Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Јапонци - кинези, јапонски - кинески исти ку*ац различно пакување - жаргонски речено. 46464
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Прочитавте дека мечот на Металург го давале на видео бимот на плоштадот Македонија?
Кој национализам и сељачизам, Металург не се натпреварува за Македонија, си се претставува како клуб во Лига на Шампиони.

Сега откако помина во четврт-финале само за тоа ќе зборуваат на телевизија. Мизерија. Уа.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Грешка или не-грешка, Металург е македонски спортски клуб, а видео бимот на плоштад Македонија е во приватна сопственост, или е под приватна концесија, а приватниот сопственик или концесионер си плаќа дозвола за да емитува што сака на тоа јавно место, негов е изборот.

И секако дека нема никаква поврзаност со национализам, туку со популизам. Спортот е еден од главните двигатели на популизмот во сиромашните и неразвиените држави, а Македонија не е исклучок.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ај вака за викендов кога ќе ви заврши, да видите каков воздух се изнадишивте изминативе 2-3 дена.

Се разбира, ова важи за сите вие кои го поминавте викендот во Скопје.

http://www.youtube.com/watch?v=5mupZeq8kDg


Published on Mar 26, 2014

Видеото е снимено од скопски Раштак! Секое утро во период од 6 до 7 наутро, Скопската железарница на неколку наврати подло испушта огромни количини на чад, што е видливо на видеото, но е невидливо за останатите скопјани кои тогаш стануваат за на работа. Фабриката ова го прави пред почетокот на работниот ден, додека сите спијат и никој не гледа. Ветровите што во различни периоди од денот дуваат од исток и од запад, го расејуваат овој чад по целата скопска котлина. Нека е на здравје!

Видеото е направено од: Марк Морел
И една статија од Утрински Весник, објавена во петок, 28 март 2014.

Црн чад го „голта“ небото над скопска „Железарница“

http://www.utrinski.mk/?ItemID=06C79F03EA191B4D962C8FEBD7BB6ABB

28.03.2014, 16:05

Облаци се шират низ цело Скопје, а жителите се жалат дека мирисот на гуми, хемикалии и нечистотија најмногу се чувствува кога ќе го снема ветерот или дождот



Дури и намерно да замижат, да тргнат поглед, жителите од Железара, Автокоманда, Гази Баба, Бутел, Чаир, Скопје Север, не можат да избегаат од ужасниот мирис што се шири од индустриските капацитети лоцирани во некогашната скопска „Железарница“. Низ зимскиот период, наголемо се чувствуваат „благодатите“ на отровни емисии на фабриките-загадувачи, но ни сега не е ништо подобро. Црн чад го голта небото над Скопје. Облаци од прав од „Железарница“ се шират низ цела градска територија.

Од Владата се бара да го пролонгира рокот од 1 април за еколошко приспособување на опремата, односно добивање А-интегрирана дозвола за најголемите загадувачи. Мерната станица во Гази Баба, која се наоѓа на 3 километри од Железара, покажува дека на годишно ниво локалните жители имаат во просек 130-170 денови загадени со честичките ПМ10. Но, во 2014 година згасна животот на оваа мерна станица, па железарци можат само да погодуваат кој, колку и до кога ќе ги труе. А индексот на загадување и строгите граници ресорното министерство претходно ги препишаа од европските документи за да биде транспарентно кон ваквите проблеми.

„Велешани успеаја да се кренат против интересите на ’Метрудхем’ и водеа битка за здравјето. Протестите јавно ги поддржа и велешкиот градоначалник Горан Петров. Дали тоа некогаш ќе се случи во Скопје? Што да правиме освен да чекаме да дојде зима и пак да се жалиме? Имаше тука во Железара помал протест против облаците црна прашина, кои редовно ги гледаме и ги чувствуваме секоја недела, но дојдоа едвај 50-ина луѓе. Другите ѕиркаа од прозорци и од дворови. Многу храбро! Рамнодушни се за своето и за здравјето на своите деца“, вели Душко Петриќ, жител од населбата Железара.

Неговата сосетка Магдалена Јанкуловска потврдува дека оџаците од фабриките најагресивно чадат попладне или ноќе, па луѓето не се осмелуваат да отворат прозорец. Мирисот на гуми, хемикалии и нечистотија најмногу се чувствува кога нема ветер или дожд.

„Продолжувањето на роковите не гарантира дека целосно ќе се инсталира еколошкиот систем. Може да се спроведе постапката и претходно, без да чекаат фабрикантите да се ’протнат’ во последен миг. Потребни се работни места, економски бенефит за државата, но не разбирам некој да не' ’мавта’. Или ќе работиме како што треба, или клуч на врата!“, е аргументот на Магдалена за пролонгирањето на еко-дозволите.

