Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
6,056
9,730
113
Се шири иницијатива за мирни собири утре 18.03 во 18:00 часот, на плоштадите секој во својот град. Да видиме што ќе биде од тоа.
 
Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Ако сега не се стави крај на ова дивјаштво во земјава, нема кога !

Нека се градат затвори, немаме друг излез, еве ја се пријавувам волонтерски да учествувам во тоа, само цела плејада и армија на полтрони, службеници и криминалци да се сместат!
Цела администрација слободно нека се смести таму и сите приватни газди криминалци.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
19,459
6,701

Мое мислење е дека секој што ќе направи нешто незаконски покрај судење, притвор и затвор автоматски да му прекине работното место, да му се изгасне било која сметка во банка, за плаќање струја, вода, телефон, тв, интернет, возачка да му се скине, кредит да не смее да зема, забранет излез од државата. По излегувањето од притвор или затвор ваквата казна да му трае 5-6 години.

Или ќе се оправиме вака од корупција и криминал или нема воопшто да не биде како држава.
 
Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Епа дојдено е до гранд финал, како тука, така и во Срб - или ќе биде, или не.
Додуша во двете земји е идејата иста - промена на таа неказнивост и корупција. Но разликата е што таму борбата е контра една власт, тука е кон сите власти во овие 35 години.

Сега ако не се постигне нешто, нема кога. Доста беше. Сведоци сме на секојдневна корупција, мито, владеење на закон на помоќни и побогати, не може ова вечно. Едноставно не може.

Во Срб излезот е промена на власт, ама тука во моментов нема да е насочен народот кон промена на власт, туку кон некакви радикални промени, во превод масовни апсења и судења. Нема друго, масовно мора! Све, од прв до последен, од службеничката во општина до Министер. Сите.
 
Steff

Добро-Познат Член
34,630
46,206
113
Но разликата е што таму борбата е контра една власт, тука е кон сите власти во овие 35 години.
Па, и тука е речиси исто зошто...

... 35 години во Србија владеат исти фаци, СПС како најголемото зло беше речиси во секоја власт од 1987 до денес, со исклучок ете 2001-2003. Потоа или дадоа поддршка за малцинска власт или беа дел од власт.

Црвено-црна коалиција СПС-СРС-СНС начисто нѐ утепа.
 
Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Леле леле и здравство се разрешува, директори на болници
Опааа и инспектори
Оп, и дискотеки затворени
Хајмооооо

Само така, за овој башибозук само Паола Брачо, само така!
 
Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Ко што би рекла мојата комшика : Пепел. Пет пати ја сретнав денес и пет пати само збори Пепел има да биде
И толку.
Хахха
 
TVman

Добро-Познат Член
16,968
13,471
113
Како е Дани кај тебе во населба? Ги исклучивте светлата?

Јас не знам како нема сенс овој народ, се повикуваше за почит од 20 до 21 со исклучени светла и молк, да нема автомобили...а во моја околина на половина им гореше..
 
Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Има светла секаде.
Видов таков повик ама не беше воопшто промовиран според мене, па затоа луѓето не знаат.
 
Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Не ми се збори на оваа тема, но факт е дека одредени новинари својата политичка неопределба кон ВМРО ја истакнуваат овој период, иако нивните статуси, коментари по соц мрежи и говори поминуваат незабележано и се скрос непотребни. Ок е да се има критика и све, али факт е дека нивните лични несимпатии се очигледни. И непотребни. Исто и обратните на Алфа.
Нема да посочам никој, но видов статуси и коментари од новинари, уредници на Телма и ТВ 24 кои очигледно и си ги истакнуваат плус во нивните политички емисии. Затоа и кажувам. Значи Сител, Канал 5 и МРТ сфатија дека помина времето на Груевски и направија професионална промена што е за пофалба, ама одредени новинари од Телма и ТВ 24 чинам уште живеат со А1, Шарената револуција и Заев.

Погледнете бре како се однесува телевизија како Сител. Без разлика каква била порано, сега е друга приказна. И не за џабе ја имаат ексклузивноста овие четири дена во вестите, а и гледаност општо, не само сега, која е 4, 5, 6 пати поголема од онаа на Телма и 24, а со тоа и профити какви што има. Значи не е ради реда, сепак има ниво на објективност и професионалност, и тоа народот го гледа.
Исто и Канал 5 по неа.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
19,459
6,701
113
Како е Дани кај тебе во населба? Ги исклучивте светлата?

Јас не знам како нема сенс овој народ, се повикуваше за почит од 20 до 21 со исклучени светла и молк, да нема автомобили...а во моја околина на половина им гореше..
Не може секој да исклучи светла затоа што на некој и во тие моменти чсови му е потребно навистина светло. Како пример да речеме стари лица да исклучат светла? Ќе се сопнат, ќе паднат во темно. Да нема автомобили што возат тогаш е невозможно. Некој можеби има потреба автомобил да вози да стигне некаде пример болница да однесе некој, да носи нешто кај некого.
Болница и маркет како ќе исклучат струја или светла кога им е потребно за работа?
 
Најитно престани :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 
Beauty

Администратор
51,146
64,084
113
Лелелеее новинар го прашува Јавниот обвинител - Дали се знае која е причината за пожарот?

Леле доста од глупости аман!
Која била причината божеееее.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,968
13,471
113
И јас мислам дека полека е напуштена перцепцијата за Сител од медиум, сега гледам на Твитер сите ја напаѓаат Алфич која е ужас и полоша од Сител на времето.

Единствени критики за Сител е што им даваат простор на Пендаровски, Чупевска и слични СДСМ створови, ама за објективност мора.
 
Top