Наградни игри / Игри на среќа

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #21
Навистина. :haha:

Сега доаѓа ноември месец, да видиме што Кока-Кола ни има спремено за Нова година. :ehh:
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Баш за тоа зборувавме на факултет, празничните реклами на Кока Кола се симбол за Нова година.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #23
Интересно е што секогаш стартуваат први со новогодишна кампања, кон крајот на ноември. А пред да ги има рекламите на телевизија се појавуваат и празничните шишиња, за собирање на капачиња и добивање награди. Лани беа досадни, новогодишни чаши, сега да видиме што ќе понудат. :) Би требало за едно 20 дена да ги има во продажба.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Кога бев мал тие реклами им правеа проблем на моите, дека нели порано почнуваат и јас кога ќе ги видев одма плачев за да украсат дома... :haha: :haha: :haha: :mhhh:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Време никако не ме асоцира на доаѓање зима или еве сега средина на есен, а уште помалку на празници. Со рекламите ќе видиме што има ново за годинава макар што јас ништо немам собрано од Кока Кола
А за лотово интересно. Треба да скокнам до Битола деновиве по лото ливче :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #26
Мене баш ме асоцира времево на зимско, во попладневните часови не, ама затоа навечер... :mhhh:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,128
450
83
Missy напиша:
Време никако не ме асоцира на доаѓање зима или еве сега средина на есен, а уште помалку на празници. Со рекламите ќе видиме што има ново за годинава макар што јас ништо немам собрано од Кока Кола
А за лотово интересно. Треба да скокнам до Битола деновиве по лото ливче :)
Само едно ливче ?

Не заебавај, земи осигурај се, земи барем 5 ливчиња. :haha:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Јас да имам среќа на вакви игри и од едно ќе ми паднеше нешто
Пред некоја година на наградна игра од Витаминка кога се собираа Стоби флипс, Чоко стоби флипс, Сириус и Синтагма јас и братучед ми испративме 20 писма и не добивме ништо, а моите соседи испратија едно и им падна компјутер.
Инаку во последно на грепки ми се има паднато по 30 денари или нова грепка и на наредната ништо
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,915
7,065
113
Порано пробував да собирам капачиња од Кока кола ,ама ниако да ги дособера за да земам награда,знам неколку години веќе даваат чаши, а мене секогаш ми носеја чаши од Кока кола пошо имам во фамилијата чичко кој работи во пивара во Тетово ,али добро е да се проба среќата друго е чусвството кога ќе ги добиеш на награда

Сега малку се сменети работите се нешто наградните игри на среќа се со испраќање кодови по СМС порака,убаво беше порано писма кога се праќаа ,некако поинтересно беше и повеќе мотив имав да играм така наградни игри
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #30
Burrows напиша:


Интересна ми е појавата Гала Бинго, откако Државна лотарија на Македонија даваше безобразно ниска добивка за Бинго до 90-ти број (во 13. коло од минатата сабота изнесувала 43.733 денари(!), а колку за споредба пред 5-6 години на ТВ Бинго оваа добивка изнесуваше над 300.000 денари) и по огромната ерозија во продажба на картичките (види табела горе), на Лотаријата и' згусна па мораше да го „одврзе кесето“, така во последното коло веќе за Бинго до 90-ти број се добива понормална сума (140.944 денари), па еве и довербата на играчите повторно почна да расте.
Иако катастрофално е што само за 3 месечи половина од играчите ги изгубија, мене уште по првото коло.


Погледнете ја разликата меѓу продажбата на Гала Бинго и Џамбо Бинго.
На Гала Бинго врв во продажба и' остана првото коло, додека на Џамбо Бинго продажбата беше најмала токму во првото коло.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,915
7,065
113
денеска купив Дневник и имаше купонче ама не добив награда ,ај се надевам нареден пат ,ако не ќе ги испратам недобитни :)
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp? ... tegorija=5

„Скандал во Србија, откриена голема измама со телевизиски игри

Ниту еден од учесниците во игрите не ја добил ветената парична или друга награда. За да се создаде илузија дека игрите се фер во емисиите одвреме на време се јавувале членови на криминалната група, чија задача била да се прикажат како учесници, кои добиле награда.“

Тек кај нас ако се истражат квизовите, колку измами ќе се најдат. Навистина не знам од каде имаат таква храброст толку години да прават вакви квизови, и не знам зошто луѓето не се побунија.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #35
Ова би требало да биде record low кога станува збор за Бингото кај нас. Само 5.624 продадени картички и бингото паднало на 50-ти број. о.О

Во најлошите денови на најпопуларните бинго игри кај нас (ТВ Бинго и Супер Бинго) продажбата никогаш немала паднато под 10.000 картички (а врвот им е над 100.000, можеби и над 200.000).

http://loto.mk/bingo/izvestaj.asp?l=2013&k=21
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
На времето на Супер бинго паѓаше на 29-30 број максимум 35, а сега и на 50 не паѓа бонго. Ептен непопуларни се овие игри на среќа кај нас
 

Beauty

Администратор
52,311
66,028
113
Па полесно е да добиваат во казино или кладилница, отколку да чекаат Бинго или Лото.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #38
Кај нас сега се во експанзија обложувалниците и казината. Не знам дали имате забележано, ама најчести дуќани во Скопје (па и во остатокот од Македонија) се оние на Сенатор.

Рулетот е навистина заразен, ама и лесно се губат пари на него. Башка во овие „маалски“ казина, рулетот е електронски и шансите дека е наместен се огромни.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Обложувалниците ги заменија бингото и лотото. Попривлечно е самиот да си одговорен за тоа што може да добиеш, отколку да чекаш на чиста среќа.

Со оваа продажба, ако не беше државно бингото и лотото одамна ќе се затвореја.
Инаку памтам пред да се затвори ТВ Бинго со Ирена, баш ние купувавме и гледавме редовно, ми беше чудно кога доаѓаше до 12 000 картички, после почна до 8 000 и го прекинаа.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #40
ТВ Бинго како што се сеќавам никогаш не падна под 10.000, ама и најслабите 14.-15.000 што ги правеше беа многу ниска продажба на времето. Потоа нешто направија промени, го преименија во Среќно Бинго и пак се вртеше на истата продажба, и кратко по промените повторно направија ребрендирање во Наше Бинго, го донесоа Игор Џамбазов по неговото фамозно бегство и колку-толку го вратија во живот бингото. Ни Наше Бинго немаше паднато под 10.000, а рекорд им беше околу 50.000 дупли картички на 31.12.2004 кога даваа доста јак џек-пот до 90-ти број.
 
Top