^
Па така му направија на еден човек пред 10 години кога си изгради невиден рај во близина на Стоби, не помнам колку куќи, парк, вештачко езерце, милина.
И потоа во еден ист ден доаѓаат багерите со градежната инспекција и налогот за рушење, објектите биле во целост легално изградени, но имало сомнежи дека под земја имало артефакти од Стоби и не знам што друго, не истражувале таму воопшто па затоа не биле сигурни дали таму навистина има било какво културно или историско богатство, ама за секој случај багерите си го направија своето, срушија се до темел.
Подоцна се докажа дека немало никакво културно и историско наследство таму и дека државата постапила неправедно кон човекот, не помнам дали бил печалбар или во Македонија стекнал богатство, бидејќи куќите, паркот и вештачкото езерце што човекот ги имаше изградено навистина делуваа како вистински рај на земјава, со просечна македонска плата тешко дека некој ќе успее да изгради нешто такво.
Но сепак човекот не доби никакво обештетување, а истовремено си остана и без покрив над глава.
А кога сме кај останатите објекти кои се градат во Македонија, особено во Скопје, баш минатиот месец, јули 2011, дали од Државниот Завод за Статистика, дали од Министерството за Транспорт и Врски, или од не знам која друга институција, објавија статистика според која мнозинството граѓани се заинтересирани за да купуваат станови изградени пред 1990 година, бидејќи до тогаш имало строги и ригорозни закони и правила при градење, а денес секој гради кога, каде и како ќе му текне, поради што мнозинството граѓани ги сметаат становите изградени пред 1990 година за побезбедни од овие другиве изградени од 1990 година па до денешен ден.