Милчо Манчевски со реклама за Скопско, насловена како дружба
Новите спотови на нашиот најголем бренд Скопско беа вчера вечер претставени на ексклузивната премиера во клубот „Станица 26“ во Скопје.
Приказната за необичното запознавање, другарството, дружбата, љубовта, заедништвото и забавата е раскажана на модерен начин, со врвна продукција и во технички совршени ТВ спотови. Преку одличниот спој на играното и документарното, на рекламата и краткиот филм, нашиот единствен Милчо Манчевски, повторно успеа да ја долови македонската душа на ликовите од нашето секојдневие.
Последниве десетина години ме интересира што се случува кога ќе се сретнат играното и документарното, ме интересира формалниот аспект на овој филмски и психолошки конфликт и надополнување. Ме интересира местото кај што се гушкаат и тепаат вистината и лагата. „Дружба“ е краток документарно-игран проект во кој истражувам како луѓето денеска се дружат и како може да се сакаат блиските среде еден урбан вриеж“ – рече Манчевски.
Новите спотови се во согласност со новиот идентитет и филозофија на најмоќниот македонски бренд Скопско. Агенцијата Меккен Скопје е креатор на новата комуникациска платформа и маркетинг кампања за Скопско.
Новата реклана. Скопско за нас
https://vimeo.com/129965546