@JeftoMKD, пошто се разбираш од ова, според објавените гласови, може ли да се промени бројот на мандати на партиите или џабе ќе приговараат?
Може. Премногу може... Во ИЕ2 може дури 2 мандати на ДУИ да се земат на конто на Алијанса.
За Левица ѝ се спорни 2 до 3 мандати што ѝ се земени...
Многу превари има, затоа неќам да зборам, се работи за многу посериозен инженеринг отколку што се мисли.
А тоа со хакерските напади дека се од Русија... Нека биде поздравен дечкото што сите сумљаат дека е...
Те молам немој погрешно да ме разбереш, одлично знаеш дека те почитувам и вообичаено 99.99% од случаите се согласувам со тебе, но најсериозно и најдобронамерно ти велам: најди си нови извори на информации.
Од муабетот дека Калето не планира да им излезе во пресрет на плавите жолтици, а истовремено планира да ги пензионира амнестираните терористи, испадна дека всушност Калето изведе спектакуларен изборен фалсификат во Македонија на 15 јули 2020.
Освен ако има пребројување на гласовите или прегласување - ова второво и ти самиот го отпиша како можна опција - возобновувањето на љубовните завети помеѓу плавите жолтици и амнестираните терористи се сведува само на чиста формалност која ќе биде потврдена од новиот анти-македонски парламентарен состав.
Затоа ти велам: најди си нови извори на информации.
Брат ми, не те сфаќам погрешно, но изворите се премногу директни и добри, за да ги мењам за некои од втора рака.
Од најмалку две амбасади се вртени броеви бидејќи не се задоволни од ситуацијата... Неќам да коментирам повеќе, но до крај ќе биде неизвесно...
Jefto
Извини али на сите ни е јасно се' веќе. Вмро изгуби кредибилитет со нивниот нејасен став за Преспанскиот и договорот со Бугарија така да сега само Левица има потенцијал. Вмро ќе паѓа уште повеќе, тоа е.
Албанците искористија и свака им част. Искрено, свака им част.
Не ми се извинувај. Ако ме прашуваш мене, цело раководство топтан од Мицко и ИК и ЦК и УМС и УЖ и све живо треба да се самораспушти, нов вонреден конгрес и како им иде тоа...
Но еве ќе се причека уште некое време, но ако не биде како што треба, дефинитивно треба Хидрожмицко да си иде...
Не знам дал тука реков, за еден носител на листа, се имаше материјали, знаеа, па го турија да биде носител... За друг носител, ни во населба не го сакаа, го турија, па не помина славно... За еден носител, имаше поддршка од народ, ама беше политички неподготвен, а тимот изглеа не изработи за да му помогне. Креирањето на лажна перцепција во самата партија исто така помогна да мислат дека лесно ќе победат и да не се работи на терен.
И да, немањето јасен став за Преспа, Софиски и Тирански, ги чинеше премногу.
Чисто информативно, како дел од Бојкотирам (за рефенрендумот, не избори), до последно немаше став од Мицко, тактизираше, иако јадниот гракаше за нас дека сме лажичка со вода ставени во фекалии или како му беше тоа...
А за Левица, уште не влезена е трн во око... А ви реков дека најмалце 1 пратеник ќе добие, за 2 е така така, а третиот е несигурен и точно е, на Левица според одредени извори на терен им скратиле 2 до 3 пратеника, со поништување на ливчиња... Со што може ќе имаше 4 до 5 пратеника (5 за пратеничка група дури).
А за брачата, да, секогаш кога двајца се караат, третиот користи... Требаше партијата да се испрати у истѕорија, но јбг, македончето ќе бојкотирало, седело дома, итн итн... Е па затоа у 1, 2 и 6ка го јадеше македончето...
Што е така - така е. Си изиграа паметно и сега и ВМРО и СДСМ се во незавидна позиција да прифаќаат Албанец премиер ако сакаат власт, инаку нови избори.
Нормално, ако не ги притиснат ДУИ од горе да не трубат многу.
Да ви кажам нешто околу премиерот рамковен... Нема да е Зибери... Еден поранешен министер за одбрана, амбасадор што го ставија, па сега го разрешија... Нешто со животни му е презимето.
Он е во игра, но ќе видиме кој ќе формира влада и како ќе се одвиваат работите...