Што кажува ТВ серијата за вас?
„Mad Man“ - Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: креативен, социјален и либерален тип. Студијата покажала дека креативни луѓе се оние кои повеќе гледаат драми. Тие преферираат познати брендови како Apple. Социјалните и либералните типови на луѓе не поднесуваат морални авторитети.
„Family Guy“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: човек што превзема ризици и бунтовник. Бунтовниците не сакаат правила, а во нивниот глас се слуша сарказам и лутина. Овие две карактерни особини се одличен предуслов за оние кои сакаат да продаваат замрзната пица, мотори и мини-камиончиња.
„The Office“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: супериорни над другите… или барем мислите дека сте. Фановите на оваа серија за себе мислат дека се необични луѓе и постојано се фалат за нивните достигнувања. Преферираат брендови како BMW и пијат цедени сокови.
„Grey’s Anatomy“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие: сакате да бидете доктор, ги сакате луѓето, сакате да помагате и имате помалку комплициран живот. Бидејќи серијата е инспиративна, вие сте човек на кого му требаат инспирација и позитивни мигови. Верувате во љубов, но не премногу. Ја сакате работата, ама секогаш знаете дека можете да постигнете многу повеќе. Се грижите за здравјето и за малкуте пријатели кои ги имате во животот.
„Sex and the City“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: самокритични. Строги сте спрема себе и со високи критериуми чекорите во животот. Пријателите ви се сè во животот, а модата е дел од вас. Ве краси способноста секогаш убаво да се облекувате. Дружељубиви сте, а љубовта е вашиот двигател во животот. Секогаш сте тука да ги сослушате пријателите, да дадете совет. Кога сè е под контрола, на ноќните забави им нема крај.
„Desperate Housewives“ - Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: приземни и реални. Приземноста ве прави да бидете достапни и секогаш тука за оние на кои им требате. Оптимисти сте и реално му пристапувате на животот. Понекогаш за да се извадите, подлажувате, но знаете да се извините дека сте погрешиле. Го сакате животот и се обидувате да живеете што е можно помирно и поспокојно.
„The Big Bang Theory“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: интелигентен, забавен, среќен и безгрижен човек. Ве интересираат необични работи. Вие сте личноста во друштвото која е неопходна за забавата да биде одлична. Серијата толку многу ја сакате што често им кажувате реплики од некои епизоди на пријателите.
„House, MD“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: самоуверени. Сакате предизвици и сакате да ги истражувате работите кои не ви се доволно јасни. Промените во животот не ги прифаќате лесно, но се убедувате себеси дека мора да се помирите со тоа. Имате неколку луѓе во вашето опкружување со кои се дружите од корист. Склони сте на пороци.
„Gossip Girl“ - Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: модна икона (во кругот на пријателите). Маана ви е тоа што многу им верувате на луѓето, ама кога ќе се почувствувате предадено, секогаш имате една верна пријателка која ќе ве сослуша до крај. Класичните филмови ви се слаба страна, а и многу сте романтични. Иако Audrey Hepburn ви е идол, го менувате стилот на облекување во зависност од расположението. Сакате да живеете на висока нога, а во друштвото сте препознатливи токму по тоа.
„Will and Grace“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: социјален и либерален тип. Го негувате утринскиот ритуал како што е пиењето кафе и читање весник. Во постојана потрага сте по вистинскиот човек во вашиот живот. И покрај напорната работа, знаете како да се забавувате или барем имате неколку луѓе во животот кои го поттикнуваат тоа кај вас. Немате никакви предрасуди во животот. Импулсивни сте. Понекогаш животот го сфаќате сериозно, но набрзо сфаќате дека сакате да живеете што поспокоен живот, полн со убави моменти и позитивни луѓе.
„Nip/Tuck“ - Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: горделиви, упорни и доследни на себе. Сакате совршен живот, а можеби и го имате. Понекогаш сте егоисти, но тоа е така затоа што ги знаете своите квалитети кои ги поседувате. Директни сте кон луѓето, а верни на партнерот. Вие сте итри, снаодливи и интелигентни.
„The L Word“ - Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: eмоционален, флексибилен и духовен тип. Страста е приоритет во вашиот живот. Сакате да имате стабилни луѓе околу вас. Меѓу пријателите, вие сте оној човек што може да направи муабет со секого на која било тема. Ви завидуваат, ве сакаат и обожаваат. Имате претензии да бидете одличен лидер. Независни сте, лојални, успешни и самостојни. Точно знаете што сакате од животот и од човекот со кој што сте. Не сакате да бидете центар на вниманието.