Наградни игри / Игри на среќа

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #43
Лол, срамота што после толку време постоење уште не можат да создадат Бинго бренд. Инаку интересно делува емисијава, претпоставувам ќе прават некое забавно-музичко шоу како што имаше на РТС пред некоја година (Песна и бинго), не знам дали уште има.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,915
7,065
113
Koлку Бинга до сега имала Македонија ? Знам и се сеќавам на Бинго ,Супер Бинго и нормално Џамбо Бинго .

Читав дека американците сакаат да ја купат државната лотарија на Србија
еве пишуваат повеќе интернет сајтови за тоа

http://www.24sata.rs/vesti/aktuelno/ves ... 0232.phtml
http://www.rts.rs/page/stories/sr/comme ... triju.html
http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/ek ... ku-lutriju
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
- Тв Бинго (Лотарија на Македонија, 1996-2003 или 2004) Водители беа Игор Џамбазов и уште една заборавив која беше плус еден маскиран зеко :haha: . Потоа се сменија водителите откако Џамбазов се префрли во Супер Бинго. Се емитуваше на МТВ 1
- Супер Бинго (Тутун Промет, 1999-2004). Водители Игор Џамбазов и Натали Грубовиќ, последните месеци Тони Михајловски откако Игор фати коцка. Дефинитивно најпопуларното и најатрактивното бинго досега, со многу игри и награди, дури и награда Патување во Дизниленд имаше. Се емитуваше на МТВ 1, последните месеци со Тони мислам на Сител беа.
- Екстра Бинго (Лотарија на Македонија, раните 2000-ти веројатно) Водители мислам беа Драган Вучиќ, а другата не ми текнува. Се емитуваше на Сител.
- Наше Бинго (Лотарија на Македонија, крај на 2004-2007), водител Игор Џамбазов. Се емитуваше на МТВ 1, последната година на Сител.
- Гала Бинго (Државна лотарија, 2011) Водител Сашко Коцев, телевизија Канал 5.
- Џамбо Бинго (Државна лотарија, 2011- ) Џамбазов, Натали и Маријана. Канал 5, па МТВ.

Имаше и Томболино од Лотарија на Македонија кое одеше на сител 2002-03???, можеби тука водител бил Вучиќ. А и околу 2003 имаше Супер Томбола од Тутун Промет со Џамбазов на МТВ 1.

Ете тоа би било тоа, за Лотоа стварно не знам од кога се емитува и на кои се' телевизии одело. А мајка ми ми има кажано дека во време на Југославија било многу популарно Бинго со Сузана Манчиќ, која мислам сеуште го води на РТС.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #46
Екстра Бинго го имаше организирано некоја независна лотарија и се емитуваше уште во 90-тите, прво на А1, па на Сител. Инаку не знам за Драган Вучиќ, ама знам дека водители на Сител беа Реџо Балиќ и Лила.

Томболино почна кон крајот на 2002-ра со Вера Јанковиќ, и потоа Лила. Заврши во 2004-та. Супер Томбола траеше ептен кратко, само во летото 2003-та и Тутун Промет го направија само за да се курчат дека и тие можат да имаат две бинга истовремено како и Лотарија на Македонија.

ТВ Бинго се емитуваше 1996-2004 и потоа на кратко се трансформираше во Среќно Бинго, за брзо потоа да почне Наше Бинго. Најголем дел од 2000-тите ТВ Бинго го водеше Ирена Спировска, за во Среќно Бинго да заврши заедно со Владимир Баришиќ (кој пред тоа беше водител на првата сезона на Дај побрзај).

На крај, само ТВ Бинго и Супер Бинго остануваат најпопуларните во македонската историја, со тоа што откако почна Супер Бинго ја зема популарноста од ТВ Бинго... И тука е peak-от на овие игри на среќа, од тогаш никогаш се нема вратено старата слава. Иако првите денови на Џамбо Бинго ептен зедоа замав.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,128
450
83
^

Не знам за Екстра Бинго на А1 Телевизија, но одлично помнам дека Драган Вучиќ беше водител на Екстра Бинго на Сител. Го помнам ова бидејќи татко ми освои касетофон на Екстра Бинго додека се емитуваше на Сител, а Драган Вучиќ беше водител. Сеуште го имам касетофонот, сеуште одлично работи.

И да, ТВ Бинго беше супер на МТВ 1 додека Игор Џамбазов беше водител, а откако Џамбазов почна да го води Супер Бинго на Канал 5 ако добро помнам, ТВ Бинго и понатаму се емитуваше на МТВ 1, но речиси како да не постоеше, бидејќи Џамбазов направи партали со Супер Бинго, во друштво со Натали, се разбира. Сеуште го помнам како ја пее Кога би бил богат за време на посебните изданија наречени Златно Супер Бинго по повод годишнина од бингото или по повод годишнина на Лотарија на Промет Тутун.

