Наградни игри / Игри на среќа

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #1
Колку често ги играте? А колку пак често добивате? :) Верувате ли во нив?
Кои се вашите добивки од ваквите игри?

Што се однесува до наградни игри, лани кога MaxTV организираа гледање на СП во парк, бев еден од четворица што освои маичка од Телеком меѓу стотина души во првото извлекување.
Друго не ми текнува, веројатно и немам освоено. :haha:

Кај игри на среќа, од лото немам ништо освоено (а и ептен ретко имам играно), спортска обложувалница исто, а и исто ретко играм пошто ми е многу стресно исчекувањето на натпреварите. :haha:
На грепки имам освојувано пари доволни за да сменам за друга грепка. :rolleye:
На Бинго често оние 50 денари што ги даваат ако ти ја погодиле комбинацијата од последните два броја на серискиот број на картичката (или така нешто), исто така еднаш 13-ка на Томболино која верувале или не изнесуваше дури 70 денари. :haha: И толку. :)

Па, споделете ваши искуства. :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Јас и среќа на наградни игри 2 различни поими :haha:
Од прилепска пивара што имаше со капачиња на брат ми му падна цд
Еднаш 13ка на бинго и тоа имаше 7-8 добитници, а 13ката беше некои 120-130 денари. Инаку многу игри не играме па и за тоа не ни паѓа
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Единствено верувам во наградните игри на Скопска Пивара и Т- Mobile, од проста причина што мислам дека не ги местат. За другите сум со доза на сомнеж. Имам добиено маичка од Скопска пивара, дрес на Пандев од Т-мобиле, и други такви ситни стокови :haha: добивки
 

darko

Нов Член
182
0
0
јас баш во наградните игри на т-мобиле и т-хоме не верувам кога дават скапи коли, тел., тв.....

а тие од кока кола што се верувам - погледни под капачето :haha:
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Имам добиено мобилен телефон од кока кола и (дупната) топка од пепси. Инаку лото, бинго, грепки и слични зафрканции не играм.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Вистински баксуз сум по вакви работи.
Единствено имам добиено од Милка чоколадите пакет знам уште помал кога бев. Другото јок. :off:
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Заборавив на добивките од спортска. Најголема ми е 10.000 :haha::haha::haha::haha::haha: Пред 2-3 години се откачив од тоа зло:haha::haha: Па се сеќавам еднаш ни кажаа наместена утакмица ( па трчај да уплатиш цело друштво, лудо беше).
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #8
Спортска немам уплатено 2 години, а ако почнам повторно со тоа нема да ми се најде крај. :haha:

Инаку се мислам дали да уплатам Лото, вчера правев проби со досегашните кола на НовоЛото, за секое коло си правев по неколку посебни комбинации, еднаш дури и добив 5-ка. :haha:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #9
Играв денес Лото прв пат после неколку години и прилично се изнервирав. Фатив 3 броја во една комбинација, само уште еден ми фалеше за добивка од 150 денари (со што ќе бев во профит 90 денари, откако имав уплатено 4 комбинации што се 60 денари). :haha:
 

Developer

Член
65
1
16
Рулет спаќа во игри на среќа?Ако спаќа ондак редовен посетител на астра сум :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #11
Wow, вчера прв пат добив „поголема“ добивка на Лото, и тоа само во второто коло кое го играм по којзнае колку време. Фатив 4-ка со добивка од 156,50 денари. :) :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
20,010
7,147
113
на квиз еднаш добив награда четка за заби :haha: и тоа помал бев некаде 5,6 оделение и вртев некој број од памет и да сум ти свртел во тетовското радио Кисс и одговарав на прашање
 

Mulholland

Нов Член
382
0
0
Само некои незначителни наградички.
Имам добивано книги, маици, капи, на бинго по 50 денари и тоа е се :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #14


Интересна ми е појавата Гала Бинго, откако Државна лотарија на Македонија даваше безобразно ниска добивка за Бинго до 90-ти број (во 13. коло од минатата сабота изнесувала 43.733 денари(!), а колку за споредба пред 5-6 години на ТВ Бинго оваа добивка изнесуваше над 300.000 денари) и по огромната ерозија во продажба на картичките (види табела горе), на Лотаријата и' згусна па мораше да го „одврзе кесето“, така во последното коло веќе за Бинго до 90-ти број се добива понормална сума (140.944 денари), па еве и довербата на играчите повторно почна да расте.
Иако катастрофално е што само за 3 месечи половина од играчите ги изгубија, мене уште по првото коло.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Зошто воопшто се мачат со Државната Лотарија. Кој беше тој луд шо одлучи дека државата ќе заработи со лотарија? Или ќе заработи лотаријата, а тоа е крадење на своите граѓани (бидејќи лотаријата е државна) или ќе заработат граѓаните, што е непрофитабилна работа.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #17
Burrows напиша:
Падна првата „седмица“ на НовоЛото во износ од 346.000 евра:
http://www.loto.mk/vesti/default.asp?pk=31
Денес бев во Битола, а беше и последно коло на Гала Бинго за сезонава. Купив картичка од таму и фатив една линија - 88,50 денари.
Очигледно таму има магични картички што се продаваат, стварно имаат среќа во игриве. :haha:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #18
-Падна втора седумка на НовоЛото, повторно во Битола
-Се потготвува ново Џамбо Бинго (веројатно замена за Гала Бинго)
http://www.loto.mk/vesti/
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Не знам што се случува со градот, некој очигледно сите добитни картички таму ги истурил... :haha: :neznam:
 
Top