Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Честито име, Кате! :)

Инаку и јас елката би требало да ја китам околу 18-ти/19-ти декември.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Ana-Marija напиша:
Јас неделава ке ја напнам мајка ми да ми ги најде украсите и да ја украсам. Ептен убава елка иам,мерак ми е да ми стои украсена.Лани до фебруари ја чував35455
Мала поправка Февруари
BTW: не било малку касно за елката во февруари ??? 435435
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Ех канада што ти се вика...јазикот ке си го заборавам да го пишувам(офф)

Инаку да,беше МНОГУ касно не малку464366
 

Beauty

Администратор
49,878
61,886
113
Честити именден Кате и од мене.
А за елката, секогаш ја китам на средина на декември
 

Bibliophile

Член
459
1
18
Благодарам уште еднаш :smizla:
Што се однесува до украсувањето за Нова Година, дома секоја година тоа го правиме после празникот Св. Никола и стои до Василица, иако кога бев помала настојував порано да се накити елката и секако што е можно подолго да стои накитена!:huhu:
Ги обожавам празнициве 334545
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Кај мене од Св. Никола можи и ден два порано стои украсено до Св Јован ( Водици). Инаку годинава сакам малку креативност да покажам па да направам различни украси од шишарки и од други природни материјали ама што ќе излези од сето тоа 435ф . Ако веќе направам нешто тоа би било околу Божиќ
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Јас Jumbo ќе го нападнам оваа година за новогодишни украси, мислам дека таму ќе најдам доста работи кои ми требаат.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Моиве беа пред некој ден имало преубави работи. Некои биле скапи за семејниот буџет планиран за такви работи така да само некои ситници имаат купено. Јас кај да е ќе ги нападнам продавниците низ Прилеп да си купам нешто. Не дека овде е многу поевтино ама ќе се најди нешто
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Јас лани после католичкиот Божиќ каде елките се више безцелни,купивме дизајнирана елка од излог за продавница за ефтини пари. Ни ја дадоа со се лампиони,светилки,гранки и секаков друг вид на украси. 434646
 

Bibliophile

Член
459
1
18
Ana-Marija напиша:
Јас лани после католичкиот Божиќ каде елките се више безцелни,купивме дизајнирана елка од излог за продавница за ефтини пари. Ни ја дадоа со се лампиони,светилки,гранки и секаков друг вид на украси. 434646
Плус си доби и "бебе" елка :haha:
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Дечки, како ви се допаѓа новата апликација на Facebook Нов Фејсбук Профил ???
Мене искрено не ми се бендисува многу многу, но ја ставив за да видам како стои, сега незнам како да ја извада haha
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #33
22a напиша:
Дечки, како ви се допаѓа новата апликација на Facebook Нов Фејсбук Профил ???
Мене искрено не ми се бендисува многу многу, но ја ставив за да видам како стои, сега незнам како да ја извада haha
Јас ја ставив и сега нема назад. Искрено има интересни додатоци, но страшно ме потсетува на еден меѓу првите Фејсбук дизајни, 2007/8 година, не знам колку се сеќавате, тој за мене беше доста тежок за користење, едвај го научив haha
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Bobi напиша:
Јас ја ставив и сега нема назад. Искрено има интересни додатоци, но страшно ме потсетува на еден меѓу првите Фејсбук дизајни, 2007/8 година, не знам колку се сеќавате, тој за мене беше доста тежок за користење, едвај го научив haha
Се согласувам дека има занимливи додатоци, но некако тешко се снаоѓав вчера додека не го научив. Иначе не се сеќавам бидејќи немав фејсбук, скоро до пред една година

И искрено ми личи малку на старомодно. И дај ако некој знае како се вади ова нека ми каже
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #35
22a напиша:
И искрено ми личи малку на старомодно. И дај ако некој знае како се вади ова нека ми каже
Нема назад. Доколку еднаш го промениш, веќе немаш можност да го вратиш стариот. А реално и глупо би било, или сите ваков или никој :)
 

Bibliophile

Член
459
1
18
Новиот дизајн на ФБ профилите ми е многу конфузен, стариот беше многу подобар за користење! 4646
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #37
Интервју на Метрополис радио со Јелена Јованова, една од најталентираните македонски млади актерки која изминативе месеци беше дел од актерската екипа на филмското деби на Анџелина Џоли 'Безимена љубовна приказна' која раскажува за трагична љубовна приказна за време на Босанската Војна. Нејзиното дружење со Џоли и Пит, и првата средба со нив.

http://soundcloud.com/metropolisradionetwork/intervju-jelena-jovanova

Одлично. :se poklonuva::
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Џоли ми го зема здивот

Џоли е силна, самоуверена, реална. Позитивна, насмеана, забавна, преубава. Предана и посветена мајка. Работник, голем работник и професионалец. Со јасна идеја за тоа што сака, што бара и што може да добие. Успешна, оперирана од суета. Голем пријател, искрена и чиста. Најслободна и отворена. Топла, мила, неисцрпна, креативна.... Научив дека сето ова и многу други позитивни особини можат да стојат во еден човек. Посакав да постојат повеќе такви кои ќе поседуваат барем половина од ова, во најубав случај сe

