Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Steff

Добро-Познат Член
34,630
46,206
113
Можно е да е поврзана со тајни служби кои имаат за цел да го прелеат српското сценарио во Македонија.
Лол истите идиотизми како Александрови медиуми

Дај боже српско сценарио да биде успешно и во Србија и да биде узор и поим за протести секаде на светот за ваквите акрепи и аждаји да дочекаат својата казна
 

Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Проблемот тука е што на протести во главно повикуваат шарените револуционери кои народот ги презира како Орданоски, Најчевска, Фрчковски, Забрчанец итн.
Да не се мешаа вакви ликови или партија како Левица, онда секој протест е добредојден. Но со вакви ликови, не.
 

Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Ја освен кај овие што видов, а кои знаеме кои се, друг нормален искрено не верувам да го интересира такво нешто.

А да, ок, и сестрите како вечити луталуци кои и самите не знаат дали се за студенти или за Дачиќ, за амбулантни коли или не, за промена на име или не.
 

Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Лелеле душичка
Алал да му е
Злато кое и да си, Господ да те благослови

JAS MITEV METODI OD KOCANI KAKO LICE SO INVALIDITET DAVAM APEL DO DRZAVNA BOLNICA DOKOLU LEKARITE OD DRZAVNA IMAAT POTREBA ZA KOZA ZA LICA SO IZGORENICI, MOZE SLOBODNO DA ME ISKONTAKTIRAAT OD SRCE I DUSA BI DAL DEL OD KOZA ZA MOITE SOGRAGANI ILI BILO KOJ ..DRZAVNA VI STOJAM NA RASPOLAGANJE VO BILO KOJ MOMENT
TEL: 077 955 733 METKA
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,328
21,948
113
Стеф, кога се случи сообраќајната несреќа во која загина Фросина беше формирано граѓанско движење "Кој е следен?" кое беше поддржано од сите граѓани, а пред се` од студентите. Истото тоа граѓанско движење сега продолжува да повикува на протести, а штотуку прочитав дека негираат било каква поврзаност со политички партии или нови студентски организации. А на видеото кое сабајлево беше објавено го ставиле нивното лого со цел директно да ги поврзат едните со другите.
 

Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Канал 5 омилена телевизија евер :cuvaj se:
Само уште тоа ретардните сапуни да ги тргнете :cuvaj se:

 

Some Special

Добро-Познат Член
15,328
21,948
113
Не разбирам, кој стави, какво и чие лого, и кој е поврзан?
Порталите/ликовите кои го објавија разговорот го ставиле логото на Кој е следен? сакајќи да создадат слика дека личностите од разговорот се дел од Кој е следен?, а Кој е следен? тоа го демантираат.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,328
21,948
113
Еуроњуз: Орбан купува националистички медиуми во Mакедонија за да го шири влијанието

Будимпешта го зајакнува своето влијание во балканската земја преку финансиска помош, контрола на медиумите и политичка поддршка како дел од стратегијата за зајакнување на влијанието во регионот


Со стратешкото стекнување на клучни ТВ канали и информативни портали, Будимпешта веќе влијае на јавниот дискурс во Северна Македонија, пишува Еуроњуз, додавајќи дека со поддршка на нелибералниот владин модел и финансирање на националистичките медиуми, Орбан го консолидира своето долгорочно влијание на Балканот.

Во последниве години, проширувањето на унгарските медиумски интереси во Северна Македонија, кои се контролирани од бизнисмени поврзани со унгарскиот премиер Виктор Орбан, станува сè поочигледно, пишува Димитар Керанов, експерт во Германскиот Маршалов фонд, евроатлантски тинк-тенк.

Керанов во својот текст во Германскиот Маршалов фонд пишува:

„Проширувањето на унгарските медиумски интереси во Северна Македонија, поттикнато од бизнисмени поврзани со унгарскиот премиер Виктор Орбан, стана сè поочигледно во последниве години. Преку стратешкото стекнување на клучните телевизиски станици и новински портали, влијанието на Будимпешта сега продира во јавниот дискурс во земјата. Двајца директори на медиумите, Петер Шац и Агнес Адамик, го оркестрираа купувањето на значајни медиуми, вклучувајќи ги ТВ Алфа, ‘Република’, ‘Курир’, ‘Лидер’, ‘Денешен’, ‘Економски’, ‘Вистина’ и ‘НетПрес’. Сите се усогласени со владејачката нелиберална и националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините водачи, вклучително и премиерот Христијан Мицкоски и неговиот претходник, Никола Груевски, кој е санкциониран според американскиот закон Магнитски.

Истрагите открија дека про-ВМРО-ДПМНЕ медиуми добиле индиректна финансиска поддршка преку рекламирање од унгарски бизниси. Оваа финансиска поддршка помогна да се одржат медиумските мрежи усогласени со Груевски, кој побегна во Будимпешта во 2018 година за да избегне казна за корупција и таму останува под заштита на Орбан. Присуството на Груевски таму е политичка изјава, која го поддржува наративот на Орбан за поддршка на нелибералните националистички лидери од други земји.

Со засилување на нелибералната и националистичката реторика на ВМРО-ДПМНЕ, медиумите во унгарска сопственост го поддржуваат и анти-ЕУ мислење во Северна Македонија, бидејќи партијата се противи да се спомене бугарското етничко малцинство во преамбулата на уставот, што е претпристапен услов на ЕУ. Ова придонесува за домашна средина каде што секој компромис со ЕУ е политички опасен.

Дополнително, хрватското етничко малцинство во Северна Македонија ја зголеми можноста за негово вклучување во уставот, што потенцијално претставува натамошни предизвици за Скопје во однос на правата на малцинствата. Ова го прави пристапот во ЕУ уште покомплициран и добро ѝ оди во рацете на елитата на ВМРО-ДПМНЕ, која се чини заинтересирана геополитички да ја репозиционира земјата.

Со промовирање на својот нелиберален модел на владеење, финансирање на националистички медиуми и заштита на политичките сојузници како Груевски и Мицкоски, Унгарија го зацврстува своето долгорочно влијание на Балканот. Овој пристап не само што им служи на нејзините геополитички амбиции туку придонесува и за пошироки политички промени преку зајакнување на нелибералните и евроскептичните сили во Југоисточна Европа“.

Во текстот на Еуроњуз понатаму се наведува и влијанието на Виктор Орбан во Република Српска преку нејзиниот претседател Милорад Додик.
Извор: https://nezavisen.mk/euronjuz-orban-kupuva-nacionalistichki-vesnici-vo-makedonija-za-da-go-shiri-vlijanieto/
 
Top