Мислам дека доброто претчувство ти е избрзано, стратегијата на рамковнистите е да ги пуштат кучињата во последен момент, а бидејќи гласањето ќе трае до 21:00 часот, вистинската поплава започнува после 19:30 - 20:00 часот.
Но дај Боже ти да си во право за денешното гласање, а јас да грешам !!!
Ќе видиме, знам за добар дел дека Левица тепа и збира или долгогодишни сдсмовци или млади што им е прво-второ гласање.
Знам и случај кој што гласал за животот, па еве денеска сака да праи обнова.
Имало фрки во неколку општини, но се работи на терен да се средат тие проблеми.
За рамковните, пак ќе речам, не можат толку бидејќи не се во земјава, границите им се затворени, не прелетаа а тие што се овде, или не искачаат или се во домашни самоизолации, што значи можеа да гласаат во понеделникот, но не го направија баш...
Ќе видиме како ќе се одвива сето ова, но ќе се надмине изгледа излезноста од 50 посто, но ќе биде многу малку надминување... Во полош случај, ќе се биде блиску до 50ката.
Но факт е дека најинтересното претстои после гласањето, не самото броење на гласови, колку што самото претворање на гласовите во мандати, по Донтовиот метод. Е сеа финтата е што имаме 6 единици, што го праи посложен нашиот изборен модел/систем. Но едвај чекам да добивам првични резултати и да ги куцам у машинчево ахаха.