жалат за апликација која не им работи на телевизорот, за рисиверот имаат обучени технички лица кои знаат како да ги решат проблемите или да ги заменат неисправните уреди. Телевизорот дури и да си го купил од кај нив сепак не планираат да се замараат со софтверски проблеми.