Јелена Јованова е македонска актерка на која $ успеа да влезе во актерската екипа на режисерското деби на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли што изминатите 2 месеца се снимаше во Будимпешта и во Сараево. Вели, 3 месеци живеела во куфер, постојано на пат, но дека добро се чувствува. Јелена дипломираше пред 3 години, а од пред две години е вработена во МНТ. Игра на сцените на МНТ и на Драмски во Скопје, а има и неколку претстави во Штипскиот театар. Таа со нејзините 26 години веќе се памети по улогите во "Демонот од Дебар маало", "Мара саад", "Вејка", "Сомнително лице", "Чикашки перверзии", "Госпоѓа министерка", "Дундо Марое", "Буре барут", "Тупаница полна љубов", "Метаморфози", "Троил и Кресида". Од филмови зад неа се "Како да ме нема" на Хуанита Вилсон, што и ја лансираше до продукцијата на Џоли, а сними филм со Васил Христов кој е во постпродукција.

-Јелена, веруваш ли во судбина?

Верувам во себе. Верувам во искрената желба и во нејзина проекција. Верувам нема случајности. Верувам сe има свое зошто за да добие и свое затоа. Верувам ништо не е невозможно. Верувам сe се може ако се сака. Верувам. Просто и едноставно, имам верба.

-Ти се случи да те одбере Анџелина Џоли во нејзиниот деби режисерски филм. Не можам ни одблиску да претпоставам што значи ова за тебе?

Искрено, допрва и јас сфаќам што ми се случи или, можеби, сe уште не. Физички сум во Скопје три недели, а психички почнав да пристигам пред некој ден (се смее). Ништо не е случајно во животот. А посебно е убаво кога ќе се најдеш на вистинско место во вистинско време, кога ќе ги препознаеш твоите 5 минути, и ќе ги искористиш.

-Како се случи да дојдеш на кастинг за филмот на Џоли? Каков ти беше контактот со неа, дали беше таа таму, што ти беше задача, што требаше да одглумиш?

Ситуацијата е следна: Сараево филм фестивал 2010 и Талент кампус. Се отвора конкурс за учесници на Талент кампусот каде што влегува и Јелена Јованова. Една од причините што аплицирав, беше и завршеното снимање во ноември 2009 на "Како да ме нема" на Хуанита Вилсон, кој требаше, и имаше своја премиера на СФФ 2010.
Во истиот ден кога нејзината кастинг директорка се подготвува да замине во Лондон, јас имам премиера на филмот, и ме викаат на разговор за англиски филм. Никој не ми кажува кај кого одам и за кој филм. Пред да влезам на разговор, непосредно пред самата премиера, дознавам дека внатре ме чека Гејл Стивенс!!! Гејл Стивенс?? Жената на Дени Бојл?
Кастинг директорка на "Сиромавиот милионер", "Треинспотинг","Обој ме, Кјубрик","Плажата","Револвер","Сонот на Касандра" и уште стотина други филмови. Подоцна дознав дека се прави кастинг за филм на Анџелина Џоли, и јас на тој кастинг?
Имав получасовен многу пријатен разговор со Гејл, знаеше дека имаме премиера и беше подготвена да дојде да го види филмот. Добив 15 страници од сценариото на англиски и 20 минути да ги научам. Во животот не сум била помобилизирана (се смее). Ги научив, ги снимивме, бевме задоволни, и заминавме на премиера. Го погледна филмот, го зеде, $ го пушти на Џоли.

-Што ти се случуваше во периодот додека не дозна дека си влезена, што си размислуваше?

Прво бев пресреќна што бев дел од тој кастинг, и знаев дека Гејл е задоволна, бев и јас. Добив и-мејл дека треба да се вратам назад во Сараево. Мислев дека одам на втор круг. Главните улоги одамна беа поделени, во тој период имаше втор круг за споредни. Отидов, влегов, психички подготвена за друг кастинг, кога на маса ме чекаше сценарио со мое име, име на ликот и информација дека Џоли веќе ми дала улога. ВРЕСКАВ ВО СЕБЕ ОД СРЕЌА. Го зедов сценариото, отидов на најфиното кафе за да ја исчитам фино приказната, да уживам во прекрасниот момент, да почнам да фантазирам за самиот процес на снимање и да си речам - колку е убаво да се биде Јелена Јованова (се смее). Бев пресреќна, исполнета и отворена за сe она што требаше допрва да се случи.

Што научи од неа како актер, автор, мајка, жена, режисер, човек? Каква е Џоли одблиску?

Силна, самоуверена, реална. Позитивна, насмеана, забавна, преубава. Предана и посветена мајка. Работник, голем работник и професионалец. Со јасна идеја за тоа што сака, што бара и што може да добие. Успешна, оперирана од суета. Голем пријател, искрена и чиста. Најслободна и отворена. Топла, мила, неисцрпна, креативна.... Научив дека сето ова и многу други позитивни особини можат да стојат во еден човек. Посакав да постојат повеќе такви кои ќе поседуваат барем половина од ова, во најубав случај сe.

