Да ви разјаснам од стрчен аспект што точно претставува етницитетот... Според еден голем ум, Антони Смит (не ја...), етничките групи се вид на културен колектив кои ја истакнуваат улогата на митовите за потеклото и историските спомени и истите се препознаваат по една или повеќе културни разлики како религија, навики, јазик или инстиуции.
Дополнително, би додал и делот од Доналд Хоровиц (исто така голем ум, а не сум ја за жал) кој вели дека постојат и независни варијабли кои влијаат врз вредноста на групата т.е. етницитетот а тоа се образованието, застапеноста во јавната администрација, независните професии, богатството и застапеноста во бизнисот како и степенот на урбана-рурална поделба.
Еден друг паметен, Дејвид Мејсон (аман, здосадив со умовиве, знам) би рекол дека потиснувањето на на етницитетот на теоретска периферија од современата општествена наука е резултат на парадигматичниот натпревар помеѓу теориите за модернизацијата и марксистичките школи на општествениот развој. И двете теории ја опишале етничката идентификација како примордијално чувство чија важност би се намалила со експанзијата и навлегувањето на модерното индустриско општество. Но спротивно на очекувањата за намалување, денес сме сведоци на повторно оживување на етничката политика.
Сумирано, би додал дека етничките групи меѓусебно се натпреваруваат и споредуваат меѓусебно со цел да си ја докажат својата супериорност. Од тука пак произлегуваат етничките конфликти, посебно како во нашето поделено општество. Е сега Претседателот доктор Ѓорѓе Иванов (Хорхе наш, голем ум колку и да го мразат, а може еден сончев ден ќе дочекам да ја исполнам желбата да бидам новиот Хорхе ако остане земјичето до тогаш, ако не, Гоце ќе бидам можеби хахаха) би дефинирал што е тоа поделено односно рацепено општество дека под тој поим се подразбираат они хетерогени општества во кои постојат остри политички расцепо, произлезени од етничката, религиозната, расната, јазичната пропадност и кога политичките партии, медиумите, невладините с еорганизирани според тие поделби и се создва на клима на потенцијални или реални конфликти поради вклученост или исклученоста во пристапот кон власта, односно донесувањето на политичките одлуки. Овие расцепи придонесуваат до создавање на ембриони на нови општества.
Мхм, ние ги имаме сите критериуми за да бидеме поделено општество, посебно со најголемото етнички малцинство, а потоа ако сакате и со ромите, бошњаците и македонските муслимани односно т.н. торбеши (поим што е навредлив) за кои државата направила стратешки грешки од осамостојувањето па наваму.
И не мора да се има држава за да се осеќаш дека припаѓаш кон некоја националност т.е. етничка група т.е. етницитет. Во светот има не знам колку илјади етнички групи, но само околу 200 држави... Ние македонците имаме таква историска среќа што сме свои на своето и имаме каква-таква држава... Видете ги ромите... Видете ги во Каталонија како се борат за отцепување (иако морам да нагласам, дека само едвај 40на% се за делење и осамостојување од Шпанија), видете ги курдите кои се во 4 држави и се милионски народ, но ниту Турција, ниту Иран, ниту Ирак ниту Сирија им дава да направат своја држава... Во некои од овие земји курдите уживаат своја автономија, но не е исто да си имап одредена управна автономија и да имаш своја држава.
Но за разлика од тие етнички групи, видете ги чавкиве на балканот што имаат у најмала рака две и пол држави...
И да, во многу од соседниве напредни европски земји (НЕ! Сарказам за соседиве), како Хеленската Република и Татарите на исток, не дозволуваат на луѓето да си ги искажат своите чувства за етничка припадност односно на југ се признава само религиската припадност но со силни интервенции и таа не е реално претставена, јазичната е исто така проблематизирана, додека на истокот не признаваат постоење на македонското малцинство... Но интересно е да се потенцира, татарите ќе бидат малцинство во својата држава за неколку години, односно ромите и турците ќе бидат мнозинство во Бугарија. Во однос на вакво прашање, интересно беше да се набљудува и во Црна Гора каде што постоеше можност црногорците да бидат малцинство наспроти србите, но некако се заташка, нашминка и се среди какако демек... Но морам и да потенцирам дека не сум до крај упатен во црногорските проблематики и не сум истражувал до крај.
Во Македонија, црпнатиот воведе нешто што е без преседан, нефомен, суи генерис... Етничката припадност да биде македонец/граЏанин на република с. Македонија... Океј, во системот на државните институции националноста беше //// (коси црти).
Во англискиот јазик не се прави разлика помеѓу државјанството и етничката припадност, со што кај нас и двете се македонец/граџанин на с... Штетноста на договорот од Нивици (симболично место е, симболичен датум) е до тоа што од македонско државјанство односно македонец, сега си граџанин на експерименталнта творба... Искрено се надевам дека еден сончев ден, македончето ќе се разбуди и ќе стане Македончиште и ќе наплати тродупло на неоврховистичките невакцинирани копита кои потпишуваа штетни договори за нас како народ.
Конечно, темава за етницитетот е преопширна, премногу можам да дискутирам, да зборам, да куцам, но горе-доле поентата мислам дека ја објаснив на некој разбирлив но сепак научен степен.
Кој бара реплика или збор, нека се пријави, седницата започнува ахаха.