Уф, колку претажен пост. Тажно, страшно.
Она што можам да кажам е дека јас ги обожавам помалите градови, тоа се едни прекрасни луѓе, сосема обични и нормални, и многу подобри од скопскава раја, не се ниту размазени, ниту аздисани како тука.
Во врска со донациите, мислам и Општините и Црвен крст имаат собрано и дадено доста, но веројатно треба време за да се префрлат тие пари, процедура е очигледно.
Вчера имав прилика да седнам со една пријателка докторка од клиника, и тоа што го чув дополнително ме трогна и се запрашав - што правиме, што е ова луѓе, па животот може во еден момент да згасне, а сите сме во некоја трчаница, незадоволни, пари, ова она. Ние го имаме животот, за тие луѓе таму никогаш ништо нема да биде исто. Тие го изгубија животот. И децата, а и фамилиите.
Неделата бил најстрашниот ден во болниците било кога, неспоредливо со било кој ден било кога. Од Кочани се испраќале за Скопје, ок, во Кочани ниту има клиника од поголем ранг ниту капацитет, па нормално. Во Кочани сестрата проверувала пулс, кој има пулс се праќал за Скопје одма, кој нема, на страна во умрените.
Во Скопје доаѓале изгорени, коса лице, грб раце, по фустанчиња, кошули, онесвестени. Докорите најбрзо и најпрофесионално се екипирале и секоја чест. Најтешките случаи се испратиле за странство.
Она што ме трогна нај е дека имало стотици луѓе пред болница, плачеле, кукале, викале, ги барале децата. Една мајка била во Кочани, па во Штип, и го немало девојчето таму, отишла кај дискотеката, ги нашла штиклите на ќерка си, па дошла во Скопје со такси. Една болница, друга, трета, ја немало на списокот кај лекарите. На крај отишла во државна клиника, докторката и рекла - Ја нема ни на овој список. И само мајката прашала - Што да правам сега, каде да ја барам?
Докторката и рекла видете кај полицијата во нивните списоци. Во ходникот го прашала полицаецот, тој погледнал и и рекол Нажалост, вашето дете е во починатите.
Може да замислите која траума, болка и врисок било тоа. Само седнала на земја во ходникот на Државна, плачела и си ги гушкала штиклите од ќерката, кои ги нашла кај диското.
Ма страшно, језиво, болно, претажно.



