Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
19,472
6,710
113
CNN во живо го даваат погребот!

Ма дали се тие нормални? Дали имаат душа, емпатија, срце??????????
Дно дна!
Мислам не е CNN оној туку некоја друга

Не требаше ни од Тоше да го пренесуваа погребот на телевизија.
 

Beauty

Администратор
51,199
64,175
113
Да, ова е некоја индиска бљувотина од портал или што и да е, ми се гади
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,472
6,710
113
Еве уште едни пренесуваат
 

Steff

Добро-Познат Член
34,663
46,234
113
Ма господе боже што прават, ретарди сензационалисти
 

Delux

Добро-Познат Член
751
968
93
Немав сили да пишам ништо на оваа тема. Дечки, не се знаеме, анонимни сме, но еве јас да кажам дека сум од Кочани. Ако на сите Вас ви е тешко, за тоа што сте слушнале за деца кои не ги познавате, некаде таму во некое мало градче, замислете како ни е на нас. Ние сме мало градче, а во малите градчиња секој секој го знае. Можеби не се познаваме сите, но барем на лик се познаваме (ги знаеме неговиот брат / сестра, или мајката / таткото е колега на работа со мојата мајка / татко, значи со скоро секој можеш да најдеш некоја таква поврзаност.
Нема куќа во Кочани, да не знае некој од починатите. Нема куќа да не знае некој од повредените.
Во Саботата бев на кафе (во тој кафич што го демолираа), и сега кога ми текне, дечките на масата пред мене се транспортирани низ болниците низ Европа, еден дечко од друга маса е починат, еден бивш вработен што таму не служеше е починат.
Скоро секој ден одам до еден маркет во градот. Продавачката (младо девојче) дури и името ми го научи и така се поздравувавме. После несреќата два пати бев, маркетот беше затворен. Вчера кога излезе листата на починати, ја гледам и неа.
Дечки, многу е тешко. Душата боли. Не можам да ви опишам како беше во Неделата да седеш дома и да гледаш вести и се молиш телефонот да не ти звони. А тој звони. Звони еднаш, јас во мојата соба и мајка ми доаѓа во солзи и вели на колешката синот е починат. Звони втор пат, пак доаѓа на колегата синот е починат. Фала му на Господ моето семејство не е дирекно погодено (немаме од пошироката фамилија и од поблиските пријатели), но сепак имаме познати деца на овој или на оној начин и повредени и починати.
Цела генерација ни отиде во една ноќ. Кочани веќе никогаш нема да биде исто. Можеби во другите градови побрзо ќе се заборави и ќе се врати се во нормала, но кај нас ова ќе трае и трае. Многу е тешко и е болно дечки.
И за крај, еве на што работат дечките од Кочани од вчера
 

Beauty

Администратор
51,199
64,175
113
Уф, колку претажен пост. Тажно, страшно.

Она што можам да кажам е дека јас ги обожавам помалите градови, тоа се едни прекрасни луѓе, сосема обични и нормални, и многу подобри од скопскава раја, не се ниту размазени, ниту аздисани како тука.

Во врска со донациите, мислам и Општините и Црвен крст имаат собрано и дадено доста, но веројатно треба време за да се префрлат тие пари, процедура е очигледно.

Вчера имав прилика да седнам со една пријателка докторка од клиника, и тоа што го чув дополнително ме трогна и се запрашав - што правиме, што е ова луѓе, па животот може во еден момент да згасне, а сите сме во некоја трчаница, незадоволни, пари, ова она. Ние го имаме животот, за тие луѓе таму никогаш ништо нема да биде исто. Тие го изгубија животот. И децата, а и фамилиите.
Неделата бил најстрашниот ден во болниците било кога, неспоредливо со било кој ден било кога. Од Кочани се испраќале за Скопје, ок, во Кочани ниту има клиника од поголем ранг ниту капацитет, па нормално. Во Кочани сестрата проверувала пулс, кој има пулс се праќал за Скопје одма, кој нема, на страна во умрените.
Во Скопје доаѓале изгорени, коса лице, грб раце, по фустанчиња, кошули, онесвестени. Докорите најбрзо и најпрофесионално се екипирале и секоја чест. Најтешките случаи се испратиле за странство.
Она што ме трогна нај е дека имало стотици луѓе пред болница, плачеле, кукале, викале, ги барале децата. Една мајка била во Кочани, па во Штип, и го немало девојчето таму, отишла кај дискотеката, ги нашла штиклите на ќерка си, па дошла во Скопје со такси. Една болница, друга, трета, ја немало на списокот кај лекарите. На крај отишла во државна клиника, докторката и рекла - Ја нема ни на овој список. И само мајката прашала - Што да правам сега, каде да ја барам?
Докторката и рекла видете кај полицијата во нивните списоци. Во ходникот го прашала полицаецот, тој погледнал и и рекол Нажалост, вашето дете е во починатите.
Може да замислите која траума, болка и врисок било тоа. Само седнала на земја во ходникот на Државна, плачела и си ги гушкала штиклите од ќерката, кои ги нашла кај диското.
Ма страшно, језиво, болно, претажно. :smrk::smrk::smrk::smrk:
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,440
3,189
113
Леле, ме израсплакавте 43634643 Значи, сите денови само посакувам ова да е кошмар! Не ми се верува уште што се случи… Дечиња златни, бе. Секој ден само нешто ново прочитувам и одново ми се повторва се. Ќе си поплачам и така… Вчера еден пост ме докусури: масовен погреб на деца. На дечиња, бе?!?

Делукс, морате да бидите силни, мораме да бидиме силни! Се што кажа погоре е претажно и преточно. Кај другите градови побрзоо ќе избледее, ама Кочани е обележан со генерации. Луѓето се пепел…

Не можам… нека почиваат во мир а на нивните најблиски, Господ нека им дава сила. Не знам како ќе продолжат, стварно…
 
Top