Дали некој знае како да ја врзам камерата преку Мини HDMI излезот во компјутерот за да можам да ја користам како live preview, компјутерот ми нема HDMI in, само излез но тоа нема врска туку е на графичката картичка. Ако некој има искуство како да го решам ова прашање и дополнително знае кај може да има таков некој додаток ве молам да ми сподели,
Дури и ако имаш HDMI или мини-HDMI порта на компјутерот, сепак нема да ти заврши работа, бидејќи портите за видео сигнал на компјутерот се` само излезни, односно можат само да праќаат видео сигнал кон телевизор/монитор, а не и да примаат видео сигнал.
По логика на нештата, за да можеш да пренесуваш видео сигнал од камера на компјутерот, треба тоа да го направиш преку USB порта, но само ако камерата технички го дозволува тоа, односно не е доволно само камерата да има USB порта, туку треба да е направена така што самиот компјутер ќе ја препознае како камера и ќе инсталира драјвери за камерата. Таквите драјвери компјутерот може сам да ги најде, но можат да доаѓаат и на CD кое дошло со самата камера. Но и ова не е доволно, треба да имаш и софтвер за снимање на аудио и видео содржините од камерата, кој мора да доаѓа со самата камера, или барем да е` достапен на официјалниот веб сајт на производителот на камерата.
Еве како можеш да надоместиш за недостатокот на HDMI порта на компјутерот, но сепак ова нема да ти го реши проблемот, бидејќи како што веќе спомнав, видео портите на компјутерот можат само да праќаат сигнал, но не и да примаат сигнал.
http://www.loging.mk/207/194808/0/ShowProduct/Video_konvertor
http://www.loging.mk/437/178574/0/ShowProduct/HDMI___DVI_konektor_adapter
http://www.loging.mk/1933/193289/0/ShowProduct/Dok_stanica
Ниту едно од овие понудени решенија нема да ти го реши проблемот, туку може само да ти заврши работа за поврзување на камера преку HDMI кабел со телевизор/монитор кој нема HDMI порта, под услов да има VGA или DVI порта. Со последното понудено решение ќе можеш компјутерот да го поврзиш со телевизор/монитор преку HDMI кабел, под услов телевизорот/мониторот да има HDMI порта. И сепак на телевизорот/мониторот само ќе се прикажува видео снимката, бидејќи како што знаеме, телевизорите/мониторите не можат да снимаат, туку само да прикажуваат звучни и видео записи.