Со Силјановска, Апасиев, Крмов и евентуално Мизрахи, Собранието доби нов тек...
Може да им држат лекции на црпнативе што немаат ни п од право ни п од политичка култура.
Да не го заборавам и Ацко од Охрид и тој е опасен лик, премачкан со сите бои, исто им лупа на баграва криминална, но не е на ниво на овие другиве.
Срамно е да се исмеваат на Силјановска пред некој ден зошто зборела повеќе од 10 минути... Сите комуњари и рамковни у пакет да ги стаиш имаат помало IQ од нејзиното... Но тоа е, тоа говори за нив...
Не дека го обожавам Јанушев или го бранам, но типов лупал на маса и бил опоменат... Нека видат што е британски парламент, нека дојдат на Правен факс да видат што значи симулација на британска демократија (сум учествувал, не да се фалам).
А бидејќи ја решив македонската политичка сцена (хехе да се нашалиме малце на своја/моја сметка де), да прокоментирам за во Црна Гора.
Ќе биде весело... После 30 години, Мило паѓа, а со тоа и криминалната мрежа што ја има секаде на Балканов. Следуваат потреси во подземјето, посебно во Србија, а можни се промени и во БиХ и Албанија.
Исто така, интересен е фактот што белоглавите орли не успеаа да долетаат во ЦГ и исто како кај нас, во нивните средини немаше излезност.
За изборните резултати, интересно е што исто како НАТО членката Северен ФИРОМ, така и НАТО членката Монтенегрото имаше хакерски напади и такви заврзлами.
Мило можеби и да има најголем број пратеници, но не ќе да ќе формира влада...
И да, за народ за кој се вели дека е најмрзлив, добро е што искочиле масовно на гласање, а не како македончето што неќе да се разбуди и да стане како Македонец и да искочи да гласа, па после зашто едно малцинство добива повеќе пратеници и контролира мнозинство.