Железарецот Миле, пак, го оправдува функционирањето на индустриските капацитети, без разлика дали спроведуваат еколошки стандарди. Чадот од фабриките значел леб. Не било тајна дека се гушат во прашина и хемикалии, но морало да се живее од нешто. „Јас сум бивш работник во ’Железара’. Знам како е“, вели Миле.

Железарци велат дека во кругот на старата „Железарница“ се: „Скопски легури“, „РЖ институт“, „Арчелор Митал“, но стравуваат за загадување од челичарницата „Макстил“. Од Министерството за животна средина, пак, уверуваат дека „Макстил“ до крајот на годинава ќе функционира со една третина од капацитетот, само во втора и трета смена. Велат, првобитното решение за проблемот со примарните и секундарните емисии во халата каде што се наоѓале електролачната печка и казанската печка е променето и е прифатено решение со кое се затвора целата хала, наместо да се затвори само просторот со печките. Планирано е системот за отпрашување вреден 10 милиони евра да се инсталира до ноември.

„Kомплетирана е техничката спецификација со потребната опрема и точно се дефинирани активностите и временскиот распоред на изведба на проектот. Дотогаш ’Макстил’ ќе работи со 30 отсто од капацитетот во погонот челичарница“, велат од Министерството. Нема конкретни објави колку е честа визитата на инспекторите во кругот на Железара.

БОЈАН ШАШЕВСКИ
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Dexter26 напиша:
^

Грешка или не-грешка, Металург е македонски спортски клуб, а видео бимот на плоштад Македонија е во приватна сопственост, или е под приватна концесија, а приватниот сопственик или концесионер си плаќа дозвола за да емитува што сака на тоа јавно место, негов е изборот.

И секако дека нема никаква поврзаност со национализам, туку со популизам. Спортот е еден од главните двигатели на популизмот во сиромашните и неразвиените држави, а Македонија не е исклучок.
Не ми го сфати постот. ;)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Разбрав дека според твоето лично мислење, емитувањето на натпреварите на Металург на видео бимот на плоштад Македонија, наводно претставува поттикнување на национализам, иако Металург не е национална спортска репрезентација на Македонија, туку е приватен спортски клуб.

Потоа во нов пост објавуваш текст Грешка, со што претпоставувам дека тврдиш дека очигледно не си видел убаво што се емитувало на видео бимот.

Како и да е, грешка или не-грешка, станува збор за видео бим кој е или во приватна сопственост или под приватна концесија, а приватниот сопственик или приватниот концесионер, има целосно право да емитува што сака на тоа јавно место, бидејќи плаќа радиодифузна такса и дозвола за тоа.

Ако сака, може да емитува дури и содржини за возрасни после полноќ, можеби ќе треба да доплати за тоа, но сепак и тоа е негово/нејзино право.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Знае некој кој е сопственик на тој видео бим на кој по цел ден одат само рекламите на One и настапите на Кајмакоски?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Намерно го направив тоа бидејќи во првиот пост му реплицирав на друг член на форумот, во вториот пост коментирав за нешто сосема друго, а во третиот пост објавив видео клип кој е поврзан со нешто сосема трето.

Еве го повторно видео клипот, овој пат во еден ист пост заедно со мојата реплика кон тебе.

Искачај да не ти направам апликација.

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:

 

Some Special

Добро-Познат Член
15,184
21,630
113
Денес почна и кампањата за парламентарните избори а времето пак се расипа :406389:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Што е со песниве на СДСМ за кампањиве? Сега им ја слушнав таа што е за парламентарните избори, ужас е, и ја пее еден човек што пак го ископале од некаде.

А и графичкиот дизајн им е ептен утнат, делува како ради реда да го правеле, а не дека навистина сакаат да се вратат на власт. Тој ланскиот дизајн за локалните избори им беше предобар.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Немаат волја за ништо. Знаат однапред дека битката им е загубена.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Каде ја слушна?
Инаку навистина кампањата не им е осмислена како победничка. Непотребно позитивна, а имаат толку да критикуваат.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Марко, дали може да провериш дали има излезено торент за СИМС 4 :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

И ќе остане неизлезена до есента 2014 или зимата 2014.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
хејтер напиша:
Каде ја слушна?
Инаку навистина кампањата не им е осмислена како победничка. Непотребно позитивна, а имаат толку да критикуваат.

Кој е овој воопшто?
 
Top