Охохооо што не кажувате ова ?
Време е да ги повлечеме тие луѓе
Си го мразиш форумов ?
Најмалку му требаат на форумов сите тие недоквакани.
Инаку сигурно ќе го вклучат повторно Кајгана форум, вообичаено го исклучуваат кога се случува нешто крајно ненормално и нездраво, како на пример: договор за стратешко партнерство со Велика Британија, кој меѓу другото ќе предвидува дополнителни задолжувања во замена за вдомување на мигранти и увоз на британски отпад, или реконструкција на влада сега кога ТаватаПари ја напушти владината коалиција.
И безброј други гнасотилаци кои се случуваат во меѓувреме, а секојдневно се предмет на дискусија на тој форум: Украинците гинат како топовско месо додека плавиот Трамп си го прчи и се к_рчи како миротворец, Израел врши геноцид врз цивилно население во Газа, и бројни други гнасотилаци.
Секогаш свесно и намерно го исклучуваат тој форум кога се случува нешто што не треба, и го вклучуваат повторно кога рајата ќе се смири откако бурата поминала. Со години не дозволуваа дискусија за политиката во Македонија, се` до државниот удар од 2015/2016 година кога преку ноќ ај што дозволија дискусија за политиката во Македонија, туку и за модератори поставија носители на шареноликиот идиотизам кои 24/7 тролаа, бришеа коментари од неистомисленици и ги банираа. Несомнено добро се опарија тие години, исто како што се опаруваат и од увозникот на Грее климатизерите кој постојано се рекламира во една од темите за климатизација на форумот.
Се разбира постои и можноста да вршат надградба на тој форум, но дури и да ја прават, не верувам дека е со добри намери. Како најпосетуван форум во македонскиот Интернет простор, не би било изненадување ако му вршат надградба за полесно да прават профили на членовите кои не им се по мерак и полесно да ги блокираат или банираат.
Не би било изненадување нашите ѓубриња од луѓе наречени политичари да почнат да воведуваат Интернет цензура каква што веќе постои во Велика Британија, со која нели склучивме стратешко партнерство, а во таа држава на политичките неистомисленици кои ќе објават нешто "несоодветно" и/или "непристојно" на Интернет, им следуваат апсење и затворска казна. Можеби го токмат Кајгана форум токму за таков тоталитарен експеримент со тоа таканаречено стратешко партнерство.
Не му требаат такви луѓе на овој форум, лично понормално ми делува со вашите дискусии за турските идиотизми кои воопшто не ги ни читам, отколку да собере секаков отпад од Кајгана форум.