Dexter26
Добро-Познат Член
- 4,074
- 406
- 83
Па тоа е уште побетер, ако изворите ти доаѓаат од странски амбасади, тоа значи дека има огромна веројатност да пуштаат лажни информации, се` со цел да се залажи рајава дека ќе има некакви промени, додека во пракса останува статус кво или следува уште полошо.Брат ми, не те сфаќам погрешно, но изворите се премногу директни и добри, за да ги мењам за некои од втора рака.
Од најмалку две амбасади се вртени броеви бидејќи не се задоволни од ситуацијата... Неќам да коментирам повеќе, но до крај ќе биде неизвесно...
Не си ти за мразење, за мразење е народот кој ти го спомнуваш, а нема да се освести ниту со рамковнист премиер, ниту со рамковнист претседател, па нема да се освести ниту во Аушвиц пред влезовите на гасните комори.Мразете ме но јас сум за Албанец премиер за овој народ да се свести!
На Евреите во Варшавското гето им требале 2 ипол години за да се освестат и да одлучат да се кренат на востание, бидејќи им станало јасно дека или нема да излезат живи од таму, или ако излезат живи од таму, тогаш наредна и последна станица ќе им биде Аушвиц, Мајданек, Собибор, Треблинка или некој друг од нацистичките логори низ Полска, а од таму ќе излезат само во облик на пепел.
Архивите на Емануел Рингелблум изобилуваат со потресни приказни за невино цивилно население затворено во ѕидовите на Варшавското гето, но истовремено и со последните писма на Евреите од гетото кои одлучиле дека ако веќе се осудени на смрт, тогаш подобро е да умрат на нозе борејќи се за сопствените животи и за сопствената слобода, отколку да бидат истребени како стаорци или изгладнети до смрт.
Ѕидовите на Варшавското гето биле издигнати во октомври 1940, а нешто повеќе од 2 ипол години подоцна, на 19 април 1943 Евреите во гетото се дигнале на востание, кое траело речиси месец дена, а завршило задушено со оган - нацистите буквално го запалиле гетото со луѓето внатре - на 16 мај 1943. Преживеаните кои биле заробени биле депортирани во нацистичките логори на смртта Мајданек и Треблинка, каде што им се губи секаква трага.
Марек Еделман - еден од ретките преживеани Евреи кои успеале да избегаат од гетото за време на востанието и ги преживеал Втората Светска Војна и Холокаустот (почина во 2009 година на 87 или 90 годишна возраст), изјавил дека мотивацијата на Евреите за дигање на востанието била целта да можат сами да си одберат време и место на смрт.
После Втората Светска Војна, Еделман продолжил со своите дејствија против социјалистичката диктатура во Полска, а во 1980-те години беше и еден од членовите на движењето Солидарност, кое стави крај на социјалистичката диктатура и враќање на демократијата во Полска.
За разлика од Еделман, оваа проста раја своето молчење го оправдува со зборовите "нас никој не не` прашува, се` е одлучено одозгора".
Е па и нацистите одозгора им одлучиле Конечно решение на Евреите, но не сите Евреи се помириле со ваквото решение, а востанието во Варшавското гето е одличен пример за тоа. Цивилно население, без никаква воена обука, без никакво воено искуство, со рачно изработени оружја и муниција, речиси месец дена му пркосело на Конечното решение на нацистите кои, за разлика од Евреите во Варшавското гето, биле вооружени до заби со автоматско оружје, оклопни возила, авијација и што уште не во рацете на професионална и искусна војска. А ги има и безброј други примери за востанија, од кои некои резултирале со добар број на бегалци од гетата и/или од нацистичките логори, кои ги преживеале Втората Светска Војна и Холокаустот, за да можат да посведочат пред светот дека тие кои одлучуваат одозгора не го имаат секогаш последниот збор.
Лоботомија не може да создаде ваква проста раја, или нешто не чини во воздухот, или станува збор за некаква генетичка регресија. Општо е познат фактот дека гените прескокнуваат една генерација, но веќе 30 (ТРИЕСЕТ) години ваков статус кво говори дека станува збор за поголем проблем, проблем кој ниту рамковнист премиер, ниту рамковнист претседател нема да го реши.