-Колку дена снимаше, каква е улогата?

Снимав 9 дена, а бев 28 дена во Будимпешта. "Мериот" ми беше дом скоро еден месец, и секое сабајле се будев покрај Дунав. Уживав и работев исполнета докрај. "Љубовна приказна без наслов"- веќе познато, е љубовна приказна за Србин и Муслиманка, која почнува пред војната и продолжува и во нејзино време.

-Како одеше процесот на подготовка на улогата и дали спиеше вечерта пред првата средба со Џоли?

Немав време да преспијам, бидејќи се сретнавме цел ден порано од договореното (се смее). И како и секој друг што ја видел првпат, и мене ми застана здивот, посебно кога почнуваш да ја запознаваш како човек. Имавме заедничко кафе, со муабет како веќе да се познаваме долго време, разменувавме мислења и идеи за ликот и за неговиот развој, на првата средба имав пријател, другар, режисер и колега. Знак за убава соработка каква што искрено и беше, и неизмерно многу ми фали и процесот и професионалноста. Што се однесува на актерските проби, ги правевме пред самото снимање на сцените, а што се однесува на снимањето, е тогаш навистина не спиев, бидејќи првиот ден на снимање и првата снимена сцена беше моја, и тоа најтешката. Направив огнено крштавање (се смее), имав лесна нога, се после мене течеше лесно и убаво (се смее).

- Колку што пренесуваа светските агенции, Бред Пит беше постојано до Џоли, и доби мала улога од сопругата. Колку можевте вие како екипа да дознаете за култниот холивудски пар Бранџолина?

Пар кој постојано максимално се поддржува, надополнува, споделува и се сака. Секогаш заедно, никогаш еден без друг.

- Според строгите договори на продукцијата, дали нешто можеш да ни кажеш околу премиерата на филмот, дали си поканета, и што очекуваш понатаму?

Пред неколку дена заврши снимањето, мислам дека има многу понуди и опции за тоа каде ќе биде премиерата. Каде точно ќе биде, не знам да кажам, но сигурно со големо задоволство ќе раскажам кога ќе се вратам со импресиите, бидејќи веќе сум поканета.
А за понатаму, понатаму сe ќе биде како што треба да биде. Јас посакувам да продолжам чисто и со љубов да ја градам својата кариера и на филм и во театар, да продолжам да верувам, да не дозволам политички да ми ја затрујат професијата и да ми ја земаат слободата, да сонувам, остварувам и здравје по некое време повторно да раскажувам за нови искуства и успеси. Сe што треба да биде ќе биде и ќе се случи, повикано од ова.

-Кажи нешто за атмосферата околу сетот и за дружбата со екипата по снимањето?

После снимање, завршуваш со гитарата на Ѓуро плус Ѓуро. Топ-листа на надреалисти во живо. Се смееш, а стомачните те болат како да си се префорсирал во теретана. Си легнуваш, го впиваш во себе денот, сето она што се случило на сет, третиран како што треба да бидеш третиран, мотивиран, заспиваш и чекаш да се разбудиш, и да почнеш пак.

-Што се случува со тебе откако се врати, на што работиш?

Заврши магијата филм, се делиш од една фамилија која ти фали многу, како што се случува по секој процесс, по секоја интимно споделена приказна која заедно ја раскажувате. Се вратив таму кај што застанав, на сцената во МНТ и мизансценските проби со Васил Христов - Вуси за "Темпирана опера", чија премиера се очекува при крајот на месецов. Се вратив да ја завршам приказната на Алекс. Напорни и исполнителни проби, повторно супер процес. Немам ништо против, нека продолжи така.

- Дали мислиш дека режисерскиот првенец на холивудската ѕвезда Џоли може судбински да смени нешто во твојот живот?

Што ќе се случува после ова, останува да видиме. На оваа задача одговорив и дадов сe од себе, како и за која било друга. Нема големи и мали улоги, нема златни средини, нема нешто е битно, а нешто е помалку битно. Многу просто, или го работиш докрај или не го работиш воопшто. Ништо не потценуваш и не работиш паушално. За сe треба да се дадеш докрај, само така ќе бидеш задоволен и ти и тој што тоа треба да го прими.
Vest

Браво за Јелена, многу ми се допаѓа како појава
 

Losteech

Администратор
663
0
0
Со мало задоцнување, ама честит именден и од мене до Кате. :)
 

emma-chan

Нов Член
85
1
0
22a напиша:
Дечки, како ви се допаѓа новата апликација на Facebook Нов Фејсбук Профил ???
Мене искрено не ми се бендисува многу многу, но ја ставив за да видам како стои, сега незнам како да ја извада haha
јас кога работев од google chrome стариот facebook многу ми кочеше сега побрзо ми оди и многу повеќе ми се допаѓа :)
 
Top