Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Денес баш супер се погоди времето. Засадив околу 5-6, али организацијата беше за нигде.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Денеска засадив мои 2-3, и што им помогнав на пријателите и пријателките уште 4-5.
За превоз од СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“ па до врвот на Водно идевме со убавите автобуси на ЈСП Скопје, Саносите. Но бев разочаран што моравме да чекаме од 12,30 до 13,45 за да заврши Грујо со говорот и да си замине, за да ние можеме да идеме дома. Потоа кај Клиниките се симнав и си фатив 9 и „правац“ дома.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Незнам колку сте приметиле но на многу сајтови има еден банер: И ова е Трпе, и слични верзии со Трпе. За што точно се работи, нешто барав најдов нешто маркетинг, но не ми е скрос јасно, ќе ми објасни ли некој ?!
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
И јас сум Трпе е кампања за промовирање на интернет маркетингот.
Со други зборови, ако досега имаше по некоја реклама ваму-таму на мк сајтовите, отсега ќе изгледаат како американските, преблокирани со реклами и со платени статии и текстови (што беше случај и до сега).
 

Mulholland

Нов Член
382
0
0
“Ова е Трпе“ е нешто како агрегатор на разно-разни македонски сајтови, треба да поставиш нивен банер на твојот сајт/блог (ако имаш) и потоа да им пишеш и тие да го стават твојот кај нив. Демек се залагаат за промоција на македонски сајтови и ти прават своевиден бесплатен маркетинг.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Е баш од таа песна нема барем не на youtube

Видов дека и Тамара пеела со нив како мала кога ја барав „Признавам“
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Основци и Средношколци, конечно радосна вест !!!
ednevnik.mon.gov.mk бил пробиен, т.е. хакнат !!!
Многу работи биле променети, и тоа мене многу ме радува.
Иначе пред ова да се десило, јас страницата ја блокирав преку антивирусната, па моите АМИН влагање нна тоа чудо !!!
Што мислите вие, добро или лошо е ова едневникот ?
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Секако дека е добро, и ти кога ќе бидеш родител ќе сакаш да знаеш како им оди на твоите деца без да можат да скријат оцени од тебе.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Бидејќи кај нас како и се останато не знае да се спроведи правилно и хакнување се случува. на пример во Америка по училиштата праќаат листи со оценки, изостаноци и такви работи дома така да можи тоа е подобар и побезбеден начин
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Убиство кај мене во СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“ !!
Убиен е 18 годишник, од втората смена, а негов пријател се бори за живот.
Каде беше Бошко и тој другиот од обезбедување да ги спасат, јас за џабе ли 500 давам ???

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136515

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=73606

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/edno-momche-ubieno-edno-povredeno-vo-tepachka-vo-guc-„zdravko-cvetkovski“

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=44&egId=8&eventId=35766
 

Rebellious angel

Член
691
1
16
Баш сега го слушам татко ми за тоа зборува, тој повредениот е син на неговиот најдобар пријател. За среќа, не е премногу сериозно повреден. Инаку, јас отсекогаш сум се прашувала што прават тие од обезбедување, освен што се прават фраери и им се пуштаат на женските? :off: За тоа ли ги плаќа(в)ме? :off:
 

Losteech

Администратор
663
0
0
СРАМОТА БЕ!!!!! Каде се полицајците сега, а? Или мислеа дека ако ги гледаме неколку денови дека се’ ќе се среди!? БРУКИ ЕДНИ! Два дена ги имаше по школи и ги снема. А за обезбедувањето не ми се отвара уста, во школо со над 300 ученици имаме (кај мене бар) само еден што обезбедува. Не дај боже да се случи поголема тепачка, он прв ќе настрада.

Бог да го прости детето... нека му е лесна земјата... ептен се изреволтирав прееска кога слушнав.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Многу ми е жал, не сакам да помислам како се чувствуваат тие родители, го пратиле во школо, а им го враќаат мртво...
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #279
Ужасно. Имам голема среќа што сум надвор од главниот град само поради таквите ситуации каде што веројатноста е поголема. Жал ми е за родителите, а лут сум на нашата земја, срамота за нив што уште дозволуваат ваквите центри да постојат доколку нема сооодветна безбедност. :off:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Сочувство до родителите. Неделава ми е преку глава од вакви трагични ситуации. Се надевам барем подобро ќе заврши.
Овде нема некое посебно обезбедување по училиштата освен што во некои од кога наместија компјутери вратите се заклучени и треба да те пуштат за влез ама училишните дворови се комплетно незаштитени
 
Top