Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
51,375
64,453
113
А знаете апликација со која можам да зборувам на странски јазик ? Односно да ме учи.

Секако да е вештачка, урламммммммм :haha: :haha: :haha: :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,545
6,766
113
А знаете апликација со која можам да зборувам на странски јазик ? Односно да ме учи.

Секако да е вештачка, урламммммммм :haha: :haha: :haha: :haha:
На Chat GPT можеш да зборишсо чатот и ти одговара што сакаш. Можеш да му кажеш да те учи некој јазик.
 

Beauty

Администратор
51,375
64,453
113
Не да пишувам него да зборуваме.
Како вистински соговорници и будучи пријатели :haha:
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,447
3,191
113
Аман! :((

А се знае нешто за Панчо? Никаде ништо немам прочитано.
 

Beauty

Администратор
51,375
64,453
113
Добар бил, ја прашуваа Миа пред некој ден на Инст, пиша дека бил ок.
Леле Миа јаката фаца па ќе кажува кој бил добар, кој не, али ај. :406389:

Панчо мислам е осомничен исто ?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,545
6,766
113
Пишаа за Панчо и Shure Shotz
Денови и недели подоцна, сѐ уште не можеме да се помириме со тоа што се случи во Кочани.

Болката и тагата се постојано присутни, а секој кажан збор е излишен за оваа трагедија која не шокираше сите до еден и го донесе најтешкиот период за нас, во овие 20 години постоење на фамилијата Sure Shotz.

Нашите срца се со семејствата и најблисĸите на оние ĸои прерано не напуштија. Нема зборови ĸои би можеле да им ја олеснат болĸата, но во нашите срца и мисли стоиме поĸрај нив, ја споделуваме нивната тага и им ја испраќаме сета сила на светот.

Исто таĸа, на сите повредени им посаĸуваме брзо и успешно заĸрепнување - се надеваме деĸа сеĸој нов ден ќе носи напредоĸ и сила за продолжување на борбата. Како екипа, достапни сме да направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме, иаĸо знаеме деĸа ниту еден гест, ниту една помош не може целосно да ги залечи раните што ги остави оваа трагедија.

Со голема тага, сакаме да се опростиме и дадеме збор-два за нашите блиски другари и соработници, кои ни значеа премногу…

Буцо, нашето најзлатно дете, нашето братче од Sure Shotz кој постојано беше тука, со и за нас, секој четврток на Spicy или на сите патувања низ Македонија. Момчето коe никогаш не бараше ништо, а безрезервно даваше на сите, постојано насмеан и позитивен. Безброј заеднички моменти, саати и денови поминати заедно во дружба, со смеење до солзи или јадење додека не се прејадеме… Засекогаш ќе ни фалиш Буцика!

Андреј, голем човек со уште поголемо срце. Беше со нас од самите почетоци, како другар, соработник и голем фан на музика (одлепуваше на Guru/Gangstarr). Ти благодариме за секој еден другарски момент, даден совет и искрен муабет уз чашка ракија или пиво. Вечно ќе ги пуштаме и пееме твоите рефрени!

Сара, Филип, Цеа, Џоле, Игорче, Ефремов; ни беше драго што ве познававме и што имавме чест да соработуваме и да се дружиме преку тоа што не поврзуваше - ДНК како бенд и музиката како наша најголема љубов. Ќе ги паметиме сите заеднички настапи и дружби во бекстејџ… Вечна ви слава и почивајте во мир!

За крај, ви се заблагодаруваме на сите кои се интересирате за Панчо, тој е во стабилна состојба и веруваме дека ќе напредува со својата рехабилитација. Патот е долг, но ние сме со тебе стари, како до сега така и во иднина!

Ива, мило ни е дека се опоравуваш и те чекаме да ни се вратиш дома!

Во моментов, како екипа паузираме со нашите забави и диџеј сетови во догледно време. Целата наша енергија ја насочуваме кон поддршка на сите засегнати од оваа трагедија, на сеќавање и почит кон оние што не се повеќе со нас.

Ви благодариме за љубовта и безрезервната поддршка во овие тешки моменти.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,545
6,766
113
Кои ти се тие Shure Shotz
Панчо e основач Sure Shotz Entertainment Agency која организира хип хоп забави. Имаше донесено во Македонија неколку странски хип хоп артисти.

Негде уште ја чувам дома картата брат ми што бил на нивна организирана забава со потпис од странски хип хоп артист.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,545
6,766
113
Добро женава се зеза со нас или што е работава? Ми се појавува неколку пати кога вртам Reels видеа и ме заинтересирало да влезам на нејзин профил, отворен и е.
lИскрено не сакам да ја исмеавам ниту па да бидам погрешно сфатен дека ја исмеавам ама ми е чудна со видеава. Се снима едно исто како ја врти главата лево десно или станата се врти лево десно.

 

Beauty

Администратор
51,375
64,453
113
Ехееее
Оваа е добро познат ретард.
Тоа е Марко, нема исмевање, ама дека и фали жичка, односно многу жички, и те како и фалат.
Види само колку постови има хахахахахха
 

Beauty

Администратор
51,375
64,453
113
Велија снима говна од животни и се чуди чии биле

Лелеле до толку ли бре забегаа луѓево :okokoren: :plac: :plac: :plac:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,545
6,766
113
Што е со времево? Се поремети.

Одвај чекам да затопли да не се носи дебела јакна, да се носи маичка со кратки ракави и се расипа снег истура. Ќе ме уништи времево :off:

Да може да избришам годишно време зима и снег би избришал засекогаш колку и да зимата е убава за да гледаш снегот како паѓа се бело, може да одиш на планина сепак за мене пролет и лето е поубаво па макар и жешко топло било.
 
Top