Натали е тука
срцето ми чука
така трака трака трака трај...
:haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,915
7,065
113
И јас се сеќавам на пеењето за Натали.
Во супер бингото излезе и изреката “Натали дај му на човекот„ кој театрално секогаш ја кажуваше Игор сред извлекување на бројките . Исто така и онаа наградна игра преку телефон каде од режија вртеа на луѓе и они требаше на Игор да му речат “ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО„ ,па паметам многумина што играа бинго се зафркнуваа кога ќе им се јавеше дома некој близок од фамилија или пријател ќе викнеа ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО ,а некои кога ќе им се јавеа од Бингото од трема забораваа на таа изрека велеа АЛО и автоматцки губеа награда .
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #49
Супер Бинго дефинитивно останува една од највлијателните и најпопуларни телевизиски програми воопшто во македонската историја. Таква титула може да се стави и за К-15, Милионер, и не знам дали има други. Ама не верувам дека во скоро време ќе се појави некоја таква масовно популарна телевизиска програма.

Инаку реков дека не знам за Драган Вучиќ, бидејќи не памтам, ама штом има повеќе луѓе што се сеќаваат очигледно бил. Ама Реџо Балиќ (мислам дека е истиот што го слушаме на Топ Шоп) и Лила Филиповска биле сигурно, а еве и доказ: :)

http://star.vest.com.mk/default.asp?id= ... ka=%40ivot
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #50
Dexter26 напиша:
И да, ТВ Бинго беше супер на МТВ 1 додека Игор Џамбазов беше водител, а откако Џамбазов почна да го води Супер Бинго на Канал 5 ако добро помнам, ТВ Бинго и понатаму се емитуваше на МТВ 1, но речиси како да не постоеше, бидејќи Џамбазов направи партали со Супер Бинго, во друштво со Натали, се разбира. Сеуште го помнам како ја пее Кога би бил богат за време на посебните изданија наречени Златно Супер Бинго по повод годишнина од бингото или по повод годишнина на Лотарија на Промет Тутун.

Натали е тука
срцето ми чука
така трака трака трака трај...
:haha:
:haha:
Хахахахаха, мислам дека беше преработка на оваа песна:
http://www.youtube.com/watch?v=RBHZFYpQ6nc
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,128
450
83
Burrows напиша:
:haha:
Хахахахаха, мислам дека беше преработка на оваа песна:
http://www.youtube.com/watch?v=RBHZFYpQ6nc
Да, беше преработка на таа песна.

Ова е преработката на Зафир Хаџиманов.

Но преработката на Игор Џамбазов беше поинаква, со спомнување на Натали во песната, се разбира. :haha:

 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,915
7,065
113
Денес ја слушнав рекламата за Бум Бинго на радио ,зборувше Викса . Дали тоа он ќе биде водителот ?
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #53
Лол, како да сме се вратиле во 90-тите.

 

Beauty

Администратор
52,311
66,029
113
Глупост, да се оди до Марков манастир ноќе за да се добие коктел.
Можеле во некој скопски ресторан да го направат тоа.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Зошто упорно се обидуваат да ги воскреснат ваквите игри на среќа? Целосно прегазени се и лотото и бингото од спортското кладење, луѓето мислат дека таму барем имаат реална шанса за добивка затоа што имаат впечаток дека самите одбираат, а не се наслонуваат само на чисти астрономско мали шански за среќа.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #56
Новово Бинго руши рекорди во извлечени броеви. Вчера се извлекле цели 51 броеви од вкупно 90, што е ненормално многу.

И по првите две кола продажбата е прилично ниска, со што стартуваше убедливо најлошо во споредба со останатите игри на среќа на Државна Лотарија на Македонија, а веројатно и во историјата на телевизиско бинго како игра во Македонија.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #57
Бинго Бум продолжува да руши негативни рекорди. Последните кола од оваа игра на среќа успеваат да направат продажба од нешто над 4,000 картички што е најслаб резултат од било која ваква игра на среќа во историјата на Македонија.

Во меѓувреме, како светла точка за Државна Лотарија на Македонија, Ново Лото во изминативе месеци рушеше рекорди во уплати бидејќи се акумулираше доста голем фонд за 7-ка. Откако конечно падна 7-ката пред некое време, уплатата се врати во нормала.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
После многу долго време вечерва гледав Бинго.
Се сеќавам порано мислам Супер Бинго беше кога бингото се паѓаше околу 35ти извлечен број, а имаше и случка и на 29ти број да се падни со поприлично високи добивки и автомобили.

Вечерва повторно околу 50ти број ( не забележав точно).
Бингото во вредност околу 37800 денари што е многу мала сума. 14 погодоци со сума нешто помалку од 1000 денари, а 13 погодоци со сума од помала од 100 денари.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Целата државна лотарија е чиста фарса, само преку лотото е еден легален начин да исцицаат пари од државата за партиски потреби. Се дигна голема врева кога и годинава, исто како и лани, падна лотото пред избори, нема потреба повеќе да се зборува.
Никоја игра на среќа нема да толерираше толкава мала продажба, само емисиите им се поскапи од приходите.
Се продаваат по 3.495 картички, а лотаријата работи со профит, ај кажете ми како е тоа можно?
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #60
Која брука е продажбава, порано ги укинуваа Бинго емисиите кога паѓаа под 10,000 продажба. Ни јас не знам како им се исплати да опстојуваат вака. Ама мислам дека откако ќе заврши овој fail, веројатно до крај на сезоната, долго време во Македонија нема да видиме Бинго.
 
Top